Завршив денес со прегледот на ГАК пак со нервози. Отидов, ми рекоа не требало ЦТГ, рано било. Ме прегледа една млада докторка, не ми кажа ништо,иако и реков имам менструални болки, само ми постави неколку прашања, дали била добра хемостазата, дали до сега имало некаков проблем со бебето, се ли било добро и таква тивка вика ај дојди во друга ординација кај друга докторка да те види. Нозе ми се стресоа. Чекав скоро цел саат. Не дишев од страв. Дојде друга докторка, мислам др. Наташа Илиева и пишуваше на картицата. Едвај најде ординација кај што не се чека, таква тивка без да објасни. Ми постави исто такви прашања, имало ли проблеми со плодот досегашниот , имало ли во фамилија кај мене, скрининзите добри ли биле до сега. И на крај само рече, сакаше другата докторка да видам, што е до мене добро е. Чао. Се вратив кај првата докторка, не гледала убаво некои засеци кај главчето и затоа ме препратила да види докторката. Цтг немало да правиме, рано е. И да мерам движења на бебе. 10 движења преку ден и 10 преку ноќ. Како можам да измерам 10 движења додека спијам, еве не знам. Излегов од таму, од страв и стрес тие 1,5ч што чекав, во кола се изнаплакав. Мм не сфаќа зошто, ми рекле ок било. А додека да кажат ок(и плус сама бев таму) срцево лешник ми стана. Капак на се, може нема врска, ама имаше сопруг на една трудница се уби од кашлање во ходник. Сега и јас почнав да кашлам. И сега пак сум си со менструални болки, со стрес од прееска, со страв дали ќе избројам 20 движења дневно....... Жими се, полудев со оваа бременост. И се ми е измешано во глава. И си викам, како немам финансии да одам приватно и на преглед и на пораѓај..... Ама тоа е... Извинете на постов, така ми е тешко и морав да пишам. Добра ноќ
@flower30 навистина ми е жал што бременоста ти поминува со константни стравови. Искрено, имам впечаток дека твоиве ставови имаат поинакво потекло, колку што имам запамтено си некаде 2-3 недели пред мене, збачи 32-33 недела. Дури и болките да стануваат вистински и да се крати цервиксот, а упорно ти кажуваат дека не се крати, не разбирам зашто се плашиш, ако протоците се добри, на ехо се е супер, болките не укажуваат на ништо лошо, зошто толку на срце си ставаш какви се докторите каде што одиш. Нормално е, одиш кај различни и не ти ја знаат историјата туку ти кажуваат што гледаат во моментот. Зошто и чекањето ти било стрес ако ти кажала дека сака да те види и друг доктор, ако била млада докторка уште подобро, те виделе две различни и те прашале се што поврзале со состојбата. И зашто не ги праша како тоа да броиш движења, особено ноќе, зошто излегуваш без да ти стане јасно. А дека некој кашлал па ти за 15мин ќе се разболиш, тоа не иде така. Секој вирус има период на инкубација. Пак ќе ти кажам мислам дека за овие стресови џабе бараш утеха во гинеколозите, можеби требаше со некој психолог да поразговараш. Извини ако било што од ова те навреди, ама, имаш здраво дете дома и уште едно на пат, а вакви стресови доживуваш. Јас имам хорори преживеано во обиди да добијам дете, ама до толку не сум паѓала психички. Ај држи се, на крајот си, неколку недели се во прашање, пробај разведри се со спремање за бебе. Нема посилни суштества од мајките, не заборавај, имаш сила и можеш ама треба да си ја пронајдеш силата
Се согласувам со @Autumn_ се што пиша. Самиот стрес и самата психа прави да си имаш проблеми во главата и да имаш грижи. Ако два три доктори ти рекле се е е во ред значи така е. За броење на движењата на бебето малку ми е чудно затоа што не секој ден мрда исто, плуд навечер како шо пиша соиеш и како ќе осетиш ако се некои лесни. Преку ден гледај на колку време мрда, и навелер додека си будна исто и запишувај си. Кмаш фамилија дете дома уште едно на пат, смирено и уживај си во бреѓеноста. Мажите не можат нас да не разберат, комплицирано е сето тоа за нив.
@Chuchu честитки!!! Додека наминав да ви пишам дека уште ве читам, да ви раскажам еден сон (скоцкан во некои од тие 2.5 саати сон што ги сврзува навечер). Доаѓа декември, нова година.. после тоа јас правам тест - пак сум бремена. Исто ко за синко. Од еден тест до друг - една година. Значи бебиња - една година разлика. Бескрајно избезумена. Бременост после 3 месеци од царскиот. И сѐ што сум се секирала е што ќе ми речат докторите, а јас многу сум сакала да ја зачувам бременоста. Очигледно ми фали малце да сум трудна. ))
Мешиња да ве прашам, последни брисеви, уринокултура такви работи кога? 35та недела сум, утре сум на контрола и прво цтг, па да знам што да побарам, зашто овде по процедура брис и урина еднаш се проверува на влез во второто тромесечие. Друшке по кандида! Е ај кажи што да и' правиме? Буквално цела бременост, што не брцнав, со што не се одмив и намачкав. Последно докторката ми предложи таблети што се пијат ама некако ми е шубе. Пошто рече демек како последна опција се нудат па страв ми е да не имаат некаков негативен ефект. При крај сум и не знам што да правам.
Во право си, не се навредив. Отидов сега дека матичната ми рече. Не одам ако немам болки или проблеми. Може и сум хипохондрик(а признавам имам голем страв), ама ете шубе ми е да ме боли нешто сега во бременоста, а да не отидам на преглед. Знам дека сето тоа ми влијае и на психа и на секојдневниот живот, ама писилно е од мене.
Јас ја влечкам од првата бременост. Сега последно и докторката се запрепасти вика ова не е нормално веќе. Страшна кандида. Ми даде гинодактарин по втор пат оваа бременост и ако не бива да одам да ме премачкува со нешто. Ги завршив вагиналетите, намалена е, но осеќам дека не е излечена, од време на време пак бел исцедок, густ. Веќе 3 години ми збогтиса, не знам што са правам Наредната недела сум на контрола, можеби ќе почнеме и со мачкање внатрешно, ќе пишам ако има нешто ново.
Денес ги зедов резултатите од брисеви и крв. Знае некоja мама или идна мама што е позитивна рубела? Брисевите ми се чисти. Се загрижив...
Верувам дека сте пробале на многу начини да ја излечите, но да пробам да помогнам. Дали имате паднат имунитет? Дали внесувате повеќе од умерено тестенини и шеќери? Дали внесувате доволно пробиотици? Џабе ставате вагиналети ако не припазувате на овие ствари. Ставете се на 'режим' еден месец и пишете после резултати. Подобрувањето на имунитетот е клучно.
IGG значи дека имаш имунитет, и добро е што е позитивно. Имунитетот ти е или од тоа што си прележала или од вакцина.
Еве и јас на рапорт-правев приска и за даун. На приската стои low risk. Според моите гоодини (32) ми кажа статистички колкав е ризикот но со оглед на состојбата на бебето, со сите параметри, ризикот многу се намали.Плацентата била на преден цид-тоа било нормално. Ехото беше абдоминално, бебушот беше ок според мерењата што се правеа. Многу беше размрдано и пресмешно кога еден момент се напрчи баш со газето . Кога и кажав на докторката дека мојава др ми рече дека е мн ниско, да лежам кога можам и да пијам течности за да се поткрени-ми рече тоа се живи глупости, до 12 недела плодот е долу зад коската и овој период е нормално да е таму. Ми рече да не залегнувам никако. Инаку јас сум 13 недела и 4 ден а малово било како за 14 недела (понапредно). Сега ги чекам сите резултати од неделава што правев брис, крв и одам кај матичната да ги види. Со Господ напред, само се' да е во ред