@maticka честито, нека е живо и здраво @bela.m за кратко ќе се гушкате сите дома, убавини @flower30 како си денес?
Оличка, јас не ве напуштам никако! Јас само отстапив место за ново меше. Секогаш кога го отварам форумот, прво темава ја ѕиркам. Најдрага ми е. Бидејќи со душа чекав да дојде ред да се приклучам. Го доживеав и тоа. Ќе видиш каква поврзаност ќе створиш со сите мешиња. Каква емпатија владее тука. Со реалните пријатели не сум се чувствувала вака. Знаеш всушност какви меѓусебни бодрења сме доживеале во "тешките" теми. Галкај мешко идна мајче, ќе ти прелета времето дур трепнеш
Истата сум со вртоглавица,како пијана сум и тахикардија и терапија ми дадија и џабе е незнам дали е до нас дали е нормално
И јас исто повекето сум со низок притисок и пред и сеа и викам подобро низок однего ли висок, но ако се изнервирам или изморам знае да се поткачи малку па да се стабилизира .. али паника ме фака тогаш Не паѓаш навикнат ти е сигурно организмот чим и претходно си имала понизок притисок барем кај мене е така..
Многу ми е мило што сте добри и што добро напредуваат бебите.... ајде за скоро сите заедно домче ќе се гушкате
Женски давајте совет ! Со вторава бременост почнаа пак истите глупави мисли ! Да ве упатам на кратко : Од кога се породи јатрва ми, па и со првото па и со второто, сфатив оти сите проблеми со свекрвата почнуваат од тогаш. Они се заедно во иста куќа, ние сме одделно. Ама од коа се роди малиот на јатрва ми,и од кога видов женава како се понаша со него неможам да ја смислам ! Како она да е мајка, а со другото почна па бетер ! И свекор ми е не е нешто сјаен, до душа он може и бетер да е..луѓево за се нешто трчаа по децава, не ѓи оставаа да.здивнат, разгалени од нив скроз, како они да беа родители. Девер ми и јатрва ми се многу ќутливи луѓе, ск цел да не се налутат меѓу себе се пукаа се караа, а нив ништо не им викаа. Еднаш и заеднички муабет правеа и ние бевме присутни, ама тоа траеше два дена..луѓево знаат само за у раце со децава, не сдали им се спие им се јаде, или полна пелена, кај нив бебе плаче само за ви раце. Како и да е , од тогаш цело време си замислував ситуации какоби реаѓирала јас, како би им дала до знаење да се тргнат на страна и цела.прва бременост ми беше тоа во глава, да не ме досаѓаат, да не ми го земат детето од раце ( тоа на јатврами им се дешаваше) ..е сега малава порасна, 15месеца, оди од 1 година, и коа сме кај нив залепена е доо неа цело време, а овие не ги ферма оти и се во куќата ,ја разбирам оти нд се гледаме често да и да го видиш моето, ама утре испаѓа коа ќе се породам здравје боже , поголемово нема да го гледаш оти бебево е тука ? Или па си размислувам како ако почнат да плачат и двете, она ќе се стрча.да ми го земе едното, а ја нејкам така, детето.си има татко.. Не знам шо да правам, само не убави мисли си ставам во глава и уште толкуне можам да смислам коа одам кај нив..Да напоменам исто ми се дешава и кај мајка ми, со тоа шо таму татко ми е неразумен. Едвај чекав да си заминам од дома,поради тоа што сум тепано дете од страна на таткоми, и тоа многу..и викање за секоја ситница дури не се омажив, е сега веќе не му ќутам, се силам со мажот ми оти е тука. Мајка ми е жена што на муабетот.мамо ми се јаде..следеше ОДИ НАМАЧКАЈ СИ МАРГАРИН !