@Sexybaby86 побрзо да ви поминува на сите дома. Овој вирус многу страшен испадна. Читајќи ве за Флостерон, до сега не ми спомнале бидејќи се е ок во тој поглед(според докторите), јас уплав имам. Јас имам 2 години тахикардија и пијсм Верапамил 80мг. И си викам ако не дај боже притреба Флостерон, што ќе правам јас со тахикардијава?! Ќе ми откаже срцето, не дај боже. Денов ми е тежок, претежок. Пак со 38 тт. Ама толку болки во мускули имам што плачам, буквално плачам кога треба да станам. Можам само на една страна да лежам. Вирусов ме уби. Па и на градите ко со нож да ме сече некој. Се надевам ќе помине брзо. Се надевам ќе биде ок до пораѓај. И да ве прашам др. Ѓирески и др. Ѓорески се двајца различни доктори на ГАК?! Кога бев во Понеделникот на врата пишуваше Ѓорески, а на извештај и другите му се обраќаа со Ѓирески(Влатко) ?!
Прв пат слушам за кантарион да се користи, ако имаш зелено светло од матичната, кажи ми за да си имам на ум
Не знам како да ти помогнам со настинката, верувам користиш и правиш се што треба, едино да стиснеш заби и да издржиш уште ден два
Ај пробај по едно зрнце дневно чисто какао. Го имаше во биокулт, сеа не знам каде можеш да го најдеш. Иначе можеш помалку од една рака аронија да јадеш, семе од коприва, боровинки итн, има по форумов доста за зајакнување на крвта .
абе пред бременоста си ставав обавезно или тампон натопен во кантарионово и да го ставиш мн помага.. ама сеа мојава не ме пушта нишо да ставам ни со чај од камилица да се измијам демек ке влоши ама сеа ке се измијам со послаб чај не се издржува
Чајот од камилица не штети, напротив помага. Можеш да се измиеш. Се имам консултирано со гинеколог и одобрува. Само да не е многу топол, онака млак, колку да не е скроз ладен. Одма ќе ти олесни.
Јосиф(Јоже)Ѓорески.Многу го фалат.Кој др ќе го одбереш?За настинката консултирај се со гинеколог.Сигурно нешто смееш.
абе и јас мислам неможи да има галје на бебиња со камилица очиња му мијат ако имаат бактерија па за ова .. се измив сеа ко да ми подолесна уште имам.. си велам и маст да ставам..
@Miss.N пробај со вода и сода да се миеш . И тоа помага. И убаво пребриши се за да биде суво пред да облечеш гаки Мојава матична рече дека ако имам печење може и канестен маст.
Фала ти мила Се правам и пијам за да помине, ама нејќеСе надевам дека утре ќе е ок, многу се надевам @Miss.N и мене гинеколог ми рече може промивка со млак чај од камилица
Е тогаш друг доктор беше овој. Не знам да ти кажам, немам избрано доктор. Со првата бременост не знам кој ме пораѓаше, повеќето беа акушерките. Не видов ни на документите. Јас читсв и за таа докторка Елена Николова Ѓорѓиевска(мислам така беше), имаме исти познаници. Па ќе видиме. Инаку пијам антибиотик, парацетамол и природниве работи, ама ме држи уште. Добро е бар кашлицата ми потпомина. Е да, вчера мајка ми ми кажа лек за кашлица. 1 чаша Кока Кола да се стави да шпорет, да проврие 1-2 минути и да се пие топла. Јас пиев синоќа и дали е коинциденција или стварно помогна-денеска не кашлам толку.
Немам мака со притисокот низок мие денес 90 со 60 беше. Јас сум 31+3 инаку на приватно одам во Систина а инаку сум од Кавадарци па тука одам на преглед кај матичната ,па ме испрати на интернист,инаку мрднува така по малку ама не е како шо беше.а утре ке го повторувам цтг обавезно благо и к кола да го разбудам малку.
И јас ставав од тие и плус Видермина Пробиотик вагинални и пак ме чеша. Напорна е ова кандидава како да ја откачиме?
За облека за трудници, на инстаграм следам една страница Nena Exclusive Maternity. Имаат и достава - 150 денари. Отворете ја, нарачајте, потрошете некој денар Од облека имаат хеланки, фармерки, џемпери долги, блузи ролки -сѐ. Јас сакам од оние фармерки целосни, како со прерамки. Ама во ваикики само огромни броеви останати. Бар во нашиов- охридскиов.