Jas vcera i rekov na doktorkata za merenje na cerviks i mi rece deka poslem 30 nedela ne sa merili oti on sekako se skratuval poslem 30 za tk da uzivaj
Мила мислам дека е индивидуално,,јас цела бременост ми беше 40,кога влегов во 9 ти ми беше 38.Не ми се намали.Не ни сакав.Секое добро
Здраво на сите, има некоја што има проблем со тироидната жлезда во текот на бременоста? Мене премногу лачење има, се испитуваат неколку вредности за тироидната жлезда и мене сите се океј освен една, границата е до 60, а мене ми е дури 442
Кај мене открија пред 2 недели. Никогаш порано сум немала проблеми, а имам испитувано. Кај мене ТСХ е покачено 5,3 ми е, а за бремена жена би требало 2,5 мислам. Дома немаме други случаи со проблеми со тироидна...докторката се посомнева и на грешка, па правец уште едно испитување, ама исто испадна. Друго испитував т3 и т4 во норма се, правев ехо на тироидна исто е ок, и не знам од кај вака. Пијам терапија за симнување на тоа тсх, и за 2 недели сум на контрола. Тебе што ти рекоа? Која недела си?
Со тие лепенки се одредува пх вредноста на вагината т.е на слузокожата за да нема бактерии или инфекции. Сепак исцедок имаме, мокрача исто е битноми тоа да се испитува. Лепенката реагира кога ќе ја залепи и менува боја и он си знае таму каква боја треба да е лепенката. Секаде е различно. Јас прва бременост у мк до седми истерав доле освен ехо и брисеви и таа инекција за крвна група ништо друго. Ни цервикс ни мервикс. Се додека е во ред се нема потреба за грижи. Инаку многу сум емоционална станета. Ќе седнам ќе ми се нажали нешто ќе почнам да плачам. Песна ќе слушнам ќе плачам, некој си клип на интернет глуупав исто солзи. После ќе ме удри нерва ќе почнам да се дерам дома по сите, катастрофа нервоза, плак, мм ми вели жено ти трудна да не си?? Вака сум цел ден.
Мислам дека не е во ред да се советуваат идните мајки на кршење на законот. Неколку пати пишувам за ова и ќе бидам досадна и понатаму. Законот за работни односи кажува дека ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да се оди на породилно (трудничко е друг вид што ние го немаме) отсуство од работа 28 дена пред предвидениот термин за пораѓање. Тоа е некаде околу 36+ недели. Тоа што во пракса честопати се злоупотребува и крши законот, не го прави помалку погрешно. Верувам дека @Dikinzi не мислеше ништо лошо, можеби не си знаела, но сепак законите треба да се почитуваат секогаш, а не само кога нам ни одвовара. Инаку џабе ќе плукаме колку не чини државата, ако ние сме лошиот пример. Се надевам дека не звучев страшно, не ми беше тоа намерата. Ве гушкам
Девојки од која перница за трудници сте задоволни ? Од која страница на фб и од кога ја нарачувате ? Почнав да имам мака со ооовината 15+0 сум.
Епа мајки со лесно нека ви бидат бременостите и породувањата, јас од денес ја напуштам оваа група после долги 42недели! Се роди моето бебче, второ па пак машко, љуби га мајка! На крај моравме да го испровоцираме ради намалена плодова вода и сомневање за мааалку пукнат водењак, и он храбро до последен момент нејќеше да излезе. Мама се отвори 8цм за пола саат и после епидурал чекаше 4 саати за 2цм. Бебе е срцка, на мама и се спие. Инаку незнам што би правела без епидурал, можам само да кажам браво и среќно за тие што не го сакаат или немаат можност да го имат!
Не не, не звучеше така, и искрено да ти кажам јас не ни знаев дека е таква работата. Ја сум осигурана кај сопругот, и не го знаев ова. А од други што ми кажувале, е дека можеш да земеш трудничко и дента кога ќе се породиш. Барем јатрва ми така направи, бидејќи си имаше своја фирма, дента кога се породи , мажот и го отвори трудничкото, мене термин ми беше на 13 јули, го земав на 1ви Јули, а се породив 20 ти Јули. Затоа ја си дадов таков совет, поим немав оти законик имало
Фала за информација, ете да научам како Германците го прават тоа, искрено прв пат слушам а и многу ме бендисува начинот на испитување. Ние тука у Мк сме малце олд скул А за плачките , нервозата, па смеење па после дерење..не ми кажуј Мислам бетер сум од тебе
Исто и мене ме интересира, Од кога почнавте да користите перница ? Дали вреди да се купи? Помага за подобро спиење? Јаас уште спијам на стомак ама некако се повеќе и повеќе ми е неудобно и само се вртам у спиење положба неможам да најдам никако, а цел живот спијам на стомак.
. И кај нас испитуваат така, само не сите доктори веројатно и не на сите трудници, претходната бременост секоја недела сама си мерев а сега на секој преглед ми проверуваат пх. Брисевите плус нормално
Здраво дали некоја од вас знае колку се плаќа за торч на гак со упат од матичен гинеколог утре треба да правам