Јас сега ја прашав, зошто да одам на Гак ако си мрда бебето и е добро. Вика "ако бе иди си пак, нема да те вратат". И јас кога ќе идам, тие и онака се бунат, кога ќе им речам еве јас така дојдов. И секогаш кога искачам од кај неа сум позбунета. Ми кажува примери за други трудници,а за бебето онака успат спомнува. Ама тоа е, не стасав да ја сменам, а сега не ни знам каде да барам друг.
Супер си е се, ајде уште малку имаш немој да се плашиш штом бебе си мрда и добро напредува Во никој случај не е во ред доктор да ти кажува примери за други трудници... истерај уште малку и ако не си задоволна сменија одма, барем сега има избор на доктори, не сме венчани за нив
Ах тие доктори што не сакаат да се потрудат малце повеќе, како да не разбираат дека сме загрижени , нив им е навика веќе јас разбирам, ама тебе ти е должност да објасниш како што треба. Иначе секирациите никогаш нема да завршат. Со првото оога бев трудна, цело време се мислев што како, па мисли секакви во глава..си викав да го родам и после друго е ! Друго !? Не.. не е друго, тогаш почнаа вистинските грижи, а ние како мајки никогаш нема да престанеме да се секираме за нашите дечиња. Од ништо-нешто. Здравје боже породи се, и смени ја веднаш штом не си задоволна. А не сум те прашала, оздраве ли?
@Autumn_ денес влегувам во 36-та според "нематематичкиот" начин на сметање и сонував како ми почнуваат породилни болки, сум пишала на форумов и ти си ми одговорила: Ете, ти реков дека со 36-та веќе е сигурна зона за пораѓање, ти предвидев. Сум отишла на ГАК и сум ја сретнала @flower30 на преглед (а според пораките горе, стварно си била на преглед). Сум се породила и @bela.m ми дошла на посета, била на клиника за да си ги земе дечињата и ми се појави на врата со бебушите и со балони. Отиде мозокот во неповрат...
Однапред се извинувам бидејќи прашањево не е за овде, но бидејќи оваа тема е најактивна, а во претходната каде што пишав никој не ми одговори, би сакала да ве прашам за кафана за мекици? Ваше искуство, со пристојни цени и добра атмосфера? Однапред благодарам и држете се тие што сме при крајј
Поздрав до сите мешиња (и мали и големи) Денес ептен омалаксано се осеќам дали некој вирус ќе ме нападне цело време ми се повраќа ништо не ми се јаде.. Вчера бев до матичната втор пат во овие 24 недели за да ме види и да ми препише дабростон, инаку во систина одам, ме погледна буквално 3 мин и ми рече само добро е си напредува и толку ни мерки ништо, и кога побарав рецепта за дабростон ми вика ааа па ти уште колку ќе го пиеш дабростонот тој најмногу до 20та нед се пие, јас немам право да ти давам рецепти за него после 20та нед толку е ама ајде уште еднаш ќе замижам и нема веќе.. Сакам да ве прашам вие што пиете дали ви даваат рецепти и после 20та нед или навистина се ограничени до некоја си недела или така се испонаша само да ме изнервира?
јас сум 28ма недела и сеуште го пијам дабростонот по 2х1 на ден, ми даваат рецепта секогаш нема врска дека неможе да ти даде .. баш некни земав рецепта без проблем беше.. можеш до крај да си го тераш се додека има потреба и подобро да си го пиеш јас го прекинав 2 дена и одма болки карлично и пак си го терам сеа и подобро ми е и посигурно се осекам.. сепак е поддршка..
Јас редовно пијам Дабростон цела бременост (еве 32 недела сум) и без проблем дава рецепти. Во Систина др. Иванов ми рече тој до 34та недела го давал. Што им е на ова матичниве не знам. Ама барај си, имаш право. Мене наеднаш по 2 рецепти ми дава. @kockichka па не си згрешила, јас сум си се по болници, во секоја можеш да ме најдеш @lejlla сега не можам, ама по пораѓај стварно ќе барам да ја сменам. Фала ти за @Dikinzi подобра сум. Уствари уште не сум скроз оздравена, не знам што вирус ќе беше. Затоа и пишав, пазете се многу е мачен вирусот
Sakav da te prasam bidejki sme tuka nekade so termini kolku golemo e tvoeto jas vcera bev na termin 1430 grama.
Значи нема врска тоа за до 20та недела, баш вчера земав рецепт од кај матичната а знаеш исто сме и двете 24 +3, да си бараш ич да не ти е гајле.... а и друг пат ако отидеш кај неа да си прашуваш и за мерки, ако нив не им е страм да не кажат, зошто би ти било тебе страм да си прашаш, за твое бебе се работи, мора да се прашува ете има и такви доктори што не зборат многу.... А за малаксаниста одма цеди лимони, портокали, цитрони, чаеви, немаш гајле
Jas dabrastono gi pijam od pocetoko na bremenosta pa ete 31 nedela sam i uste ne sa mi gi prekinale vo mesecot po dvapati mi gi prepisuva maticnata a ako neke da ti gi dade toa e drugo
Мами фала ви многу на подршката и грижата Беше многу брз пораѓај,побрзо не ни можев да замислам. За 5 и пол часа од првата болка до првиот плач ќе пишам во другата тема подетално Не може да се опише со зборови ова чувство , гушки на сите
И јас се тресев дали ќе се лутат ако не примам гости или не ама да ти кажам, кога видов колку е кревко душиче 2 кила, ме заболе гз дали некој ќе се љути или не, битно детето да ми е безбедно и здраво. Секој втор болен, хараат стомачни вируси, јас гости ќе чекам со две кила бебе, тоа душа нема во него. Прво ми беше глупаво да не се љутат роднини, после си викам, Ако се љути некој, нека му стои и нека му служи на чест. Ако толку се нема разбирање дека тоа бебе нема никаков имунитет, поздрав! Не терам 40 дена од адети или религија, ама никој освен родители и сестра брат нема да ми влезе во куќа дур не пркне малото.
Ви благодарам на сите за информацијата, знам дека доктор Иванов ми рече дека ќе го пијам, прво го земав на приватно уште самиот почеток го пијам ама многу разлика е, ова нека ми е трета рецепта и не сака да ми даде за следен месец( ноември).. Не знам што да и речам или да ја сменам, што да правам?? она вели дека немала право после 20та недела, глупости
Денес во ману го испитав хепатитот, сега да се надевам на позитивна мисла само. Вчера брисеви, крв мокрача и тие да се добри само и супер ќе биде, наредна недела сум на контрола, се надевам се ќе биде добро со момичката мамина