Sanjickac, мислам дека лошо те информирал докторот, јас пред неколку дена разговарав со матичната на оваа тема и ми рече дека треба да се внимава на тој термин од 28 дена затоа што ако го утнеш ке ти пропаднат тие денови, ама само тоа и толку, не дека мора од тогаш да си на боледување. Мој совет ти е да прашаш друг лекар, поздрав и со лесно
Мамички јас овие неколку денови имам страшни киселини. Аууууууу цело грло и црева ми се топат. Посебно навечер кога си легнувам. Гледам да јадам ии грицнам навечер нешто но ништо не помага. Досега немав никакви киселини. Кажувајте некое чаре зошто едвај се издржува. И куковите ме болат не можам ни на лева ни на десна страна да спијам. А само до пола пат сум.
Сањичкац, немој да се секираш ама ич. И мене така ми зборуваа за првото дека мора 28 дена пред термин бла бла бла... тоа е стар комунистички закон кој не важи повеќе. Боледувањето можеш да го отвориш и на самиот ден на породувањето. Јас на пример на раб одев до 10 дена пред термин, потоа земав неколку дена одмор и оп се породив и боледувањето ми е отворено од кога се роди Буцко. Кај тебе е уште поинтересна ситуацијата затоа што немаш ни 6 месеци стаж. Седи ако можеш на раб додека да направиш 6 месеци па после со одмор некој ден да догураш до терминот и откако ќе ти се роди малото отвори го боледувањето. Така и повеќе 1 месец ќе си поседиш со детето дома... Поздрав
еве јас баш сум сега на боловање и тоа мозе 45 ден пред термин уште да се отвори па до док да се породиш мозеш да го отвориш ако сакаш,јас на пример немозам веке да одам бидејки ми е мн ладно на раб и мн настинувам и затоа го зимам толку рано,знаци од 45 дена па натака мозеш да го земеш кога сакаш
Здраво и од мене, имам едно прашање кое ме мачи по малку. 14та недела сум, и понекогаш(не редовно) имам маали болки во пределот на јајниците, лево и десно, долу по стомакот, како бодежи но не чести. Други болки или некакви симптоми немам единствено ова ми става мала грижа... Ако има некоја одговор, благодарна би била.
ништо мајче, немој да се грижиш...тоа е нормално, се шири матката за новиот член ...пиј магнезиум и одмарај повеќе...
Душо ништо страшно. Тоа е од што ти расте матката, а и бебуш си прави место си расте. И јас така прашав тука и мене исто така ми беше бодежи имав. Но, прекрасните феминки овде убаво ми објаснија дека расте матката. Ако те загрижува толку тоа кога ќе идеш сега на следна контрола прашај си го матичниот дали да пиеш магнезиум, или веќе пиеш? Или јави му се на матичниот гинеколог ако имаш дилема и се плашиш најдобро ќе ти каже, но според мене не треба да се плашиш тоа е поради тоа што расте матката се шири. Јас овој период пак имам грчеви скоро секој ден. Пијам магнезиум една шумеча таблетка на ден и подобро ми е. Читам дека некогаш грчеви се појавуваат поради недоволно калциум па препорачливо е да се пие една чаша на ден јогурт или млеко. LaDyDoLl уживај гали си го мешето. Поздрав !
^ Тенкју многу мајки, не сум голем паничар ама срце јуначко, не може да не праша. Не пијам магнезиум,резултатите од крвта и мокрачата се супер, петок ќе носам резултати од Приска тест и ќе и напоменам секако. Е млеко не пијам(знам дека правам грешка) но се трудам во текот на денот да внесам некакви млечни производи, јогурт, павлака к.млеко.
E duso toa sto ti go osekas sega site nie go pominavme..normalno e toa da te bolat jajnicite,doprva ke imas grcevi mozebi slabi bolki vo polobina ikicma..ne treba toa da te zagrizuva sosema e normalno..se dodeka bolkite se slabi e vo red..ne se plasi pozdravce..se uzv za lat.od mob sum
Јас сум 6 недели бремена, и не чувствувам ништо, немам ни нагон на повраќање, ни вртоглавици, освен многу ми се јади кисело нешто, особено зимницана што се прави, крстајчиња, карфиол такво нешто. Епа сеа ми беше. до пред една недела ништо не чувствував, ама оваа недела одвреме на време мааалце, многу малцее ме жегнуваат јајниците, како што кажа LADYDOLI, немам болка па да се превиткувам ама еве ова ми се случува, незнам зошто...
И друго прашање имам што носите за низ дома, јас трењеркиве што ги носам некако почнаа да ме стегаат подстомаков, со низок кутел ми се, а другите со висок кутел и тие неможам да ги носам, горе кај желудникот ме стегаат :/
bebeto душо како што и пишавме на LaDyDoLl така и тебе ќе ти пишам дека ти расте матката ти се шири и затоа имаш болки така во јајниците како пред добивање нешто така на лик се болките јаки болки. Ништо страшно нема место за паника. Пиј магнезиум консултирај се со матичниот гинеколог и фолна треба да пиеш. Јас пак ниту повраќав ни ништо. Се си јадев не бев лакома многу, не можев само сувомеснато вториот и третиот месец да поднесам ми се гадеше, но не повраќав. Еве 20 недела сум и до сега ниту еднаш не сум повратила. Што значи, секоја бременост е различна, може ќе повраќаш а може и не. Нека не те плаши тоа. Биди среќна ако не повраќаш и бидеш во тие 20 % бремени женички без гадење и повраќање. Мене ми се гадеше насабалје само еден саат кога станував за на работа вториот и третиот месец, не ни јадев многу онака само да каснам колку ради-реда. Сега исто пак си јадам најнормално не сум се уште лакомо. И сум (да си се пофалам) само 3 кила поправена (да речеме сега за сега, а допрва ќе видиме забава је тек почела). Првите месеци и многу спиев мнооогу ми се спиеше. Четвртиот месец ми се врати енергијата која претходно ја изгубив и си бев супер. Е сега сум петти месец и веќе бебето го осеќам како мрда, осеќам болка во кичма (бидејќи работата ми е 8 саати седење), осеќам поголеми грчеви. Но, што е тука е. Битно бебувчињата да ни се во ред дај Боже. Јас носам тренерки, а некогаш и хеланки зависи како сум расположена. И одозгора со блузичка некоја широка. А тебе ако те стегаат ќе си земеш да си го попуштиш ластикот од тренерките ако можеш. Или пробај хеланки земи си. Поздрав !
фалааа многу, да баш такви се како пред добивање и страв ме фати малкуу.. на 11ти одам на гинеколог да го слушниме срцето, дај боже се да биди во најдобар ред
Добар ден девојки,ние само што се вративме од болница,бевме на контрола цтг и ехо.Докторката вели дека е се како шо треба и дека нема потреба да одам секоја недела на цтг освен нормално ако осетам болки.Бебушка е во ред,плодова вода има и такааа... Значи останува само да чекаме
Што да правам ко ќе имам тегоби во желудников? Тоа ми се случи пред 2 дена и денеска еве, не сум изедила премногу, денеска изедов 4 кифли за ручек и сиренце ова ајварче, сакам да кажам не се изедов многу храна.. Што мислите? И постојано ме тера стомаков да го опуштам скрооз и да лежам, седната неможам да функционирам баш најдобро...
До каде отиде простотилакот и безобразлукот во Скопје? Денес во автобус никој не ми стана, една женичка која стоеше до мене гласно искоментира: "а бе срамота никој не станува на трудна жена"?! Луѓето и глуви бе, леле колку сме значи прост народ, да се фрли една бомба овде и да биде крај на простотилакот Имено да си кажам, преку таквото ми е веќе од прости муабети, од фолирања, од глупости читања. Во темата Бременост се отворило тема "Бремена жена не смее да краде". И такви паганизми и глупи верувања и муабети не практикувале нити античките племиња да му се сневиди. Ми иде и да плачам и да се смеам од проститилакот македонски. Дајте бе луѓе размислувајте и делувајте малку помодерно, погледнете малку подалеку и од сопствениот нос и не туку тресете глупости, користете ја попрво главата него ли устата. Сепак форумот е начин да се научи нешто а не да се затупат сетилата и разумот.
Денес бев на контрола, се е во ред со бебушко, сите ми се смеат кога ќе им кажам колку сум се исплашила за кафеавиот исцедок, ама ако, нека ми бебе како што треба па колку сакаат нека ми се смеат . Правевме испитувања за даунов синдром, бебушко не застана ни за секунда, докторката се изнамачи за да го измери , дури и ни мавна со рачето, како да знае дека го гледаме, сонце на мама . Е сега ме збуни докторката. По оние табели што ги најдов на нет и по тоа што ми го рече матичната мислев дека сум 12 недела + 2 дена - значи 13 недела, а сега кога го измерија ми рече дека сум 13 недела + 2 дена - значи 13 недела ( не е грешка во куцање и по двете сметања сум 13 недела) и сега ме збуни незнам како да рачунам