Ни со првото ни второво не сум купила трудничка. По дома во пижами, или тренерки додека можам да ѓи носам. Со првото термин ми беше во Јули, така шо од Мај месец не беше некој проблем, хеланки, широки блузи секако си имав после со фустани почнав, а сега сум со хеланка, блуза под газ широка, фустанче некое и хулахопка, не се замарам со купување, пари не ми се даваат за работи после така да ми стојат. Нешто имам, нешто сестра ми ми поддава и толку
Фала богу ја фана работата во свои раце па да си ја средиш собата, ние завршивме со реновирање ДЕФ, и останаа ситни работи да се досредат. За бањање на малото земи си коритце со средна големина, а внатре во коритото ја си ставав сунѓер , долг колку коритото, на него ставав тетра и врз него малата. Така ја бањавме неа, така ќе биде и со другово, само за грбчето коа ќе треба да го триеш ќе си го фанеш на рака ,триеш плакнеш и готово. А има и мрежички некои си купуваат, сега има голем избор за такви додатоци, шо и да одбереш нема да згрешиш. Што им е на кутрињата ? Повраќаат ли многу ? Да не ви ги отрул некој не дај боже ? Знам како е да имаш милениче дома, Ние со сопругот имавме папагал, кој зборуваше многу. Ни умре малата коа направи 2 месеца. Еве година дена како го нема,јас уште во глава го слушам..
Мешиња, денес бев на др, ми зеде брис, вагинално ехо и повеќе ме гледаше абдоминално. Леле кога го видов тоа срценцето Во ред си е плодот според неделите, само сеуште е мн ниско, скоро до грло на матката. Ми рече мн вода да пијам, вика види го, само долу клечи стуткано после малку го размрда со сондата, почна да скока ама вели сака да се качи нагоре но не можи, требало да пијам мн течности за да му помогнам. Вика види како рипка и сака да се качи а се удира само во главата и не можи (се смее не се секирај не го боли). Така, продолжувам со утрогестан, фемибион 1 да допијам па одам на 2, и ми рече да лежам кога можам и да пијам течности. Според нејзините мерења се'е ок но сама ме упату во Плодност, за секкој случај за приската.Вие до кога сте го носеле ниско? Кога треба веќе да се крени? Таа рече за еден месец секако...Тоа малку ме загрижува...
Гледам на гугл 13-14 недели бременост мешиња, и викам оти моето е мало се исплашив, после па си мислам секоја жена е различна, секое тело е различно и тука неможеме да се споредуваме со никоја, некоја е со стрии, целулит, некоја нема ништо, некоја е поголема некоја послаба, и сваќам дека тоа нее воопшто важно, најважното е бебето да е здраво и право и да го донесеме на свет најздраво, секоја мајка да има здраво бебенце. и да ви кажам цел живот се замарав за стрии , целулит , сега не ми е важно најважно ми е бебето. а јас да се породам и да заврши се добро ќе бидам најсилна , и од хепатитот ќе се излечам, и ќе ослабам, и ќе бидам најсреќната жена на свет затоа што на свет ќе донесам едно мало човече кое ќе ми ја смени смислата за живот! и ќе ми дава сила и снага за се!
Ќе биде, ти биди полна со позитивни мисли и енергија, универзумот сам ќе ти ѓи намести намести коцките За меше не се секирај,и ја гледав така слики, ама тоа нема никаква врска, некои имаат големи мешиња некои мали, тоа воопшто не е загрижувачко. Ти опушти се и кулирај
Како тоа ниско ? Ваљда од коа се вгнездило таму си се наместило. Мене ми беа се горе и наопаку Која недела си ?
Мислам дека ја осетив бебка Не сум сигурна дали беше тоа,ама првпат почувствував таква вибрација доле,како меурчиња,пепрутки2-3 секунди траеше.Здравје,ке бидне пак па ке знам дали е тоа-тоа. @Veki4kaa и јас се грижев за мешето,гледав други слики со баш трудничко меше и тоа прва бременост и се загрижував.Др-от ми рече дека ниедна трудница не е иста,и се додека бебе се развива убаво,нема потреба за грижа.Јас сум висока доста,176,па тоа ме крие,плус имам широка карлица. Гали си меше и дур трепнеш ке си порасне Зборевте за трудничка облека.Фармерките ме стегаат,ги носам откопчани,а купив едни труднички од ХМ,многу се пријатни.Неделава ке треба да докупам уште нешто за на работа.Зара има преубави фустанчиња за секој ден,баш се широки со А-крој,па ке искористам неколку такви за празничниве прослави што следат.
Да се пријавам..истеран успешен преглед и регистрирано срценце. 8ма недела и веќе само труднички панталони носам..Дека втора бебпа,стомак мн побрзо се покажа.За првото до кај 12та си терав во истите алишта.
Денес сум 13 недела и 1 ден. А ниско е вгнездено да, вика скоро одма до грлото на матката ама требало да се крени нагоре само да пијам течности многу и да лежам кога можам повеќе
Сум читала дека косата треба да е поцврста и побрзо да расте бо бременост, така и беше во претходната бременост ама оваа буквално ми е страв кога ќе го пуштам тушот после ставање маска, паѓаат прамени. Ако сфатиш од што е или некој совет ти дадат сподели, јас не сум сеуште загрижена ама со оглед на тоа што знам колку тек ќе ми паѓа по пораѓај... може опасно да се издепримирам
Прекрасно е чувството кога ќе почнат движењата на бебенцето Јас почнав пред една недела да го осеќам, наутро пред да станам и навечер. А денска на работа ме мавна два три пати и тоа силно дури осетив како болка малку Мало е ама незнам зошто така осеќам, а кога ќе биде поголемо
Па и јас имам така слушано но ете ми паѓа секој ден се повеќе, ако продолжи вака ќе останам без коса .
Веќе некое време ме мачи едно прашање. Дали е точно дека секогаш првата бременост се носи до 40,41,42 недела? И дека е најубаво кога се раѓаат бебињата тогаш, бидејќи биле баш спремни за новиот свет. Мене ми е првенче и би сакала да се породам природно порано. 36,37,38 недела. Не дека нешто би ми сменило тоа во животот, но некако сум многу нестрплива да го запознаам моето малечко. Ова го слушнав од мои колешки. Не сакам да бидам погрешно разберена.
@dunika не се грижам веќе, туку едвај чекам на контрола да појдам неделава да видам дека сее во ред. И јас ќе треба да си купам некои труднички хеланки, Пантолони фармерки. Фармерките мои веќе ме стегаат. Само трењерки носам по дома и хеланки едни. А која недела си сега? Колку убаво што си ја осетила бебка, и јас едвај чекам, ама ние сме мали до среда 13 полна правиме
Не ..не е точно.Дека се по спремни бебињата да, инстиктот им е по развиен. Ама дека сите до толку касно одат, не е точно. Желбата ти е убава ама колку повеќе во мешко на мама, толку по убаво.
Не мила не е точно. И мене ми е прво и се роди во 35 недела. И нама ти кога сакаш оно кога сака. И јас сакав да поседи ама него му се брзаше па фала му на бога добар си е. И да знаеш дека нема ништо по убаво од природно породување доколку е можно