Срцки дај кажете што да се прави со трнење на раце? Пијам магнезиум два пати на ден од 350,не ги осеќам некогаш рацеве, не боли но нервира Тенкс
@Dikinzi ви се чудам на нервите и размислувањето за свеќи. Да им угодувам за мир у кучи?? А мир ќе имате ли вие кога ќе ви се родат бебињата и нонстоп над глава ќе ви висат? Покажете си заби на време за раат да си чините никој немој да титрите. Вас не ве фермат одмор ќе зимала да виде како ќе се снајдеш со бебето, море нема да знае на која страна да фати да бега другарка ми жолчки плуваше оти сакаше детето да и се вика павел ама свекор и запна или павле или др име бирајте и ајде така бидна. Ќе се врати од работа влегува како разбојник во спална бебето спие го бакнува го гњави го буди, свекрва и го бајна кога она ќе посака, абе катастрофа и се чудев на умот. Се одделија и сега поарно и е. Првите моменти со бебето се само ваши и единствени. Сите се радуваат за бебето ама секој треба да си го знае местото. Ако не си го знае, покажете им го!! @Cherry333
Женски,градите почнаа многу да ме чешаат.ОК,ме драпаат,ако бидам попрецизна Доста непријатно чувство,ко небањата или некоја кожна болест да имам.Мислите ли дека е подобро да мачкам лосион,масло за стрии,и дали исто важи и за брадавиците,спомнувавте ланолин кој мислам дека е тек за пред доење или се лажам
Нормална појава, мене и стомак и гради ме чешаат, се драпам ко нездрава Ма цело тело ме чеша, исто ми беше и првата бременост. Многу помага маслена купка (исфрли ги обичните од употреба, верувај има огромна разлика) и после неа побогато млеко за тело или пак масло. За ланолин рано ти е, тоа кога ќе влезеш во 9-ти
Исто и мене, уште откако дознав дека сум бремена градите ми станаа огромни и ме чешаа ненормално многу, до сега со чешање на стомакот мака не видов ама затоа градиве... ќе полудам.... купив маслена купка на еуцерин и масло исто така на еуцерин, од маслото ставам по два пати на ден после туширање на меше и на гради и можам да кажам дека за нијанса е подобро и го смирува чешањето инаку купката мислам дека е на попуст во еурофарм, многу е убава, ме чешаа и рацете и нозете но откако ја користам многу ми е подобро
Добро утро девојки... Во моментов сум 17та недела и веќе некое време имам болки претежно во десната града, цело време ја чувствувам воспалено... Дали ви се случило нешто вакво во второ тромесечие да ве боли само една града ? Малку сум загрижена, ќе ве замолам ако може да споделите искуство.
Мене гради не ама од нозе чешање мислам ќе шизнам. Ја прашав матичната ми објасна шо, како и дека чаре нема дури не се породиш. Пробај туширање, мачкај некое млеко или масло за тело, види што би ти олеснало. Јас што и да ставам додека не се истуширам не помага ништо. И обично навечер почнува да ме чеша, дали дека преку ден активна па занемарувам се, како легнувам мислам шуга ме фаќа, па се драпам некое време и коа веќе не се поднесува се туширам. Тие што имате свекрви што не си го знаат местото на баба па се умислуваат мајки - покажете им го. Не мора со расправање ама што и да коментираат речете ,,мама знае најдобро''. Не дозволувајте мешање од никој. Ваши деца - ваши правила. Улогата на бабата треба да е минијатурна во споредба на мајката, а не обратно. Покажете заби слободно, баталете култура и воспитување ако треба, ама не допуштајте да биде поинаку од што вие ќе замислете.
Секогаш од лошото има и полошо, ама намерно да се правиш улав и да сметаш на некого, а со тоа и да расипуваш брак јас не можам да го разберам..
Малку погоре имам напишано дека од градите имам мака само што останав бремена, јас и претходно имав големки гради но во теков на бременоста ми се огромни....и да покрај тоа што тежат, ужасно чешаат сум осетила и болка и баш во една града, само незнам точно во која недела.... не би требало да има проблем некој, овие работи се поврзани со бременоста и хормоните, така да ако не е нешто претерана болка не се плаши, ќе биде ок.... инаку мене и секрет ми тече од градиве, прв пат во 13та недела и сеуште ми капе по некоја капка, баш синоќа после туширање од еднава града си приметив приѕирно жолтеникава течност, му викам на мм мене ова млеко уште не родени ќе ми дојде инаку сум 23 +6 гн
Женички ич да не му се секирате и ќутите на никој посебно на такви свекрви шо ,,се знаат" Да се знае местото на мајка и на баба. Нивниот ред поминал сега е нашиот. Јас уште кога си дојдов од болница си кажав да не ми се.меша никој ако треба за нешто сама ќе си побарам помош. Ние сме заедно ама кај мене во соба свеки иде само за бањање на бебе и тоа да потура вода јас си го држам и бањам.
@Dikinzi затоа и реков ако не знаат кај им е местото, покажете го. Има и бетер, да. Ако се прават улави ти на дипломатски начин ќе ги средиш. Како што пиша @Sesil мама знае најдобро, како ќе го гледам така. Леле мене како ме нервираат вакви ствари. И моја свеќи се потруди да ми наметне правила ама и реков на погрешен човек, она сега и свекор ми по мои правила играт, плус па и далеко сме. Абе никој не барлавам! Сега со мајками зборев нешто за одкога ќе се породам здравје боѓе колку да сум седела дома, ладно ќе било зимно време. Велам дали си мислиш дека 40 дена дома ќе чучам?? Ни со првото седев, здравје живи нема ни со второто. Ама ако е мажот ти дома на одмор он ќе носи поголемата на градинка он ќе врши работа. Да нека земе одмор нека врши работа нека помага, ама дома не седам 40 дена, јас ќе носам дете јас ќе зимам од градинка итн. Шо им фали на германциве шо шетат со бебињата, од болница излегуваат одма на шопинг одат. И ќе се сетам на бабинските работи ши ми ги велеа немој после зајди сонце да шеташ, ќе ти секне млекото, немој навечер надвор да сушиш руби на бебето ќе ти заоѓа од плачење. Бог да чува и да брани. до 2 ипол години ја доев ќерками, да не ја одбив можев и до денес верувате ли во такви ствари???
@Sesil може не важи ова конкретно за тебе ама сакав да споделам само. Кај нас чешањето се занемарува тотално, имам другарки што до рани имаа чешање и им тресеа од ракав дека е алергија или дека е од бременоста нормално и слично. Случајно на еден сајт ми излезе дека чешањето во бременост може да е поврзано со прилично сериозна состојба со јетрата во бременост, односно ако се исклучи дела чешањето е од тегнење на кожата тогаш се проверува состојба на јетрата преку крв. Ме заинтересира и почнав да пребарувам па видов дека на големо е пишувано за тоа на странски сајтови, кај нас не сум слушнала или прочитала за тоа. Се сеќавам дека симптом е зголемено чешање навечер и чешање на раце и стапала (пред 3 години читав и слабо се сеќавам на детали) ама и на други делови од тело. Intrahepatic cholestasis of pregnancy се вика состојбата, чисто за инфо и превентивно го пишувам ова, можеби некој ќе се пронајде ама се надевам дека нема
@lejlla @dunika јас и со првата а и со оваа бременост имам исцедок од градиве, имам мали гради сега ми пораснаа како топки ми се, многу ми се убави, мажот ми многу се радува велам тоа не го гледаш секој ден користи шанса Смешки. Инаку јас се мачкам секој ден оосле туширање со масло ( добро и ммме мачка ) и не сум приметила нови стрии да ми излезат. Ама градите ме пецкаат одвреме навреме, онака се тврди а по масирање омекневат. Добро е тоа да пецкаат.