Со креми почнав од 12 недела,немав ниту една.Сега сум 25 недела и стомакот буквално ми е распукан.Изгледа тоа е генетски,не помага ништо.Пробав и масла органски и павловичева со ад капки и уште клавам.Ама изгледа ги храни тоа да се множат уште.
И немам баш голем стомак зошто сум слаба ама пак е испакнато Спијам на страна ама често се будам на стомак, па ме фати малку паника
Јас откако останав не помислив на стомак а пред тоа само на стомак спиев, а во 24 недела ми забранија и на грб ама како ќе растеш во психа ќе ти влезе па нема да помислиш на стомак а тек кога ќе биде активно бебе никако барем кај мене е така
Мене док ми рече спиј на стомак до кога можеш до кога се осеќаш удобно после тоа више ќе смета и нема шанса да легнеш колку што се сеќавам јас долго време спиев на стомак ама веќе кога почна нагло да ми расте толку беше
Едит: сега гледам дека си грешка зошто да не спиеш на грб? Па имаш уште време за да ти смета и да не можеш да дишеш @maaitka зошто ти забраниле на грб да спиеш не ми јасно?
Можеш да спиеш на грб @RAK91 @NNK19 незнам зошто кога бев на последниот преглед така ми кажа докторката, претпоставувам дека и имам спомнато кога лежам на грб како да ме гуши нешто а може и од килажата јас на почетокот качив 10кг а и бев со многу апчиња (хормони) и сега припазувам на исхраната
Ааа епа штом тебе ти смета може затоа ти кажала да не спиеш. Добро ми разјасни сега уффф 10? Леле изгледа и јас натака одам, со првото се утепав од повраќање и само 8кг качив цела бременост а сега си имам голем апетит
Копирано од нет: Имајте в предвид дека во бременоста треба да се спие на лева страна, на тој начин крвта најлесно ќе циркулира до матката, а со тоа и ќе има непречен довод на кислород и хранливи материи за бебето. Спиењето на грб и на стомак е нешто што треба да се избегнува во бременоста. Кога спиете на грб тежината на матката паѓа врз кичмата, цревата и ја попречува циркулацијата во големите крвни садови. Ова може да предизвика: болки во грбот, потешкотии со дишењето и обработката на храна, хемороиди, низок крвен притисок, нарушување на циркулацијата на крвта до срцето и снабдувањето со крв на матката и бебето.
Јасно ама јас мислам додека ти се осеќаш удобно и немаш голем стомак можеш секако. А за лева страна да јас кога умирав од киселини во 9ти месец малку ми се смируваа а а се свртам на десна ми гореше грлото.
На грб никогаш не сум спиела,ама на стомак ми е најудобно.Се трудам да сум на лева страна по цела ноќ,но ми се случило да се разбудам и на стомак.Секако дека имам грижа на совест иако не е трагично.Меше немам уште,онака малце само.
Тоа со стриите е генетски. Се се мислев да почнам ај сеа ај после и еве уште не сум почната. 35та недела сум и немам ни една стрија. А за облекување на бебе... Па шо знам мене ми е шубе под шпикозни да не му облечам ништо. Тенки се тоа ѕиврињата. Па и јас сум нон стоп со хулахопки зар него голо да го оставам. Дан' ми премрзна дет'то?
Се сложувам, за зима се препорачува под шпилхозни и плус уште нешто, а ѕиврињата се топ за таа намена. Мекани се и широчки, нема да го стегаат и нема да му прават с’ клет сигурно како хулахопчињата (мислам дека се со мешан состав, не се чист памук).
Првото нешто што го направив од кога се породив спиев на стомак А за ѕиврињата се многу удобни јас и сега му облекувам ѕивриња на стапалцата му ставам чорапи да не ну висат боди и шпихозни памучни педијатарот ни рече доволно е тоа
Мешиња, денеска се разбудив некако како со менструални болки во мешето... малку сум и преладена дали е од тоа или се раб за нешто друго? не се силни, но ги чуствувам.. иначе и изморена сум повеке овие денови..
Најверојатно ти е настинка, затопли се, избери добра положба и мирувај денеска, ќе ти помине сигурно, да не одиш за џабе на преглед. Ако случајно нешто не поминува до утре, ќе се јавиш на преглед. Пробај и со перница под задникот, можеби ќе ти биде подобро.
И јас читав дека треба на лева, пробав така но не може може не е еден ден сега и на лева и на десна колкот лев си боли дали си боли. Бебината мрдаат стомакот како на центрифуга ќе почнам со седење да спијам оти мислам оваа недела колкот ќе почне да ми се роне