Пред неколку недели и јас имав таква менстроална болка, баш и тука пишував, искрено се исплашив но фала Богу помина... кога ќе осетев болка пиев магнезиум и како да ми беше подобро од тоа.... само немој да паничиш и беспотребно да трчаш по болници, легниси како што ти е најудобно, написе магнезиум и ќе помине, најверојатно ти е од настинката или бебче си расте па се шири матката...
И јас мислам дека е невозможно да се спие цела ноќ само на лева страна... се обидувам да ги менувам страните но кога ќе дојде 6,7 часот на сабајле се будам и просто неможам да продолжам така да спијам, и двете страни ми се укочени, па лежам малку на грб а со центрифугава на глас сум се смеела
Леле и јас сум денес со менструални болки во долниот ден од стоматкот, осеќам кога седам и наеднаш кога ќе станам дури да поодам малце прекинуваат
Јас од оваа страна ја купив количката за бебуш има пррубави работи, често и акција има. Разгледај имаш убави креветчиња и не се скапи.
Мешиња, косата почна да ми паѓа многу, сега се истуширав и кога ја исушив четката полна еден куп Секој ден се повеќе... Незнам дали е ова сезонски или пак има нешто врска со бременоста. Незнам што би можела да користам?
И јас го меркам истото, го знам од блиски пријатели кажуваат дека се презадоволни. Може и до поголемко да спие детето иако јас веќе имам голем кревет средено со се само уште бебешко ми фали да купам во собата ама тоа некаде околу 700€ најмалку ќе фати во зависност кои делови ќе се земат и уште се мислам
Мамички а кај да најдам убава играчка за на креветче? Или за вакви работи во други теми да си пишувам? А креветчево @RAK91 @MumToBe ептен е штосно, одамна го гледам на интернет но незнаев дека го има и кај нас
Баш ќе видам, од таму ни се допадна количка и релаксатори ама тогаш не ми текна за играчка да прашам, имаат убави работи
Женски, нормално е да имате менструални болки, напијте се магнезиум и фанете се за работа да видите како минат одма Ако само седите мисли се редат и од тоа ве боли А за косата на почеток ќе паѓа, а после ќе треба да престане да паѓа, арно ама коа ќе се породите дупло ќе опаѓа, така шо се е нормално. За креветчиња не брзајте,а и за се останато, после ќе се каете за парите дадени туку така. Прво размислете аи ѓи убаво опциите , и направете ја најдобрата математика. Јас сега за сега со малата,искористив креветче, релакасатор и дубак максимално, за бањање од енци менци ни земаа на поклон, како за пресоблекување и за коритце, и само коритцето го искориатив, а тоа за пресоблекување ми стои како магацин ми беше високо, и коа почна да се превртува ми беше страв да не падне. На кревет уште ја соблекувам. Добра ноќ на сите
И јас не знаев дека го има кај нас, мислев од Грција ќе треба да одам. Ти супер до играчки си дошла јас уште не сум почната со купување. Дали затоа што уште пред да останам ми се купени поголемите работи и рано ми стои
Добро утро, убава недела мешиња. Имам прашање до тие што пиеле тотема, забите ако ви станале потемни (го има во несакани дејства) дали ви се вратија во нормала откако престанавте да пиете? Како немиена сум имам црни наслаги
Абе не дека до играчка уште дојдов ама покрај другото и тоа си треба.... инаку јас со гардероба горе доле сум спремна, уште нешто ситно, сега овој месец, останатите работи како креветче, количка, релаксатори, постелнина се тоа веќе знам од кај ќе земам и тоа е тоа... оваа недела веќе 25та, само да будат умни и да седат барем до 36 та Е сега ме интересира мислење за постелнини по нарачка, од овде од продавнициве не ми се свиѓаат, дали некоја нарачувала, еве поточно трифантино се вика тоа од каде што сакам да нарачам, на слики многу убаво изгледаат ама сепак материјалот неможам да го видам, нарачкава се прави само преку интернет... ако не ми е прашањево на вистинска група (а не ми е) пишете ми во која група можам да прашам и за некои други работи