@Andonia ќе се најадеш убаво, па после и кока кола и благо. Јас сега кога бев во Неделата и Понеделникот(исто бев 31+4), не знам колку пати ме прашаа дали сум јадена! И друго ми рече докторката од ГАК, вика за оваа недела бебето секако е мало и не се прави цтг пред 36та недела, така да вика и не е толку многу страшно што е ко успано. @Miss.N мене кога ме чешаше така ми рече др. дека од Утрогестанот ми е и ми даде крема за надворешна употреба Антифунгал. Мене ми помогна. Прашај си ја докторката утре за неа, безбедна е во бременост
и јас пробиотик пијам цело време промивки правев на гинеколог и пак исцрдок и еве со едно апче од овие ми се влоши многу.. многу е досадна и непријатно е вака ко ке се довоспали.. а нз зошто од овие вака ми изреагира..
не сум ја слушнала до сеа но ке ја прашам.. имам нистатин маст моментално од неа ќе ставам да се подсмири малку.. лудило да те фати со јадеживе стварно се мачни..
Знам те сфаќам, посебно па кога си ограничен со користење на масти/лекови. Ама прашај ја. Инаку и друг совет од гинеколог- намали скроз благо, тестенини, промивки со камилица, носи памучни гаќи и широка облека. Тоа ми го кажа за кандидата
Да внимавам и на тоа ама ми се собра и од антибиотиците последно со сумамедот.. и треба повеќе јогурт да внесувам.. си сакам кифли лиснатици и нив треба да ги исфрлам целосно.. се си има удел
И јас поминав двапати настинки во бременост, двапати со антибиотик зашто покажа бактерија на брис. Вториов пат со долга кашлица од која почна да ме боли стомак. Општа докторка ми рече дека смејам се што е народен лек, особено кромид, во салати и во супи. Плус се инхалирав со инхалаторот од малото и пиев сируп што е дозволен за трудници, ако сакаш утре ќе видам кој беше, ако ти поминува веќе и не мораш сируп. Течности налевај се за да се разводени секретот и прскај во нос интензивно ако ти се слева секрет од синуси. Многу мачно поминав и на сите стресови капак ми беше, од тогаш го пазам малиов ептен да не префати нешто од болни деца а и јас се пазам повеќе. Бебињата во стомак се заштитени колку толку ама знам дека ако не се лекува може штета да им се направи, затоа колку сум против антибиотици, во бременост без размислување ги зимам и мислам дека подобро е да се испие една доза барем да се спречи дополнително комплицирање. Ќе помине и ова не се секирај
Мами мене од 6 ме разбудија силни болки, во кичма и како јаки мен.беа. Отидов во тоалет имав лигав исцедок со крв Можно е да почнува процесот?
Ајдеее со лесно мајка, за брзо гушкање. Мери на колку време се, и полека во болница Сите од октомври полека ве испратив, јас ќе си почекам.
Зошто камилицата би влошила работа, нели е чај ..на природна база. А ја па претходно ако имав некој проблем, на влошка си ставав бело винце, или ракииче топло..а за кантарионов не сум знаела, иако знам дека е многу лековит, фала за идејава
Покрај дечињава наши, ( а моево и во градинка оди), од ново си закачуваме вируси што ѓи немаме прележано на времето,е сега финтата коа си труден е што не смееш ништо, а коа не си имаш избор..вакви апои накви апои, цефалексини, риностоп бла бла, а сега го прележуваш вирусот ама баш школски, го прележуваш и крај за него, а пошто на денешно време одма медицина лапаме..не е ни чудно што сме со толку слаба крв, и имунитет.
Женски, од фемибионот 1 имам уште за денес а сум 11нед и 4 дена. Не знам дали да си земам за од утре пак фемибион 1 или да продолжам со 2? Единицава е за до крај на 3 месец нели, а јас крајот нс другата недела ќе сум со крај на 12 недела (здравје Боже). Па се двоумам бидејќи сепак и не се мн евтини....
Ајде конечно,со лесно тоа е тоа Во фемибион 2 го има истото апче од фемибион 1 плус апче со омега. Така да јас би ти препорачала да си земеш 2.
И јас не се побунив кога ми препиша антибиотик, бидејќи почнав многу да кашлам и се повеќе ме болеше стомак од кашлицата. Фала богу кашлањето поминува, ама еве вака што се укочив, што ме штрека ко некој со нож да ме прободува, многу ми е мака. Со плачење станувам и легнувам. Јас дека лежев ретко ни идеа гости и викендот пред да настинеме, во 3 дена ни дојаѓаа гости со деца. И претпоставувам од некое закачивме. Ама не можеш ни да се допазиш толку. Уф, нека мине побрзо оти мачно е доста. @Dikinzi јас и онака си бев со послаб имунитет, ама сега ептен. А јас секоја мака со "апови" ја минам. А стварно е голема мака кога имаш болка, да не смееш да се напиеш лек кој би ти помогнал @Larahappy ајде со лесно да поминеш. За брзо да ни пишеш убави вести
Живи и здрави бебушите на сите што скоро се породивте Ние истеравме еден одмор во мк. Сега продолжуваме со секојдневието. Морам да признаам дека овде сега се чувствувам како дома, не во мк...дали конечно надминав носталгија...нз, ќе покажи времето. Со бебе е се ок. Се надевам така и ќе остани. Веќе 29та недела, летна времето, не сетив. После 3 недели ми закажаа нов термин за преглед и тогаш ќе сум започнувала и со правење на цтг. Не е ли рано? Од која недела вие започнавте со правење на цтг? И колку време траеше едно цтг? Не замерувајте, од прва бременост се ми избледило Денес купив едни пантоломчиња за бебе. Заборавив колку се мали.. Тоа ми е прва работа која ја имам купено. Сите алишта од малава моја ми се мк и поради сплет на околности не можев да ги донесам овде, па се ново ќе си купуваме. За почеток колку бодиња земате? Мислам треба полека да се спремам Ви посакувам се најдобро на сите
Кецот се до 12 Г.Н,а второ тромесечие почнува со полни 14 недели.Купи си 2ка слободно,омега само имаат плус,а таа не ти штети,ретко кој јаде риба 2 пати неделно.Ако ти е шубе консултирај се со матичниот за секој случај.Штета и грешка нема,тоа е битно.
Бев на ЦТГ уште не сум отворена, парчиња ми паѓаат кафени. Ми рече да ме задржат но дека нема да биде денес, утре сабајле да идам. Имам болки цело време во кичма, сабајле беа ма 20 мин сега се смирени. Се мислам нема да истерам до сабајле