Гледам зборувате за стрии.. И јас се мачкам со павловичева на стомак и гради. Многу е мрсна, до сабајле ми стои мрсна кожата. За сега само на градите имам мали стриички. Ви пишувам да ве предупредам ако имате дел што знаете дека ви е склон кон стрии или ви се дебелее највеќе, да си се мачкате и таму. Јас додека се фокусирав на стомакот, задникот ми се наполни со жар црвени дебели стрии.. Гледам може и на бутовите ќе испукам. Затоа пазете се женички додека е време .
Мене за грлото могу ми помага јаболков оцет од диви јаболка разреден со малку топла вода, со тоа си правам гаргара и ги гори бактериите Може и по неколку пати на ден.
Вие што ќе имате зимски бебиња, планирате хулахопки да им облекувате на излегување од болница? И тие што веќе имате дечиња/ бебиња, дали ги облекувате во хулахопки на ладното? Дали само за излегување или и за по дома? Моето ќе се роди во декември здравје, не знам како да постапам по ова прашање.. Не зборувам за со фустан, за одоздола под шпихозни пример..
Јас купив и хулахопки и ѕивриња. Ма да мислам дека ѕиврињата се полесни за облекување и дека повеќе ќе ги искористам, хулахопкички ми изгледа ко страшно облекувањето дека се многу малецки на почеток
ги има секаде кај што има детска облека, а можеш и долните делови од пиџамките да ги користиш за таа намена
Уште не сум размислила баш на таа тема убаво, ама ако зимам дебели работи ( внатре како ќебе) не планирам ѕиври него само тие и во дебело ќебе замотано , затоа што може да дојде до прегревање на бебето, пу пу пу не дај боже. Дали му е топло на бебето не се мери според раците, него се фаќа позади врат на тилот, или под блуза кај градињата, ако е лано му атуди, или ако е топло многу, значи му е жешко, исто така индикатор за топлина е дали е помодрено во раце и ножина. А на поголемава ако и облечам хеланки обавезно хулахопка, а ако носи дебели тренерки како ќебе, само тие.
Кога ми беше патронажната бебе облечено во ѕиврички, ракавички и чорапи. Ме искара дека е така облечена, велам модри и се рацете и нозете и она вика ако не им циркулира уште крвта. Вика она не се роди ни со капа ни ракавици или чорапи. Што по комотно да е бебе.
Леле мене овој утрогестан ќе ме убие хаха, едвај чекам да ми го прекине докторот,ама не верувам ќе си го пијам изгледа цела бременост
Имаш интуиција драга, ние вчера се земавме од болница. Точно 13 дена бевме разделени. Јас се чувствувам одлично, можам сама се да правам ама дека се мали бебушките страв ми е Се учиме, и јас и тие. Душата ми е преполна од среќа, да не препукнам, м? Многу се мирни машала, со сила ги будам за да им дадам града или шише. Накнадно ќе бидам подетална, сега не сум ни на небо, но на земја. Не спијам, не можам да им се изнагледам. Господ нека го наполни секој дом.
И моето ќе биде зимско бебенце, ама не планирам хулахопки во никој случај. Земав убави стварчиња, ги исправ неделава, уште да ги вакумирам Скафандерчево ми е за искачање од болница.. Ептен е мекано, а ќе му биде топло, убаво на синко
Аи преслатко е... ептен ми се свиѓа, и моите здравје Боже ќе бидат зимски бебиња па сакам и јас нешто вакво да им земам, пиши ако сакаш од каде е ова
Многу е слатко. Од каде го зема? И јас се расчитав има тема за земање од болница, некои во скафандер ги ставаат зимските бебенца, некои во кебенце, ќе видам ќе размислам за тоа.
И јас си го чекав мм од ноќна смена кога е на работа се будам у ниедно време и дремам до сабајле. Ти кој месец си? Јас уште немам многу апетит, слабо јадам, веќе многу помалку повраќам ама уште сум 49кила.