Мами да не знаете по колку зрна какао е доволно да се грицкаат во денот? Еден месец јадам само по едно зрно, но да не може и повеќе?
Какви зрна какао? Јас не ни знаев дека не смее какао во бременост. Варено какао како кафе, со млеко од бадем и малце стевиа, за ужинка/десертче. Уште тоа ми остана, ако ми го забранат и тоа ќе се шекнам. Исто ужинка на вечер пред инсулинот, со 100 гр. спитико, 5-6 јадки орев и 1 лажичка какао. Ај сега од кај вакви работи.
https://nmd.mk/kakao-i-med-najzdrav-lek-izlekuvajte-ja-anemijata-i-podobrete-ja-krvnata-slika/ Ова го најдов на фб. Пробајте вака за анемија
Јас и @Vanessa9li изгледа погрешно разбравме дека не смее какао па се исплашивме. Ај ќе ни простите, трудни сме.
Покрај триста други работи што ги јадам секојдневно е и зрно какао, го купувам од продавници за здрава храна по препорака на доктор, одлично е за железото, прогуглајте, прочитајте и купетеси
И онака сум ограничена со исхрана, па и уште нешто да ми се забрани . Нај многу се лутев на хипстерска исхрана сега јас почнав така да се хранам . Може ќе треба да почнам да постирам во Дневно мени за трудници, ако има уште некој со скриен шеќер да споделиме некоја рецепта.
Ако решиш да споделуваш рецепти, кажи. Мене не ми е забрането благо, ама дефинитивно го злоупотребувам и претерувам со конзумирање (и после се чудам зашто не можам да се ослободам од кандида). Можеби ако почнам да јадам некоја здрава блага верзија, ќе престанам со штетниве опции. Ќе споделам и јас ако наидам на нешто интересно.
Што не чека.. Да се насмееме http://www.femina.mk/новости/занимл...YuFMIymD8ZhJ8ipIy79MdNCbHsiwu4g5DDSO3x2ZJOaH0
И еден колега сега ме изнасмеа. Му кажувам дека и второво ми е женско и стојам во благ грч, да не случајно ми одвали некоја зелена да ме теши што не е машко, а он ми вика: Кај мене се мешани, една ќерка и едно девојче. Најубаво. Се топам кога ќе слушнам горд татко на ќерка.
И јас на почетокот така прашав и докторката ми рече можеш да продолжиш да го пиеш 1,а ако сакаш можеш и со 2 да почнеш. Во 2 ги има оние Омега апчињата.
Простено ви е јас 3 пати го препрочитав постот на @lejlla, да видам ја да не не ја разбрав Богами ова со "мемињата" за деца, вака не смее, ама кога ни се дешава стварно е тогаш полудуваме Јас да ги спомнам, како се @Sofi.ja, како се снаоѓате? И @bela.m, како се момците, како си ти?
Може да ни споделиш што јадеш, јас уште не сум го правела тестот но сигурно мојот не е скриен Се трудам режимот со 16 л.е но и сифор почнав да пијам навечер и сабајле од 500 и некако мислам дека ми паѓа шеќерот,зош ми се тресе снагата. Сега сама го следам па нараедна или понаредна недела ќе правам тест. Фала