@ddevojce , го стави ли појасот? Имам и јас еден, го носев неколку пати и се откажав. Не знам колку стегнато треба да биде, се плашам да не се стегнам премногу, а лабаво ако е се шета и се врти околу стомакот. Сега ќе чекам контрола за 2 недели па да ми покаже матичната. А ме боли веќе кичмата, и тоа не баш малку.
Да баш сега го носам ама уште ми е лабав, кога ќе почне да теже стомакот тогаш, седми па нагоре.че видиме како е. Јас и чорапи за циркулација си купив, као за патување да не ми отечат нозете па само еден час ги носев и сега така ми стојат, а ги платив 60€, не ми даде тогаш рецепта матичниот дека сум ги побарала сама затоа на приватно, а мене бабицата ми рече да си ги земам за секој случај без проблем ќе ми даде рецепта. Некогаш кога мм вели и во право е. Сега така ми стојат дома, , ама добри се за циркулација ми речњ да ги носам и на работа дека ги притиска вените и крвта циркулира подобро.
Ти ептен на крај, што убаво само со лесно да си поминеш. Мајки тоа е постојано ќе ги мислиме, мене прва бременост ми е ама едвај чекам да се роди. Сега повеќе ме плаши тоа што докторот ми рече да пијам секој ден и кетонал и диазепам ама докај сабота недела ќе пијам се надевам болката ќе ја снема
@Larahappy подобро оди не чекај. И мене ми рекоа дека ќе биде до утре ама сепак ме задржаа а јас до вечерта до 8 се отворив 10цм а во 8:46 се породив
Ако правиш муабет за Kompressionsstrumpfe јас ги носев летово и сум многу задоволна. На најголемите жештини и плус 8 месец и милион кила немав ниту еден оток. Превентивно се носат и за избегнување појава на варикозни вени.
Фала ти многу, . Не знам каква гардероба да земам за мене за излегување од болница, сепак нешто лесно треба да биде.
@Sofi.ja мило ми е што ти е полно и срцето и рацете Ќе почне да јаде бебуш, битното е што имаш млеко. Јас пак на лекар. На толку доктори и прегледи отидов и сите различно кажуваат. Ми се јави ужасна тахикардија од попладнето, пулс 120. Ни магнезиум ни Бедоксин ми помогна. Почна и раката да ми трне. И отидов во Систина. Дека трудница, директно на гинеколог ме пратија. На смена беше др. Иванов. Не сум го видела лично, ама од се што читав за него мислам дека е истиот др. Митко Иванов. Бебето е добро, само десното бубреже малку поголемо. Вика никој не ти кажа?! Викам не, а сега пред 10 дена бев на гинеколог. Вика често се јавува кај машките деца, се полни бешиката уредно. Ама кога ќе се породам може ќе треба да се направи преглед. Разговаравме за тахикардијата, се чудеше како имам проблем со тахикардија цела бременост и 1,5година претходно и никој ехо на срце не ми направил. Ми вика абе ти со терапија ти оди до 120,а без Ми рече дека не е убсво јака тахикардија често, заради мене. Па ми закажа за утре ехо и екг кај некоја докторка и да видиме. Дали е ок ехото или имам некој проблем. Ми рече да ијам дијазепам. Му викам па дтугите докторки ми рекоа не смеам. Вика сосема е безбеден во бременост. Цтг ми правеа, добро беше. Човекот сериозен и воздржан малку, ама битно да е добар доктор. И сега лута сум и бесна што никој не се потруди да каже нешто за мојот проблем, а скоро 3 години одам по лекари. Тахикардија уште имам, се напив дијазепам и ќе лежам. Имајте добра ноќ, се надевам и мојата ќе биде.
Да јадев убаво благ појадок и цтг то беше супер задоволна денес.Кажете ми имате ли исцедок од градите,денес од двете гради имав крукчиња и сега си ги чепнав градите на одредени делови ми беа цврсти малку се стиснав и одма потече.
Не можам да се сетам кој мешко бараше кај да најде облека за трудници.. еве нека зирне тука ... https://www.facebook.com/840945695934838/posts/2960972863932100/
Да, тие се! Имаш да си купиш од оние наједноставните околу 20€ беа, едни стандардни таму, а моите се по порачка и по мерка, до над колената. Знаеш ли дека уште тогаш неможев да ги облечам, а сега со стомак, шанси нема. Обувки неможам камо пак тие тесни чорапи, нема шанси. @BY<3 јас во германија ги зедов, ако си во мк согурно има и доле нека каже Некој што има. Или да прашаш во аптека или лекар па да тинпрепише рецепта.
За 120 вака од памет те извадиле? До 160 имав во двете бремености, првата бременост правев екг и ехо ама се беше во ред, па рекоа поради бременоста си е сепак и се додека не се породам ке ме фаќаат. Над 100ка ми беше цело време, цела бременост, дури гради и блуза ми се тресеше од што ми чукаше брзо и јако. Само што се породив со првото се осеќав многу чудно дека одма падна на 70, 80 откуцаи. Така да не се грижи, но како и да е направи си едно ехо и екг, јас во Срце правев А инаку сега не сум трудна, 90 ми е пулс и често пак знае над 110 да ми биде. Скоро и 130 ми беше, а правев пред 2м ехо и екг и сепак е супер. Но имам проблем со тироидната и се си мислам од неа ми е Имаш проверено тоа?
Искрено, сега и јас се исплашив. Вака не ми било никогаш. Јас си имам проблем и од претходно и сум под терапија. До 100ка толерирав, ама ова ептен ми ствара нелагодност. Инаку, сега во бременост тсх ми го проверуваа и беше покачено па пијам Еутирокс. Ми ги гледаше резултатите од Д димери и хемостаза, хемоглобин - рече тоа е ок. А за тироидната, наредната недела сум на контрола па ќе видиме. Едни ми викат дека од поголема доза Еутирокс се појачува тахикардијата, други ми викат не е толку голема дозата за да се појача тахикардијата. Ако, секако утре едно ехо ќе направам па ќе видиме.
Јас во првата бременост имав повеќе, многу често 160... а никој не ми провери тироидна и за жал после пораѓај дознав дека имам хипо + хашимото и од тогаш (веќе 4год) сум под терапија. И сега одам на контрола на 2-4м и никако да ми погодат доза... пијам повеќе, многу ми е, пијам помалку малку ми е... И затоа се си викам тахикардиите од неа може да се, чим се друго ми е ок. Јас па имам тахикардии ако тсх ми е рипнато... Дај боже да ти е се во ред
А што пиеше во бременост за тахикардијата? Многу е 160 алал да ти е како си издржувала. Искрено и јас не знам дали ми е погодена дозата. Првиот пат кога тсх беше 4,04 ми даде 2 дена од 50мг и 4 дена од 25 мг. После 2 месеци тсх ми се намали на 2,86 а дозата ми ја зголемија на 4 дена од 50мг и 3 од 25мг.Јас одам во 8ми Септември. Ама сега секако ќе направам пак ЕКГ и ехо и ќе видиме, дали има некој проблем или до бременоста е
Нешто комотно, од трудничките што ги носиш, оти стомакот спласнува донекаде, ама сé уште "нормалните" алишта нема да те зберат
@Aleksandra9999 Јас утре т.е. денес сабајле ќе си одам во тие што дојдов Обични хеланки и туника и патики. Искрено не ми е ни важно. Најважното ќе си оди дома со мене