Па и јас знам дека тогаш се пие метилирана. А не не дум проверила никогаш докторот ми рече сега по ново таква се пиело а не обично и ме збуни. Во сите аптеки ја има и има разлика во цена со обичната или нема стварно појма немам да ептен на почеток 5н и 6дена денес. Не чинело демек ако сега не се слушнело срцето вика ќе чекаш еден месец (зошто док настојува од ехо до ехо да има поминато 4 недели) и вика ти до сега не си можела да издржиш а не пак еден месец. И така оставивме за наредна недела а сега само дс проверам крв и мокрача. И еве за метилираната фолна зошто се пие. Честитки, да сте живи и здрави.
Јас приметив дека имам киселини кога јадам леб. Би ти го кажала истото како @Miss.N и плус пробај една лажичка сода во чаша вода сабајле или навечер пред да легнеш зависно кога ги имаш киселините. Иначе да, мене ми се поодвратни од мачнините
Леле ќути аман више.. едвај се стрпив за вчера сега пак цела недела чекај. Абе многу избрзав со тестот и сега две недели ќе поминат од кога добив две цртки хаха. Ме убива чекањево значи стварно
Нормални се киселините мила, често се јавуваат, пробај со бисквити и полулежечка положба за спиење на две перници.
Добро утро, Сабајле се разбудив уплашена, бидејќи цела ноќ сонував како одам на пораѓај, се губам во болницата, нема доктори.... Значи уште ми се тресе телото од страв. Капак на се, 2-3 дена имам некои менструални болки(си ги имам јас цела бременост де), некој исцедок проѕирен и болка во кичма. И уште повеќе страв. Имам некои црни мисли дека, не дај Боже, ќе се породам порано. Секако за утре ми рече матичната да сум отишла и на ГАК на контрола, па ќе одам утре да видам што е /како е. Мене многу ми се интересни докторите. Ко од различни книги и на различни факултети да учеле. Јас 2 гинеколози прашав дали смета во 1 недела да направам два пати ехо преглед(така се погоди) и двете рекоа нема никаков проблем. Други викат зрачење било. Или ништо не ти објаснува, па искачаш од ординација уште по збунета и уплашена. И после сме читале по интернет, се лутат. Па јас овде добив подобри и поиздржани совети и мислења отколку од докторката. Јас утре пак сум да проверувам крвна слика. Претходната недела ко проверив некои ензими биле покачени, ама докторот рекол може е од антибиотикот што го примав, па да повториме оваа недела. И утре сабајле пак на боцкање, попладне на ГАК (тешко мене Ама ајде дај боже да е се добро, па тоа е, таква ми била среќата Се гледа дека не ми е денот уште по сабајле ајде да не пишувам веќе, да не ширам негатива. На вас ви посакувам убав ден
Јас кога дознав за второто во 4 та недела, не бевме во Мк, и морав да чекам до 7 на недела и некој ден, за да го слушнам срцето, а не ми се одеше одма за да види дали има плод, бидејќи прегледот ме кошташе 90 евра. Едвај дочекав да дојде тој ден, 2 недели како 2 години Така што знам како ти е..само не ми е јасно што толку форсира на 4 недели, и мене така ми вика докторкава, ама си одам и порано ич не ми е гајле, и онака наплаќа. Ајде стисни заби, нареднава недела може бавно ќе ти помине, ама па затоа после додека да трепнеш ќе го родиш, па и згора на тоа ќе му чекаш роденден и ќе се чуддиш кај отиде времето Такви се првите недели од бременоста
Душо ,таквите живи сонови се нормални, мозокот во бременоста поинаку работи, затоа опуштено..играј аи со малото, малку повеќе прошетка, и релакс inlove:
И кај мене исто. Прв пат бев да ми потврди бременост, втор преглед мислам 6та недела не памтам видовме срце и после ми вика дојди за 6 недели на прв скрининг Издржав женски и храбро И сега кога отидов конечно за скрининг ми вика рано си дошла мало е, дојди за 2 недели. Ама барем го видов конечно после вечност дури и пол ми кажа. И еве сега и јас си чекам, уште една недела остана.
Исто и јас бев некаде 4та недела. А иначе док ми вика ако сакаш ќе те гледам ама да знаеш не е ибаво за бебето и одма те сече и после оди глеј го хаха. Морее со првово не ми беше вака дсли дека прво па не знаеш што те чека како а и покасно дознав и после една недела од тедтот слушнавме срценце. И брзо ми помина не дека ама ова ептен до сега споро ми одат неделиве.. изгледа дека е почеток
ау многу рано бе пол да ти каже. Претпоставувам дека некаде си 11-12нед штом за скрининг се спремаш поправи ме ако грешам јас памтам за со првото пол тек ми кажаа во 22 на скрининг пред тоа се криеше и женско. А викаат демек ако е машко и порсно ќе се види на ехо. Моево ептен се срамеше и само се криеше
Бев на 12+1. Се криеше цело време т.е. спиеше и скроз на крај се размрда и видовме куре Имам и сликичка
За ехото да не се секираш, јас правев две еха во два дена, ја прашав докторката на клиника и ми рече дека не е проблем, дека имало пациентки што понекогаш и два пати во денот морале да ги прегледуваат, така да за тоа ич не му ја мисли...а кошмариве нормална појава кај секоја трудница пробај да се опуштиш, ете утре си на преглед, па ако не се лажам и ситно броиш? Која недела си?
Според матичнава од последниот преглед сега сум 32+4. Според последна менс. и до сега како беше требаше да сум 33+4. Ми се збркаа лончињата сега при крај За опуштање, изгледа до крај ќе си терам вака со страв и нервози
Кажи кое мачење на мозокот е Ама после коа ќе го сеќавате да претка нема толку жедно да го исчекувате прегледот Јас си одам на 4 недели , некогаш и ден порано , а за скрининзи секако во Скопје одам, па уште плус преглед ми се фаќа