Јас ќе се пораѓам во Систина, но мојата глувчица веројатно ќе стигне порано примив една доза на зреење за секој случај и во вторник сум на контрола да видиме до кај сме. Се уште сум на бед рест ама се надевам од следната контрола веќе ќе можам да се движам зошто колку толку ќе бидам во безбедна зона. Што се однесува до трудничките денови, ми проаѓаат релативно добро немам некои посебни тегоби освен што почна да ми тежи стомакот и едвај се вртам во кревет )) психолошкиот момент не го коментирам зошто секој ден е борба, но и тоа се контролира. Се трудам да се држам, а како се наближува времето ми се влева се повеќе страв во коските
Мешиња јас секој ден сум тука со прашања и рапорти.. Од синоќа почнав да ставам макмирор вагиналети поради кандида, но утрово како повеке да ме чеша, дури и да ме боли.. повоспалено се чуствувам.. непријатно чуство.. се мислам да ги прекинам.. дали е некаква алергиска реакција нз.. на база на нистатин се не сум имала проблем до сеа освен со канестен на нив така ми реагираше како воспаление..
Ставав јас некои на база на нистатин, 6 вагиналетки беа, три дена откако ги завршив пак почна чешање и кренав раце веќе.
Еј дури сега препукав Пишев пред малку дека не се замарам ако ме прашат што е бебето. Идат две госпоѓи стални се кај мене на работа у бироми полно беше со луѓе. Од кога дознаа дека сум бремена нонстоп ме прашуват нешто.ок знам што и како да им кажам. Денес ме прашува едната КОЛКУ ТЕШКО Е СЕГА ДЕТЕТО?? ЈАС ВЕЛАМ КОЕ ДЕТЕ?? ПА ТОА У СТОМАКОТ. Леле само и реков не е важно и не знам тоа не се прашува, не сакав да се расправам многу дека полно беше со народ и останавме со колешката во неверување. Дури еден маж рече простив глупоста неможеш ништо да направиш!! Утре секако ќе ја видам и ќе и речам ако толку се интересира, следниот пат че ја земам со мене на контрола па нека го праша гинекологот се што ја интересира видете како некои луѓе минат граници!!!! На грешка човек налетаа
еве и кај мене ама и воспалено ми е цело веќе нз шо да правам.. да не си раат.. со чај ми вели докторкава да не се мијам ..
@Vanessa9li Знаеш ши велат старите: Ако сакаш да изгубиш нерви имај си ќерка, ако сакаш да останеш без пари имај си син. Се е до карактер на ќерката и синот. Не е правило тоа.
Трудници, тие што имате зимано Дабростон до кога го пиевте по препорака и дали ви се случило да заборавите 1-2 пати да не испиете по ред?
Ај и јас да се пожалам малку, синоќа мн ме болеше одоздола и јас точно не можам да одредам што, но најверојатно карлицата но само од десната страна, некаде каде што е прикачена ногата одоздола и се слушнав со докторот затоа што беше неиздржливо и неможев да се движав нормално ми се укочи како парализирана да сум.. ми рече докторот кетонол и диазепам двапати од по 2мг, синоќа се напив и од сабајле само диазепам, ми попушти болката, подобро е ама мн сум омалаксена и нон стоп жедна 2 л течности имам испиено и уште ми се пие, устата ми се суши како да сум дехидрирана. Дали е можно од апчињата да чувствувам толку жед? Инаку 23 недела сум
Мене почнаа да ме прашуваат зошто уште не сум земала боловање (зошто сум била при крај, голема сум била ). Викам има време, сега во осми треба да влезам. Да се чудиш, не верувам во уроци и такви работи, ама кога слушаш нон стоп голема си вака онака потсвесно не дај боже почнува и самото тело така да реагиа. Дури и докторот, не се движи многу многу да не родиш предвреме, да не ти пукне водењакот. Му викам Што ти е?? Ја ќе го носам буци до термин, какво предвреме. Не потребно ме ставаат во мисли...
Jaс не, не сум ни од Скопје, едино ако нешто се искомплицира па да мора таму. Што се однесува до коментари за полот, ако некој ме праша велам дека во денешно време се чека да порасне детето па само да одлучи и толку од глупи коментари и прашања
Јас сум 27 недела и сеуште го пијам.. го прекратив еден ден почуствувам болка во карлица па за секој случај и поддршка си го пијам подобро да го пијам нема штета од него.. иначе ако заборавиш да се напиеш си продолжуваш исто со шемата не земаш ни повеке ни помалку.. не е страшно ама гледај да не е пречесто заборавањето.. да не е секој ден
До 25та го пиев и ми се случило да заборавам две едно по друго а сигурно некогаш сум испила 3, наместо 2, си имав шема да ги појам сабајле и навечер ама се случуваше да ги утнам термините. Да не ти набројувам колку терапија имав за пиење во тек на еден ден, јас сум среќна што и толку успеав да сум доследна