Здраво мешковци јас одамна не сум пишала, но немам ново што да кажам. Само читам секој ден и гледам како ни се полни темата со нови мешиња и многу се радувам Јас од денес 35та недела, не ми се верува до кај стигнав и колку брзо лета времето... сеуште сум на мирување, но утре сум на контрола и се надевам дека др ќе каже дека е доволно. Секако ги примав и инекциите за зреење така да мислам дека ако женската реши да искача ќе биде спремна за новиот свет во врска со муабетот за свекрвите и мајките, до сега од свекрва ми немам такво мешање, а како и да имам кога од овие 5 месеци што сум на бед рест таа дошла да ме види само 5 пати... е сега кога ќе дојде бебе се спрема извесен период да биде кај нас за да ни помага, а како ќе биде тогаш ќе ви пишам мајка ми проба да ми наметнува некои работи во стилот алиштенца да не стојат надвор навечер и сл, но уште во старт ја пресеков и и кажав дека мене такви работи не ме интересираат и џабе да не се труди. Сега за сега се справував но откако ќе дојде бебе имам претчувство дека ќе биде интересно... Тоа од мене, утре со нов апдејт )) уживајте во преубавите денови
А тој исцедок шо го спомнувате, е како потечен или пак посирест? Кај мене, ако ја подотворам брадавицата на градата, во она топчено, и ако притиснам излегува едно бело ама како сиресто е.
И мене се ме чеша од сношти цело тело мислам.. де нозе де тело де раце .. нз шо ке се прави.. дали сува кожа од бременост или..
Кај мене баш капки течност беа, проѕирно жолтеникаво, а и ова што го опишуваш ти мислам дека е исто и јас имам и такво засирено
@maticka Честитки!!! Да е живо и здраво и големо да расте!!! Леле мами само ми стигаат на фејсбук предлози од бебешки бутици, и се сакам да искупувам. Плус со достава до дома. Убавини. Имам неколку комплетчиња што ми останаа во очи ама не знам да не му се тенки за во Декември. Оваа недела останува да се среди со мајстор, ако не мама, си плукнува на дланки да си ја среди собата и да си почне со порачување на алишта зошто се ближи времето. Го гледавме јунаков на контрола денес. Срцко на мама, се стабилизирал со мерките освен главчето што е поголемко. И јајченца ми покажа бе, не ми се верува колку е веќе оформен. Ми рече да издржам до 35 недела (сега сум 30) и после може и да го извадиме, ако има потреба. Ама јас се си мислам ќе го доносам до крај. Абе мами а да ме подучевте како треба за перење на алиштата за бебо. Јас планирав бекутан течен детергент да земам и во машина за перење ама на колку?
Јас прво се рачно исправ да видам да не ми пушти нешто боја. После на 40 и 60 степени планирам да перам. Исти пиџамки од погоре ги имам само од локално продавниче само на нив би му студело според мене. Боденце и хулахопкички или ѕивриња обавезно под нив би облекла
Кај секого различно, кај другарка ми почнаа на 20 мин растојание, а кај мене на 8 мин. И потоа постепено се намалуваат. Ама се зависи од тоа како се отвараш . На крај ми стасаа на 30 секунди размах..
И официјално изјавувам дека 9ти месец трае 3 години. Бебе си плива, мама си чека. И така, секој со маката
Во овие 5 месеци дошла да те види само 5 пати ? А планира да дреме по цел ден бебето коа ќе се роди ? Е овие работи ме вадат од такт..
Лажните не болат, туку само се досадни, се јавуваат на интервал од 8 мин, па 2 мин, па 10 мин .ме сфаќаш ? Не се константни, туку коа ќе му текне на телото тогаш, бидејќи се спрема за пораѓај, и ако се напиеш магнезиум и легнеш треба да поминат за некое време. А додека пак вистинските се на ист интервал, пропратени со болка, која постепено се зголемува, е сега кај секоја жена е различно. Има жена која може да прокрвари и да се породи за 2 саати ( дај боже сите да се така ) ,а има жена која може да има по слаби болки, во половина и срамна коска, и кај неа пораѓајот да е 2-3 дена, кај тебе уште се на саат ? Нешто друго на своето тело забележуваш ? Кои знаци до сега ѓи имаш ?
Здраво мешиња Да си се пожалам денес 40+1 , Сабајле бев на цтг немаше ниш освен лажна болка рече док Е сеа осеќам некој притисок доле ама не трае мн и не е на исти интервали (тоа се тие лажните така ? ) На бебево му се заарни внатре изгледа
Синоќа и ноќеска имав така стврднувања на стомакот во долниот дел. Исцедок имам веќе месец дена ,ама сега стана пообилен и пожолтеникав. Отсабајле бев во движење па не осетив нешто посебно. Инаку денеска 39+0
Јас кај мене не приметив чеп имав исцедок какао и секогаш. Болките ми беа на 1 саат па на пола и почнаа на 5 минути се напив пред тоа магнезиум не ми помина кога отодов на лекар веќе сум почнала да се отварам и грлото размекнало. Кога почнав повеќе од 4 прста да се отварам осеќав како колковите да ми се кршат
Мене денес блага депресија ме фати,сонував еден сон како маж ми си нашол друга ептен се заљубил и ете така среќен си бил,па уште ја гледам пред мене ми иде да ја убијам Значи многу сонувам ако не е кошмар со бркање и убивање тогаш е како маж ми има друга, дури ке се разбудам,ке се напијам вода и кога ке презаспијам сонот продужува И после цел ден депре,ништо не ми се праи Дури ни ова неможам да го направам зошто не сум за шетање уште ви праќам виртуелна гушка.
Здраво мешиња, како сте Денеска станав со болка во грло, преладена така.. освен парацетамол чајчина и лимони што можам да земам.. за грло нешо за шмукање од таблетине дали смеам? како ги пиете тотемава, до сега ги немам пиено па ми дадоа .. во сок од боровинка пример, пола чаша сок и др тотемата? уште нешо ке прашував ама умов ми летна
За лижење, само пантенол како што знам може. И некој природен лек ако знаат нека ти кажат. Тотема дефинитивно најубава е со сок од боровница, јас и со вода ја пиев ама грд вкус останува во уста после. Со помалку од пола мала чашка сок, колку тебе ти е доволно да ја раствориш ампулата.