Честитки! Жива и здрава да е! Нормално е, јас 2,3 дена ни капка колострум немав, одеднаш тон млеко ми надоаѓаше и со првото и со второто тек 3ти ден. Ке ти надојде не се грижи
Нормално скроз. Сепак ставај на града затоа што кај и да е ќе се појави колострум (проѕирни или белузлави накај жолтеникави капки) и тие се многу важни за бебето. Само ставај на града и многу гушкање по можност голи.
Лара јас млеко добив на 3ти ден. 3ти,4ти,5ти имав помалку млеко-колострум,ама затоа после кога се растече,милка Немај гајле ќе се среди
Честитки @Larahappy . Супер совети доби од сите. Јас би додала и да ставаш ланолин после секое доење. И никако откажување, дури и да ти кажат сестрите дека немаш млеко, дури и да не излегува млеко при измолзување. Значи прво упорно доење, па дохрана (ќе си го поврати бебка вишокот ако треба, ама мора да се храни додека да ти дојде доволно млеко), подригнување, па ланолин, па гушкање. За еден месец ќе бидеш експерт. Вака ти пишувам и едвај чекам и јас да дојам пак, ама од друга страна почнува да ми фуфка од породување.
Чекај мајка, рано е, денес се породи нели? Како прво живо здраво да е бебето. Искача ли барем по една капка проѕирна? Може и да е жолта. Ако да, тоа е колострумот, ставај го бебето да цица што почесто да стимулира надоаѓање на млеко, и би требало до третиот ден веќе да имаш млеко. Значи само ставање бебе да цица и многу течности! Ништо друго не ти треба.
@Larahappy честитки мајка,жива и здрава да е цуцка,да ве направи горди родители За млеко овде пишуваа дека бистар сок од јаболко помагал многу за надоаѓање,а логично ми е и да супер за бебка за цревната флора.. Ајде гушкајте се,се ке си дојде на свое место
Прво честитки за бебушот, живо здраво весело.. а за млекото не се секитај тоа ќе ти дојде трета вечер сега само колострумот го имаш.. давај му го на бебуш ... тоа за него е злато...
Честитки. Жива и здрава да ти е малечката. Ќе почне да влече, не се секирај. Имаат рефлекс за цицање. Колку почесто ја ставаш на гради, толку подобра стимулација за млеко. Биди малку построга со персоналот ако треба. Мора да ти покажат како иде доење. Не паѓај у психа. Млеко ќе имаш сигурно.
Еве кај може да се купи за нас идните мајки облека. Јас сум 30+6 дали веќе го терам 8 месец или кога ќе бидам 31 тогаш влегувам во 8
И јас ги препорачувам. Имам купено 4 пара фармерки/ пантолони од овде, си ги носев и после бременост. Во моментов носам едни.
Честитки за сите нови мами,здрави и живи да ви се бебушите Јас од денес бројам 21-ва недела,се е во ред,девојченце ќе си имам Од полна 21-ва недела се влегува во шести месец или 22-ра?
Ох леле, епа не се секирај, нормално е, има жени од 4ти месец им тече млеко, ако случајно видиш на блуза, купи си влошки за гради, за да не ти пробие. Иначе не заборавај, во 9ти обавезно масирање на градите
Ве читам за колострумот дека е доволен на почеток, дека е битен, дека е доволно само неколку капки сл. Зошто е тоа така? Што е всушност колострумот?
Само што бев до аптека се почастив со влошки за гради и дел што ќе ми треба за бебуш да намалувам со намирниците.
@Larahappy честитки, жива и здрава да ви е малата Сакав на сите да вратам што ме цитиравте, ама толку ми е лошо, па ќе одговорам вака. За бубрежето на бебето рече не е страшно, дека бешиката му се полнела. Можно е вака, честа појава е кај машки деца, ама после пораѓај може ќе треба преглед. На другарка моја исто и кажаа во првата бременост, ама после се испадна ок. Се надевам ќе биде се добро. За Ј. Иванов - јас не чекав. Ме ставија на цтг, мереа притисок и од таму право кај докторот. Го видов малку арогантно и се испонаша на сестрата за една работа. Со нас беше сериозен, кажа се и да, додуша на крај се насмеа кога зборевме нешто. Инаку денес ми е многу лошо. Од вчера малку јадев дека ми се повраќаше и вечерта во размак пд 4 саати пиев 2 пати Дијазепам(по препорака на др. Иванов). Не ми ни симна нешто многу тахикардијата. Цела ноќ спиев и осеќав колку ми е лошо, и во 5 станав за до вц и не можев да одам од малаксаност. Мм ме водеше. Денес цел ден спијам. Толку голема омлитавеност, коски ме болат и уште имам тахикардија. Срам не срам, оти не можам да стојам - мм ме бањаше. Сега уште 1 саат сум на преглед на кардиолог и размислувам да прашам гинеколог дали може една инфузија да ми пуштат, оти вака сум ко жив мртовец. Фала богу бебето го осеќам, мрда. Извинете пак на моите постови, кои секогаш се вакви со еден куп болки, нервозни и ништо паметно не кажувам, ама ете тука ми е ко дневник, сакам да пишувам секој ден. Убав ден