Ti poskauvam se da pomine vo najdobar red so tebe i bebusko.Za Jordanco oba sto go citam me iznenadi malku zs go znam licno i znam deka odnosot so pacientkite mu e sekogas na smea ,od doma doaga za pregled iako ne e na smena ,posveten doktor e epet,a i strucen.E sega moze ne mu bilo denotNemaj gajle bitno e deka e golem strucnjak vo svojata rabota!Kolku sto svativ vo Sistina si pobaraj od sestrite se sto to treba ke dobies
Стварно не знам зашто му беше таков односот со мене. Ниту го испровоцирав со нешто, не зборував повеќе од што треба..... стварно ми е несфатливо, немаше апсолутно никаква причина. Битно јас лично после тоа искуство не би влегла пак кај него. Не би да продлабочувам што и како беше, сепак има трудници што се кај него и се задоволни
Првото млеко се вика колострум. Колострумот се разликува од млекото кое подоцна се лачи, не само по содржината туку и по количината на состојките кои го заштитуваат бебешкиот имунитет. Ова млеко содржи повеќе вода, повеќе витамини и минерали, а помалку маснотии, поради што е и поздраво. Посебно е важно присуството на имуноглобулин, кој во колострумот го има пет пати повеќе отколку во млекото. Нивното присуство е од големо влијание затоа што ефективно го заштитуваат бебето од инфекции и болести. На тој начин бебето ја добива сета потребна антибактериска заштита преку мајчиното млеко. Колострумот ја стимулира првата активност на бебешките црева. Помага во елиминирање на билирубини и ја намалува потенцијалната појава на жолтица. Инаку, како си ти, @0ли? Како течат труднички денови?
Миличка нормално дека си омалаксана и поспана покрај толку диазепами...пиј супа, цедени сокови, тоа ќе те освежи.... е сега ќе си видиш и доктор што ќе ти каже, која е причината за тахикардијата, но според мене овој стрес што го доживуваш месеци уназад мислам дека си го направи своето... со лесно, со помин и само нека те води мислата дека многу помина и уште малку остана до гушкањето со бебушко
Благодарам за одговорот Јас арна ваљда, но некако бавно минуваат деновите до преглед Се уверив дека тоа што немам повраќања не значи дека не е нешто во ред. Ретко благи мачнини имам, по малку менструални болки, зевање во текот на денот, брзо се уморувам дури и од зборување, малку почнаа градите и на допир да ме болат, апетит немам ич и сосила уште јадам и тоа е тоа. Ама досадно некако, морам хоби да активирам, ќе земам да плетам инаку ќе збеснам Терапија примам, бебето си пораснало, вчера си го видовме, има рачиња и ноџиња, личи на бебе, а не на црвче
Јас во цела бременост не повратив ниту еднаш, тоа не значи ништо. Мачнини ми почнаа после 7 недела ако памтам добро и ми траеја до 17, on and off онака. Најизразени ми беа на празен желудник. Ни гради ме болеа, ништо, само ми се зголемија. И исто многу се задишував Сѐ си е нормално И мене исто ден година ми беше до кај 18 недела, после тоа почна да ми доаѓа душа на место и кон крајот сѐ повеќе летаат неделите. Мисли си убави работи и уживај во секој ден
сликава ја цртав уште пред да останам бремена со мерак и огромна желба дека ќе останам бремена една ден,и ќе биде се во ред со бебето. и еве конечно бидна , дојде и тој ден, бремена сум 11 недели , ќе имам здрава ќеркичка
Не, јас спомнав дека онака некако со сестрата се испонаша, ништо страшно. Требаше она да се јави за мене и збореше и веројатно кажа погрешно и и ја зема онака слушката подрско. Јас па оти пазам на такви работи и пдма ги приметувамИнаку, задоволна бев како ми објасни, не чекав ич. А и како ми беше лошо ич не ми требаше да се смее. Еве и сега, ми дадоа негов број да се консултирам, му се јавив, фино и културно се.
@0ли , биди среќна што немаш мачнини Имав колешка до последен ден повраќаше, многу се измачи. Мене во првата бременост со син ми ниту еднаш буквално не ми се слоши. Ама затоа данокот во киселини го платив Сега оваа бременост само еднаш ми се слоши недела дена пред датум за добивање, и пред некој ден, ама ради ниско железо и мањак енергија. Не барај симптоми, не си прави проблеми кај што немаш, уживај Секоја бременост е различна @Veki4kaa , со лесно до крај, сега опуштено само
Помина и третиот скрининг, колку бргу летна времето.. Ееее му викам на мм сите годишни времиња ги фативме во Ремедика. Бебче е супер, 32 недела, одговара на 32+4,се е ок, само што не сака и не сака да се слика! Немаме слика од лиценцето денес, но затоа и се испофали на докторкава со свирчето. Е од него имаме една ептен убава, др вика тоа што покажува тоа ќе сликаме Инаку се е ок, постелка, плодова вода, цервикс 3.75мм.. Се консултирав со др за ивф, аспиринот го прекинувам, останатите витамини по ред. Препорака имам за брисеви во 35/36 гн, на крај месец уште една проверка на тироида и месецов тоа е тоа. Утре шопингПремногу облека му купив на синко, ама не можам да се контролирамнека има курлето на мајка
Со здравје да си ги користите Првите денови се секогаш така, после кога ќе свариш дека си трудна, ќе биде полесно..и деновите ќе ти минат како од шала..ќе видиш Со лесно и со добра мисла
@Veki4kaa ајјј не знаеш колку се израдував Многу ми е мило,ко за најсвој,ти ја знам приказната и знам дека ова ке биде ваше бебе-херојче Имај си лесна и школска бременост,баш убаво што ке се дружиме тука
@dunika знам мила. Исто и тебе уште еднаш со лесно ти си понапред еден месец ќе си се дружиме, како во поддршка се дружевме така и тука ќе си имаме пролетни бебиња
Лелеее колку нови мами ни дошле Многу се радувам на сите, посебно на оние кои подолго време чекале да дојдат до тука @Veki4kaa @0ли @dunika @Dance27, со лесно до крај мајки, дур да трепнете ќе пројдат овие месеци.
И јас имам искуство со Иванов, отидов за второ мислење кога во прашање беше спонтан абортус, со веќе многу лоша историја позади мене која исто му ја раскажав, тоа што он го виде на ехо исто не беше добро, ладниот однос го припишав на карактерот ама отсечното да не одам сега секој ден на ехо ми ѕвонеше во уши и откако излегов, тотално непотребно. Не отидов во паника туку најубаво му објаснив дека останав збунета од претходниот преглед кај мојот доктор и сакав второ мислење. Сигурна сум дека е многу стручен ама тој е единствен доктор од многуте кај кои сум се нашла на преглед низ годиниве а имам лош впечаток за односот. За сите што се пожалија на киселини... минатата бременост цркнав од нив, на пораѓај отидов гладна со страшни киселини. Оваа бременост барем до сега сум далеку подобра ама знам многу подобро што ми ги предизвикува, бел леб штом каснам горам така да јадам ржан или тонус, не се прејадувам на главни оброци и после оброк два саати гледам да се движам по малку и ако јадам десерт тоа е после тие два саати. Тестенини секакви избегнувам и можам да кажам дека сум раат. А кога ќе ме фатат пијам само вода, голтка по голтка пијам најмалку 300мл додека претходниот пат ни гастро гард не ми помагаше, а се налевав и газирана вода, може и полошо ми било од неа