Девојки јас сум 17+6 и стомакот исто ми е мал, докторот рече дека бебето е бо ред расте добро, а и мерките одговараат на 18та недела. Никој не ме приметува дека сум бремена а веќе скоро 5ти почнувам. Од вчера почнав да го осеќам како се движи прекрасно чувство е. И кај мене не беше свртено како треба се мачеше и на крај ми рече најверојатно е женско бидејќи да беше момче полесно ќе видел. Останува да веруваме дека ќе имаме принцеза. За 4 недели имам закажано 4д
Првата работа за нашето бебе. Денес тато не израдува. Зема летна и зимска постелнина. Многу сум среќна
Земав пантемол за шмукање и чајче се надевам дека ќе пројде,свекор мие доктор го виде грлото рече добро е ова било алергија со гласот ќе пробам со овие за да пијам апчиња за алергија,и чудна работа когс ќе станам насабајле гласот мие добар после за некое време ми го снемува пак сум фатена во гласот.
ќе се опуштиш и ќе биде у реду и за тебе и за мажот ти. Со тек на бременоста хормоните работат и ќе имаш потреба од секс. Јас како шо нејќев на почеток сега сама го соблекувам мажот ми. Овој па глава неможе да крене од мене веќе од шо по понекогаш и двапати у ден ми се сака , вели ама баш и не ми се сака сега. Абе гајле ми е дали ти се сака, битно е мене да ми се сака, не дека лошо ќе ти биде. Хаха смешки стврднување на стомак е сосема у ред и до 4-5 пати во денот. Нормално е. Јас го прашав мојот гинеколог. Навечер неможам да леѓам колкови ме болат нози, срамна коска, едвај де движам.
Колкав стомак очекувате да имате во 17та недела кога бебето е максимум 200гр? Не се стресирајте за џабе. Дури после 25та очекувајте позабележително да е.Н во 7ми купувавме количка не прашаа дали ни е за поклон Зависи и од градбата на вашето тело ама ипак не се познава баш бар не е лесно видливо.
Кога е се во ред со бебчето, па уште и го осеќаш како се движи пушти душа, само уживај... мешко ќе си расте, има време.... е сега јас сум обратен случај од тебе, меше почна да расте уште првите недели, се преплашив, мислев нешто не е како што треба, не ми се веруваше дека толку брзо порасна.... и во осма недела докторката ми вика две беби се, па ми стана јасно од каде толкав стомак, е сега јас па се плашам од што ми е голем, 24 недела сум а како за пред раѓање... само молам господ се да е во ред и да издржат барем до 36 недела... тоа е мајка секој со маката
Мила не се секирај, секое тело е различно,штом доктор го гледал бебето и све е ок, нема место за паника. И мене никој не ме приметуваше дека сум трудна, или ми велеа мало ти е мешето значи мало е бебето, глупости. Секој месец на контрола бебуш според димензии напред една недела. Така да нема место за паника. Еве сега сум 8-ми месец и немам ни една стрија, така да кај секоја жена е индивидуално, уживај си и гали го мешко ќе порасне кога ке влезеш во 7-ми
Јас се сликам секоја среда, тогаш правам полна недела , ама си се сликам за себе, за моја душа не за фб или инста, до денес сум 12 полна уште една ми фали 13 до другаата среда, стомакот од недела до недела се разликува ама онака минимално не е многу голема разлика, досега имам слики од 6 до 12 недела
Море колку обврски плус имало кога си мајка Да не речам ама немам време ни за себе. Е сега околу цицање, малово ми е мрзливо,па кога ми дојде млеко гледав да јаде барем на 3 саати ( во болница така им даваа адаптирано. Затоа што он и да е гладен нема да побара,па мама мора да нуди. Бидејќи е помрзлив а млеко имам педијатарот ме советуваше после секој подој да му давам и измолзено млеко,зошто на прва контрола на 7дена скоро ич немаше качено. За ноќе,од прво навивавме аларми со мм, да јаде на 3часа а и млекото стои 3-4 часа на собна температура, еве две ноќи по ред го оставам сам да си побара ,па после цицањето околу 23:30 се буди во 3,4. И педијатар и патронажна советуваа да не се буди ноќе за јадење. За менување пелена,многу сме педантни и најмало гомце да има вреска да го пресоблечам,во моментот кога ја тргам пелената се смирува како друго дете,така да ноќе ако се искака си кажува и менуваме,дење исто. Мочани пелени не менувам одма.
Сега и не си свесна баш затоа што и онака стомачето си го имаш. Отпосле ке видиш колку ке ти значат тие слики Јас се сликав секој месец и сега кога ги гледам сликите со ред, а бе милина. Ептен убаво и слатко е чувството. Дури и ме фаќа носталгија за мешко
Здраво само да ве поздравам. Пред 6 дена правев тест, позитивен, утре сум на прв преглед ,според апликацијата сум 4н и 4 дена. Немам мачнини ,само болки од време на време во кичмата и долниот дел на стомакот. Сакам да го прашам докторот утре за некаква опција со работата што да правам, бидејќи ми е стресна и и физички тешка, дали ќе има ризик да одам или да барам друго решение. Неделава зедов боледување од матичен, додека не ми каже докторот што да правам. И такА. Ќе се дружиме почесто