Дечки, пијам магнезиум два пати на ден и сеуште ми е тврд стомакот На моменти имам и како слабо затегнување, некои слаби менструални болки, ама не се често и не редовно. 28 недела сум и ме фаќа страв. Бев на контрола пред некој ден и се е ок.. ама пак ми е шубе заради тврдоста на стомаков
Ме разбуди силна болка, едвај отидов до вц. Носам дневна влошка заради исцедокот и прв пат за неполни 2 часа колку што ја имав на мене беше мокра и дури гаките ми беа мокри. Ќе следам на колку време се болките.. тоа ли е? Упс, еве уште една.. 18 мин разлика.. Кога да се оди во болница? Во рок од 20 мин 3 пати одење во вц.. Помош мами!!!
Не се плаши, среди си се и оди до болница. Болките треба да се на 5 минути за да биде блиску раѓањето. Сепак, отиди и нека те види доктор, нема посигурно од тоа. Со лесно и пиши.
Павловичева со АД капки Јас тоа ставав за првата и не ми се појавија, но за вторава ќе видиме...стомакот поголем ми станува спрема првата.
Значи само ад капки.. јас мислев и нешто друго се става А за стомакот леле ќути не ми зборувај 5та недела а стомаков ми е подуван како балон како да сум 5ти месец. Абе со првото немав до 6ти месец меше а сега не знам што е работава дури тешко ми е
Да се вмешам и јас во муабетот. Рецептата што ја знам јас, а воедно и ја користам цела бременост е: павловичева маст, бекутан масло, ад капки и чичково улје. Еве јас сум 35+ досега немам забележано стрија, редовно мачкам на стомак и гради.
Чилково уље? Какво е тоа? Не сум слушнала до сега за такво нешто Јас со првото не мачкав ништо ама многу многу испукав.. сега викам да не ми се појават нови, па да почнам да си се мачкам уште сега
И јас прв пат слушнав кога ми го кажаа рецептот ќе побараш во аптека тие знаат и ќе ти дадат. Сите состојки ќе ги ставиш во блендер, блендираш и со таа смеса ќе се мачкаш. Смесат ја ставам во тегла и така ја чувам. Многу е мрсна, кога се мачкам чекам 5-10 мин малку да впие и после се облекувам. За мене до сега се покажалс многу ефикасна
Здраво, Морам да ве прашам оти од оваа матичнава моја ќе полудам. Дека бев болна и помалку јадев, па и помалку го осеќав бебето, вчера. И денес отидов(а денес од сабајле го осеќав). И во четвртокот бев во Систина, според мерки и менструација бев 32+5. Сега според тоа, треба да сум 33+0. Сега матичнава ми вика 32 +0 сум била. Ама не било ништо страшно. Добро било бебето, мереше и некаков притисок на бебето, ко доплер дека се хранело убаво, 1980гр било, срценце си чука убаво. Како може сега да е 1 недела поназад?! Ко и реков во Систина како покажувало, рече па различни ехо апарати и затоа. И ме прати за 1 недела пак да сум идела на ехо и цтг на Гак. Реков ако мрда добро бебето пак ли да одам, зошто?!?! Вика, ако иди си ти пак да те видат...... Се изнервирав многу. Ве молам, сте имале ли вакво искуство?!?!
Не се замарај со мерки. Ако доплерот е добар значи е ок,се храни како што треба. Јас кај матичната цела бременост бев поназад за 2 недели. Еве го синко ништо не му фали Уживај уште малце во бременоста,и те чекаат многу убави денови
@Мариаа. @Dikinzi фала ви. Никогаш не ми било така, еве втора бременост првпат ми се случува вака. А пред 1 недела бев на ехо и беше ок. А таква е, не објаснува, туку секој збор и е "да бе, така е". Ни да ти објасни, ни ништо. И ме збуни што ми рече да идам на Гак наредната недела, без објаснување Фала ви многу
Доплерот е многу важен затоа што тој покажува дали се храни бебето доволно. Чим ти пишала дека доплерот е добар, не се секирај. За мерките во ист ден да ги измериш на два различни ехо апарати, ќе ти даде различни мерки (ова во систина ми кажаа). А на матичната срам да и е. Сите паники она ти ги прави. Ок е што те праќа на ГАК, ама нека ти објасни зошто те праќа, а не само узбуни крева.