Јас ги имав од почеток до крај. Ништо не ми помагаше се испробав и рупурут и гастро гард и тетка ми ми донесе други од канда ни тие не помогнаа и на крај си отидов на пораѓај со нив И кога излезе бебо исчезнаа и тие
Е ајде де.. Читам овде со упат треба во 36 недела веќе да се прави цтг кај лекарот/клиниката кај шо ќе се пораѓаш, а ваму вика директно треба да се оди таму Ќе одам наредна недела па ќе видиме
@Adams ох не знам за што се работи ми се накрева од желудник..неможам да легнам каснав два пати јаболко си реков ќе ме освежи и газирана вода веднаш повратив пак.. загрижена сум нз што ми стана.. земам тотема можно е да е од неа?
Зошто да не чини преглед да направи ? Тоа ми е барем мене сосем чудно ! На почетокот ли си? Која недела си? А каква е таа фолна ? Јас прв пат слушам да ти кажам..
Нема грешка те лаже, секој матичен може да ти даде упут за било која болница во Мк, мене ми дадоа упут за во Чаир со првото. И мислев дека водењакот ми е пукнат, и одам во велешка болница, и таа една дотична ми вика, Ти во Чаир ли ќе се пораѓаш ? И викам ќе одам на преглед таму ! И ми вика..овој упут пошто дојде во нашава болница не ќе ти важи !?!? Одам одма кај матичната, вака и вака..вика остави ја, ќе научи со текот на времето како одат работите. Си отидов фино лепо во Чаир,и таму се породив.
Тебе матичниот ќе ти остане матичен. А ќе му кажеш дека сакаш во Чаир да се пораѓаш, и да ти даде упут за таму, оти дента кога ќе те фатат болките може и да не те примат. А ако нејке да ти даде упут, ќе си отидеш во болница, ќе си фанеш врски, и некој друг доктор да ти пише упут за во Чаир.
Ако мислиш на првиот скрининг што се прави околу 12та недела, абдоминален е прегледот. Ако дополнително треба да мерат должина на грло на матка, тогаш користат плус вагинална сонда.
Стварно е многу убава, и одма се врати во форма, како воопшто и да не е породена. Затоа го ставив видеото тука, да се види дека сите сме различни, и да не се плашиме. На некој останува меше, некои изгледаат ко да не родиле..и така