Ајде уште некоја недела ќе издржиш, не се секирај.... е сега за страв не верувам дека некоја трудница го нема, сите ние имаме мисли и стравови, еве и јас си имам, вчера морав да отидам на работа, седев четири часа таму и кога си дојдов дома стомакот цел ми беше стврднат, неможев да одам, ми се грчеше, еве и утрово кога ќе станам повторно ми се стврднува, некако послабо се движат бебиве.... ама си викам ништо не е, ќе помине, на крајот на краиштата како што сака Бог така ќе биде, јас и на глава да се наместам џабе ми е.... мораш мила за бебата да бидеш со позитивни мисли, ти си храбра мама, знам дека имаше доста проблеми во текот на бременоста, те гушкам, со лесно до крај
@KuklickaSk cestitki, da ste zivi i zdravi Јас мешиња пред малку се вратив од лабораторија, ја испив течноста за скриен шеќер еве помина 1 саат уште еден и пак ќе се вратам, ми се повраќа од благото затоа што сум гладна ми рекоа само вода може а од вчера поручек не сум јадена. Може малце ќе дремнам сега побрзо ќе ми помине времето
@KuklickaSk честитки живи и здрави да сте. Чудна работа, јасму германија морав да бидам јадена значи добар доручек и одам за скриен шеќер пијам течност и седам таму еден час бидејќи со движење можеле да се сменат параметрите. После еден час ми зимат крв и пријатно. У меѓувреме ме гледаше на ехо само. И можев само вода да пијам. Ако има нешто они се јавуват за резултатите. Фала богу, еве втора недела не се јавиле. Инаку за потврда на бременост направив ран тест инизлезе позитивен, бев на ехо рече 4 недела рано е не се гледа плод ама матката е спремна и бев за околу 10 дена или недела и имаше и срцева акција. Леле вечност. И сега секој месец е вечност дур дојде наредна контрола. Накај 7 ми месец одам 26+2 и како минува време се понестрплива сум. Ајде со бога напред да биде се како шо треба па кога ќе и биде време нека излегува. Верувам дека на сите трудници им е така, нестрпливи во исчекување а 9 месец е најдолг, како година е
@KuklickaSk честитки за Буци,што убаво,пркнато бебче Живи и здрави да сте сите @lavinija28 прв скрининг требаше да е со абдоменално ехо,но многу мрдкаше црвчето и мораше со вагинално за да измери. Последнуов преглед во 17та,прво вагинално за да се види дал ми се качила постелката,па абдоменално,и после пак се соблеков,свиткани и стиснати беа ноџињата а сакавме да видиме пол Денес ич не ми е добро,првпат вака,болка страшна имав во кичма па до колено се движеше,на лева страна.Многу језиво,особено кога седам.На апликацијава за бременост исто ми ја пишува како можен симптом,sciatica поточно,притисок на некој си нерв или пршлен.Едвај дојдов на работа,ми се вртеше од болка.
Здраво мешиња јас сакам само да ви се придружам во темава 14+6 сум па ке се дружиме имаме уште многу до крај , но со вас тука времето брзо лета , ве гушкам сите и на сите посакувам лесна бременост
Хај Денес на преглед, си го видовме бебенцето, пораснало Прво беше мирно, спиеше, па се размрда со прегледот и преткаше со рачињата и со ноџињата. Докторот успеа да го фати и видовме куре Прво мислеше да не е папочната, но после пак ги рашири ноџињата и ни го покажа Ај пренаталниот тест ќе каже дали е така или не. Кој ќе чека сега една недела за резултат, но верувам дека ќе биде сè во ред. Цервиксот 3,7 Денес 10+1, а според мерки 10+3. Убаво ми е
Ајјј курле едно Браво, што убаво Секогаш да те читам вака среќна Јас сум на работа, на пауза моментално и искрено, едвај чекам да дојде време да си користам одмор, па после породилно. Многу ми е мачно возењето секој ден до работа и назад, ама ептен. Исто ми беше и првата бременост, мислам стомаков ми се растресува и ја превртувам бебка. Мм ми рече да не возам веќе, он да ме носел, ама не е до возењето, туку самата вожња по скопскиве улици со дупки ми прави мака. Многу, многу ми е мачно, се мислам да земам боледување од матичната малку да одморам. Одма штом стигнам на работа ми почнуваат болки, знам дека е од возењето. Бевме со мм и малава пред некој викенд до Гиновци (и назад), и вечерта не можев да се соземам колку мачно ми беше и ме болеше и стомак, и нозе и се’. Два магнезиума морав да се напијам да се смирам. Ај ќе се издржи некако уште некој месец, си се тешам. За два дена во шести влегувам, ле-ле Лета времево. Одмарајте колку можете и не се форсирајте. Гледајте се и чувајте се, никој друг нема да ве чува. Јас упорно се форсирам, ама време е да успорам малку, сега сфатив. Убав ден на сите
Бев на контрола - беба е супер денеска сум 12+6 а беба е 13+5, тоаа напредно си е буце мало, а јас се нервирам за мало меше . брисевите ми се чисти, крв мокрача супер. е сега спомна за хепатитот ако се потврди сега во ману дека е позитивен изгледа ќе треба да се породам со царски рез посигурно било за бебето. а мене желба ми е природно да родам, ама ако е подобро така и така ќе биде само бебето да биде добро. Живци кинам со вирусов, неможам да уживам во бременоста од него
Фала ти мила Се надевам дека ќе биде се добро, бар да влезам во 9ти. За стомакот мислам и јас што си седела свиткана затоа ти се стврднува. Денес лежи повеќе, пиј повеќе вода и Магнезиум 2 на ден. Ќе помине. @Milicka* добредојде. Со лесно и убаво да си ја износиш бременоста. @0ли за цеевиксот што ти кажаа, рекоа да мируваш?! Верувај, не сакам да те плашам, само да спомнам, доколку можеш мирувај си повеќе, лежи. Оти повеќе доктори различно кажуваат па затоа пишав. Ова е само најдобронамерен совет, не е нешто да те испаничам Ќе бидат добри и резултатите од тестот, верувам
Не ме испаничи, без гајле Докторот рече супер е, башка како заоблен е каналот на ехото, па и подолг е од 3,7. Ми рече дека слободно можам да се движам, баш го прашав. Досега повеќе одмарав, но ми даде зелено светло да прошетувам.
@KuklickaSk честитки, стварно е буци, уживајте заедно!!! @flower30 сега те разбирам со болките низ цела бременост. Јака ти душа. И мене ме спотера последниов месец нон-стоп болки. Дење-ноќе. Ме пореметија. Вчера бев на последниот преглед кај матичната, воедно и прв ден на породилно. И моево е буце, 3200. Прета, мава, клоца. Сестра и не се одвојува од мене, бара да ја кревам, вика: земи, земи, срце ми се кине кога ја одбивам и некогаш попуштам. Башка и заспива кај мене на раце. Седната сум, ама сепак боли. А каде се кревања за менување пелени... И после се чудам зошто имам ненормални болки во кичма и препони. Денес бев на забар. Бременоста ја почнав со сите здрави заби. Сега имам воспалени непца кои крварат и 5 кариеса. The perks of pregnancy . Ама... Знам за што се жртвувам. Ја замислувам сликата како четворицата си шеткаме во парк на пролет, големата трчка, малата гуга во количка, мама и тато си пијуцкаат кафе и не можат да ја сокријат насмевката.
@0ли супер. Ми беше на мисла дали да пишам или не, дека мене докторите секогаш ми напоменувале за цервиксот. Супер што е ок. Сега шеткај и опушти се @kockichka тоа највеќе ми ги уништуваше деновите од бременост. Колку човек и да мисли позитивно, секојдневни болки и проблеми, препорака за строго мирување - сето тоа влијае на психа. И сега кога ми кажаа дека можам да се движам, јас пак не можам, имам болки. Ама тоа е, ќе се издржи. И јас, после нервирање и жалење, си седнувам и си ја претставувам сликата од нас 4ца како се гушкаме дома и молам Бога да е ок се и да помине се добро, кај сите
@kockichka и јас си ја кревам бебка цела бременост. Жал ми е кога ме бара да не ја земам во раце Прво тромесечие докторката строго ми забрани, дека големка и висока е мојава, 14+ кг имаше на година ипол, сега е преку 15 на година и 9 месеци. Ама и покрај забраната, ја кревав. Гледам да сум седната кога можам, ама ете кога сме сами морам да ја кревам за менување пелена, да ја легнам во креветче и сл. Тоа е, Господ нека не’ чува, се’ е во негови раце Ти си на крај ајде, ситно броиш Искрено и јас едвај чекам да се породам, некако вторава бременост ми е многу мачна, а и како да не биде кога веќе имам едно дете за гледање. Тек после бременостиве не’ чека журка тебе и мене Нека се живи и здрави само За забите, среќа јас ги проверив и средив пред да останам (непланирано) трудна Само пломби менував додуша, немав кариес. Сега ми се супер, исто и после првата бременост немав проблем. Генетика, татко ми и сите од негова страна имаа(т) исклучително здрави заби. @KuklickaSk нека е живо и здраво бебе, машала Побрзо опоравување ти посакувам