За посетиве во тоалет кај мене можам да кажам дека е исто како на почетокот, мн чести, премногу, кај и да отидам барам тоалет, ноќе станувам по 3-4 пати, ама тоа е, се навикнав, плус пијам и премногу течност и бебите си притискаат
Жими се ми е ко за 6 месец кога бев бремена со син ми, јас ниска сум и одма рипна стомакот, малтене пред да дознаам. Затоа и ме плаши целата ситуација до кај ќе се издржи Ми рече докторката до кај 38 недела идат максимум, јас лично ќе бидам најсреќна на свет до 32 ако останат. Јака ти душа, во лето крај на бременост со близнаци.....
@lejlla па модерни се многу работи денес во такво време живееме,ама битно има лек и ако има индикации ке си се боцкаме. И мене така на ехо ми виде лакуни мислам се викаа,па после со проверка на д-димери испадна дека треба боцкање. Или побарај друго мислење да си мирна или со упат од матичната оди боцни се 10 минути работа е. Инаку мене некои денови многу ме боли срамната коска и тешко ми е да се свртам навечер во спиење,тешко ми е да си облечам пантолони,тешко е по скали.. ама среќа не ме држи многу болката,одприлика еден ден па со одмарање поминува. На интернет читам дека обично болела во трето тромесечие а јас сум тек 20та недела па затоа малце ме замислува има некое друго меше со таков проблем?? П.с. обично ме боли тогаш кога ке се раздвижам. (Моето раздвижување е еден круг во маркет,кога бирам што ми се јаде)
Во врска со сметање според крајниот термин реков дека е најјасно, не дека е најточно. Лесно се пресметува на памет, затоа го спомнав. Башка разликата е 2-5 дена во однос на било кое друго сметање, дали математичкото или она со една недела порано. Ниедно сметање не е хируршки точно затоа што секоја трудница е посебна и затоа се комбинира со физичко мерење на плодот (што само по себе не е најпрецизно, бидејќи зависи од несовршеното човечко око и рака, без разлика што се прави на компјутер). Затоа реков, ќе си одбереме да си рачунаме како ни одговара. Ако тебе ти е важно да се чувствуаш сигурно со влез во некоја недела, рачунај си го на оној начин што "касни" една недела од математичкиот. Мене ми беше важно да ги споменам сите варијанти заради новите мешиња, зошто знам колку ми беше збунувачки кога прв пат се соочив со рачунањето. Мислев дека е до мене, дека јас нешто не сфаќам, зошто со првата бременост гинекологот ме убедуваше дека е 22 + 1 = 22, а апликацијата ми сметаше математички. Па затоа со втората одбрав апликација со 22 + 1 = 22, за подоцна истиот гинеколог да ме убедува дека е 23. Видов-не видов, морав да се покорам на стручното мислење, who am I to disagree.
И другарка имам која септ се породи во 39та со близначки (цело лето со меше големо), а од 32ра и рекоа дека скроз грлото се скратило, па прими и инекции за зреење и вака така до крај отиде На крај одеше се движеше за веќе да им текне да искачаат. Природно си ги роди, ни 2мин разлика не се А она исто не мн висока, слабичка.... не се секирај, ке си истераш
мешиња. Ај ќе ве замолам да ми кажете што се ставаше во павловичева за да си го мачкам стомакот за стрии? Знам дека ми е многу рано ама со првото како испукав сега со ова уште одма почнувам со мачкање
Нема може да испукаш, дека веќе еднаш кожата се истегнала. Јас со првото што не мачкав и пак стрии куп, а со второто ништо не мачкав и немав ни една нова. Битно е и вода доволно да се пие, за да е хидрирана кожата... мислам дека тоа повеќе ме спаси со второто дека летно време трудна и многу вода пиев.. Патем Еуцирин маслото го фалат, па ако можеш земи си и такво ако сакаш толку да мачкаш
дека со првото ништо ич не мачкав сега викам да не ме снајде истото. А тоа мачкање уфф најмногу го мразам ич немам навика да се мачкам ма да знам жени што какви се не креми мачкале па џабе им е се кога пак испукале. А за вода барем тоа си пијам и тоа мноогу ај може ќе ме предомислиш со мачкањево.. (толку ми треба)
Ќе се издржи, ич не се секирај. И јас не сум висока и мене ми порасна огромен стомакот и се родија во 38-ма недела, природно, ептен крај на лето, септември. Се издржува, поминува, сé си е природно и физиолошки, уживај, одмарај.
Мешиња фала што ме мислите. Многу настинав, после јака тахикардија, па многу, многу малаксана. Три дена само спиев. И сега не ми е баш најдобро, малаксано се осеќам. Утре ќе одам за тироидна и така. Врти сучи цела недела по болници. Паднав многу психички, ама тоа е. Имајте убав ден
Да. Со 36 полни рачунаат 9-ти, како безбедна зона, ама правило е тек со полни 37 недели да се смета полн термин, иако, секое правило има исклучок, па се раѓаат и порано, здрави и без проблеми. Веќе од неделата околу 7-ми август рачунав 9-ти месец, а полн термин всушност беше тек 17-ти август. Арно се роди на терминот, ако поседеше уште некој ден и ќе влезев во 10-ти .
Нормално е да се благо покачени леукоцитите, нема потреба од терапија. И железото ти е добро. Јас 39+2, бебе уште си ужива у меше. Уф, чекаш брзо да пројдат месеците и сега на крај неизвесноста е неподнослива. Цела бременост добро ја истерав, без лоши мисли, а сега на крај такви напади на страв и плачење ме фаќаат, да не се препознавам.
Еден совет за мачкање на стомак. Немам ниедна стрија од hipp путерот за мајки и масло има. Маслото се мачка наутро, путерот навечер. Јас знам да намачкам сега ретко и после пораѓајот. Може си е до кожа незнам но ете еден совет. Двете се околу 700 денари но долго тераат.
Мислам дека беше околу 800ден. ама не сум сигурна, земав повеќе работи и не обрнав баш внимание, инаку веќе второ паковање трошам од маслото, денес баш докторката ми вика мачкај колку што можеш почесто...
Se porodiv i jas vo 35+5 inaku se e vo red maskp bebence 3290 gr prirodno i mmogu brzo vi posakzvam na site lesen i brz poragaj