@macence994 честитки,живо и здраво да е бебчето Мешки,бев на преглед,носам женско 95%.Многу сум,среќна,со години мечтаев да имам ќерка Ептен не намачи да ја откриеме,а јас се изнашетав гола низ ординција.Прво брис ми зема д-рот и го провери исцедокот,беше нормален без лоши бактерии.Легнав за вагинално ехо да се види состојба на плацентата,се качила скроз горе,ко што треба.Ми олесна и за тоа.Ајде облеков гаќи и фармерки па на абдоменално ехо,не се гледаше дека свиткани и споени нозе.Пак соблекувај се Така се виде конечно,и’ се заинати д-рот. @0ли еве ме,во исто време❤️
Те мислев, баш бидејќи рече дека си на преглед. Момичево срамежливо, а? Убава таа на мајка, нека си пливка, нека си ужива и нека си расте
@dunika Дуничее многу ми е мило, нека се роди жива и здрава, аиии колку убаво, ќе си имаме ќеркии Ние веќе и именце и одбравме 99.9% тоа ќе биде, и на сопругот му се допаѓа ама не го кажувам здравје нека се роди па ќе го објавам само нека се роди жива и здрава. леле го замислувам сопругот колку ќе биде пијан кога ќе се роди
Феминки, ако некоја од вас пие Tothema ампули за железо, имам цела неотворена кутија плус третина од друга со рок до 12.2019, да ви ги дадам да се искористат. Мене ми останаа од кога бев бремена.
Мамички 24+5сум утрово кога се разбудив во спалната видов глушец страв имам премногу се исплашив почнав да пискам и стомакот наеднаш ме заболе а и вечерва чуствувам болка дали тоа е од стрес цел ден сопругот се занимава го бара глишецот ми кажа дека излегол но сеуште душата ми е стегната неможам рајат да легнам а болки чуствувам и бебината вечерва ги нема да мрдаат
Мајки нормално ли е да чувствувам нешто слично како трнење на нозете, и тоа трнење продолжува нагоре накај друшкава.. Непријатно чувство е.. Ви се случило ли вас такво нешто? Дали е така зошто некогаш заборавам ден,два да се напијам магнезиум?
Жени се туширав. И пред да влезам во кадата со едната нога внатре се зализгав а другата надвор ми беше на плочките наеднаш се сецнав за да не паднам и ме заболе доле скроз остра болка која траешее неколку секунди одма влегов во кадата и со другата нога почнав да се туширам и не ми беше ништо. Многу се плашам да не му се случи нешто на бебето. Веќе од се се плашам
Од стрес ти е што си се уплашила, јас на стрес до кај 15 недела некаде и имав и кафено.. и знаев дека е од тоа.. паника ме факаше нормално.. опушти се напијај се бедоксин ке те опушти.. бебчињата ке мрдаат кога ке легнеш и кога ке се опуштиш верувај напијај се малку газирано и благичко и легни си одмори се ке видиш како ке почнат да те задеваат
ми се десило и мене така знам колку е непријатно и стресно.. бебето нема галје сигурно од тоа пошто не ни падна, а и си е заштитено.. јас паднав во второто тромесечие веднаш бев на доктор се беше во ред вика тоа си е заштитено во матката со самата плодова вода.. само што ке се уплашиш и ке се испаничиш барем јас.. и јас сум таква од се се плашам од се се паничам викам и досадна сум на форумов само нешто прашувам некогаш и глупости ама пуста паника .. а богами и тешко на докториве со мене
Не се потресувај. Ич не ти треба стрес. Не се секирај ништо нема да му биде на бебето. И јас во првото тромесечије си паднав од стол. Качена да чистам на високо не знам како се запнав со ногата и се најдов на земја. Ниту бев на доктор ниту кажав на некој. Добри бевме и двајцата
Еве не ми се верува што ќе си прашам, после се што си мислам дека знам за бременост . Кога се влегува во 8ми? 31+ или 32+? И како ги рачунате неделите, 29+ како 29та или како 30та? Минатата бременост матичната убаво ми нагласи дека 29+ е всушност 30та недела, ама сега ми се чини дека поназад ми ја бројат, како 29та во случајов