Сега скоро јас и вратив на една што ми честиташе дека е машко бебе. И викам а бе мене ми беше сеедно што е, пошто веќе имам ќерка, а тоа ми беше многу битна работа во животот.
@Tedyyy , ич да не те ремети простаклукот од едикојси, секогаш ги имало и ќе ги има. Мене ми е глупаво шо е прва бременост, па и било која и да е.. се преговара за пол? Човече. Нам шо си ги носиме нѝ е најважно да ни се здрави прави живи, шо има врска полот?! Ама првпат те гледаат трудна уште па си земаат за право за полот да коментирале...хах! А зошто дотичната да ја прашаме, шо пол е?? И мене еден коментар од свекрва ми ме чепна во врска со пол, иако таа ништо лошо не мисли и не е лоша жена, фина и прибрана е, ама сепак неминовни се коментари за полот. Кога им кажавме дека сум бремена ( во 4ти месец дури) и потоа следуваше прашање - знајте пол? Да, велиме, ама не кажуваме уште. И си почнаа двајцата (свекор и свекре) Таа- јас сакам женско ( дека веќе два внуци има) , свекор -ај прво машко после женско... Инаку синче е. Ах желби хахахах, ами ај да го нарачав од негде...Ем прва бременост ми е, претходно се истрауматизирав со вонматерична, со вадење канал и сега уште желбички за полот...Јас само на тоа вратив - А што е битно? Дете е и едното и другото. Наше дете. Баш ко шо рече @Dikinzi , не давам да ми го чепнат, ако не им чини. Заштитничкото одма се појавува.
Ние кога соопштивме дека сум бремена, свекорот одма ме праша каков пол е. Јас бев само 6,7 недели бремена. И после некое време кога ни соопштија дека е девојче им кажувам, и он вика како девојче, нели рекоа дека е машко. Викам не, никој такво нешто не рече. Бидејќи он голема желба има за машко дете. И јас сакав син, ама девојкава за ништо не би ја сменила. И само чекам нешто да ми префрли, ајде второто машко, ќе му кажам вие од 3 пат добивте син. И полот воопшто не важен. И кога некој ќе ме праша од муштерии демек ајде второ машко, ме вади од такт, е од инат ќе си родам 10 ќерки.
Ич не се замарајте и не се објаснувајте. Па на комшии им се правдате, баталете ги таму. Таков коментар ако слушнете, кажете им само пријатно, муабет нема што да се прави воопшто. Ниту има потреба од инат терање ниту од докажување. Насмевнете се и со глава горе заминете си, нека останат со простачките муабети меѓу себе. @Starlič На муштерии не си должна да им кажуваш пол, штом те нервираат коментари, речи не го знаеме полот. Не дозволувајте другите да имаат право сè да ви речат и да ве нервираат, ич да не ви е гајле.
Честитки мила, живо и здраво да ви е бебушчето, заедно со мама и тато, а тебе побрзо закрепнување ти посакувам!
у Верувај уште има такви луѓе што сметаат дека едно машко мора да има во куќава,тоа останувало за дома.Уште неможа да заборавам свекрвами уште со првото кога останав бремена кога рече ако било машко не зна од колку кг брашно ќе месела мекици,но родив женско и мекиците се купија.Не дека мене нешто ми значи тоа но со самото тоа се гледа колку вредност му даваат на тоа ако било машко.Џабе сега оди само по ќерками и вика дека нејзе најмногу ќе ја сакала,али тоа е више друга тема.А мене ми е сеедно само здрави и прави да бидат,а што се воопшто не се замарам,да можам и 10 ќерки би родила.
Мене кога ме прашуват за пол им кажувам шо сака нека е само да е здраво и живо. Баш и не се замарам со такви прашања оти и не ми се битни. Мои си се децата машки или женски. Сега и второто е женско и ајде на трето ќе одите па машко ќе биде. Јас им велам одма здравје бе, ако треба и на четврто ќе одиме Уживајте си не се тие некои страшни прашања, таткоми се тројца браќа, кога сите се ожениле бабами рекла сега имам три сина и три ќерки. Кога почнавме да се раѓаме ние братучетките, три женски и дедоми сакал внук, па кога мајками го роди брат ми дедоми не поверувал хахах рекол тие моите синови само ќерки прават хаха смешки. Брат ми го носи името негово, а јас понекое непишано правило најомилена внука му бев. Секое дете си е со ксмет и сите деца се мили и за бабите и за дедовците. @Adams леститки за синчето. Големи да растете
@Adams честитки!!! 100 години да сте среќни и весели заедно! Честитки и до другите нови мамички на кои не стигнав да им честитам!!! Јас решив да пијам кафе секој ден, и така имам низок притисок и мислам дека малку ќе ме опраи. Бев сега си го земам боловањето и попатно да му ги земам резултатите на мм од крв. Шеќерот му е покачен од стрес и знам дека најмалку половина му е од мене. Колку и да сме јас, дете и бебуш приоритет, знам дека не му е лесно со нас и ептен ме фати жал. Сега мислам како да му надокнадам. Во однос на други труднички дешавки, стандард ситуација. Отечени нозе, хормони на тројка, умор и слични глупости. Во петок одам да одберам доктор во ГАК кој ќе ме превземе од матичната, дека таму ќе се пораѓам. Ме интересира од другаркиве што ми се по термин, дали некоја планира да се пораѓа во ГАК? @ssweety @PinkGirl* @*Dariceto* @Suzzicka @Bonnie Top @Tinkerbell11 @Sesil @rainbowmama
Здраво и од мене, да ве поздравам на кратко само @Adams, Сон и сите други тазе мами, нека ви се живи и здрави бебушите, големи да растат Нас не’ нападнаа вируси, малата тргна во градинка и не можам глава да кренам, па не пишував да не расипувам расположение. Јас сум за никаде, испозатната, кашлам, се мрсулавам... А во понеделникот сите тројца дома се разбудивме со стомачен вирус. Хаос ни се случува, верувајте ми многу е тешко да си бремена, плус дома со еден тодлер кој допрва се адаптира на градинка и закачува се и сешто, и е закатанчена за мене како новороденче. Бара само со мене, само во раце, само јас да ја шетам, само со мене да спие Правам се’ да и’ угодам, ама жал ми е за бебево во стомак што не му се посветувам со доволно сон, правилна нега, исхрана, витамини.. Едноставно не стигнувам, ама Господ ми го чува Ми се вришти, сакам да побегнам негде Битно втор скрининг помина, супер е бебуш и покрај тоа што не водам сметка за себе како што треба. Дури и понапредно е, девојченце на мама Пола пат го изодев, уште пола остана за да си ја гушнам конечно. Фала му на Господ што се’ е добро, дури и мавташе додека ги броеше докторката прстињата Имајте убав ден мешковци, и чувајте се
@Adams Браво мајка, ме радува што лесно си поминала! Живо здраво весело јуначето! Не ми се верува дека во денешно време уште се коментира за полот на бебињата!? Знам дека има родители што се разочаруваат ако премногу сакале еден пол а добиле друг, тоа и некаде ќе го разберам (ок не баш зашто на мене лично моментално ми е приоритет да е здраво бебето, и не знаеме пол а 33та нед. сум), ама да префрлаат и коментираат тетки стрини комшии... Апсолутно не можам да сфатам. Инаку јас сум активна, шетам низ град и во природа, вежбам, ама вчера низ маало одеднаш така тежок го почувствував стомакот, почна да ме боли половината како некои предменструални болки и се уплашив малку, пет мунути откако излегов барав место да седнам. Се вратив дома слушнав срценце на домашниот мини доплер, звучеше ок па се потсмирив. Се надевам не решило бебе пред време да не изненади. Поздрав мамички имајте убав ден.
Како јас да се читам , 3ти месец бев .Во сред лето и јас и дете болни . Јас со ларингит ,темп,фатен глас,носот ми течеше ,кашлав како луда а бе хаос ! Кашлав мнг , и тоа ме ставаше во мисла за бебето.... Детево болно а кога е он болен најтешко ми е.Како и секоја мајка ! Плус мачнини од бременоста кои не беа страшни ама ги имав . Мислев дека ќе полудам колку ми беше тешко и само си плачев де за дете , де за бебето во стомак и на крај за себе .Си се жалев Ама фала богу помина се е во ред сега за сега . Така да само господ да не чува во тие моменти , друго нема што да се прави . Побрзо да оздравете и да се вратите во нормала
Мила по грешка си ме цитирала,тагни ја Адамс. Јас уште пол ме знам Ама убаво звучи честитка,признавам
@Sexybaby86 мојава тодлерка не тргна во градинка, па пак и ние закачивме се' од вируси и бактерии што има по градов, месец и кусур не можеме да се опраиме. И ист случај како кај тебе, и мојава е залепена ко фластер за мене, дење и ноќе. Навечер се бута во мене и ми спие на рака. Кај имам редовни болки од бременоста, па и раката и рамото не ги осеќам. Сакам да ти кажам, како поминува време ќе биде полошо . Се зезам, со лесно нека ви поминува, се' ќе издржиме за љубов.
Јас лесно поминав со полот, зошто свеќи ме бранеше. Таа многу се лути од такви коментари за машки женски деца. Што и да е, живо и здраво нека е. Ама нејзината ќерка (золва ми) ептен лошо си помина со второто, дури откријат дали пак ќе биде девојче. Значи и правеа како таа да е виновна ако е девојче, како да може она по нарачка да го одреди полот. Добро е што се роди машко, зошто не знам што ќе се случеше. И замисли маж и (зетот) мене ми вика Машко ако е ќе не гледа, ако е пак девојче ќе нема кој да не гледа!!! Викам што збориш бре? Значи јас и сестра ми оти сме две женски на мајка и татко нема да си ги гледаме родителите??? Абе не не , ама друго е? Што е друго бре? Јас знам мама повеќе ги гледаше нејзините родители отколку вујко ми, иако вујко ми живееше со нив. Си нема везе машко женско, до карактерот на човекот е дали ќе си ги гледа родителите или не. И му викам, сакаш да кажеш ако твојот син одлучи да си ја бара среќата во друг град или друга држава ти ќе му забраниш, зошто ќе треба да те гледа на стари години. Себично! А што е најтрагикомедично, помлад е од мене 7 години и со вакви сфаќања. (а да не почнам дека се што ќе створел за синот ќе одело, зошто нели ќерка му женско било....)