Како сте идни мамички? Честитки до новите мами живи и здрави бебушите. Ние со бебо си се мазимем убав на мајка многу е умен. Имавме малку грчеви и какањето ни оди потешко денес си се меревме сме пораснале 350 гр за една недела мама млеко нема па сме на Ад ни дадоа пробиотик Линекс и ни рекоа чајче од Анасон па ќе.видиме како ќе ни оди какањето
Сите овие работи ги знам, ама за жал не ги применувам, посебноста сега, без благо тешко. По пораѓај ќе пробам со режим . Инаку тој краток период кога ја немав после првиот пораѓај, беше периодот кога држев диета, така да, точно исхраната е многу важна.
Пробај да си ја задоволуваш потребата за благо со овој протеински пудинг. Го има во сите големи маркети. Ме спасувал дури и во пмс
Ауу пудингов е спас за некој со скриен шеќер како мене. Го јадам за ужинка и да не сум помислила на друго благо веќе 3ти месец. Има 3 или 4 вкуса, карамел, ванила, чоколадо и чоколадо со кокос.
Женски кажувајте лек за настинка неколку дена сум веќе со затнат нос, не можам ни да дишам ни да спијам... Ставам марисол капки но не помагаат многу, лимон и чај од липа пијам, супа со бибер но нешто тешко поминува... Нешто ефикасно споделете
Мене ништо не ми помогна. Пробај земи гастро гард може тебе че ти помогне или ладно млеко кисела вода јаболко пробај
30та недела сум и ми се спие како на почетокот од бременоста, кога ќе ме фати дремка се борам да останам будна а имам дете што цел ден е со мене. Нели е рано вака да изгубам сила а не влезена во 8ми месец?
Да не си станала анемична? И јас така во средина на 7ми почнав да припаѓам, испадна железото ми паднало.. Провери си крв ако немаш проверено скоро
И мене многу ми се спие, проверував крв претходната недела, беше добро. Може и од промена на времето, а може и ни снемува сила веќе при крај
Дали го правевте третиот скрининг ? Тоа нешто ново е.Пред 3 год имаше само два скрининзии и толку Ме збунија кога ми кажаа ама како и да е каснам бидејки сум 30+4.
Еве ме 29та недела иста, поспаност, омалаксаност страшно се ме изморува, дури и на моменти како вртоглавица ама сигурно ми е крвната слика така што утре сабалје ке проверам морам.. тотемана неможам да ја пијам одвратна е.. ке барам таблети нешо фероглобин или било што.. тие знам дека ми помагаа и претходно.. провери си и ти за секој случај.. сега викаат дека најмногу земал бебушот од нас.. а јадам бадеми секој ден, сркам на гладно мед со семе од коприва со бадеми, лешници и ореви, пијам какао, јадам цвекло, спанак и еве ме едвај мрдам.. знам неможе веднаш, но нервира кога си вака омалаксан..
Еве и мене неколку денови ми се спие повеќе, предремувам и дење што никогаш не било обичај за мене, мислам дека и променава на времево влијае, исто и јас имав вртоглавици и главоболки, бев убедена дека крвта ослабела, но не, за месец дена ништо не се променило, железо 14, хемоглобин 11.7, според матичната и двајца други доктори што се консултирав нема потреба од суплементи, ако треба од нареден месец ќе земам хеферол, така мислам дека ми кажаа, капсули биле и не биле толку одвратни, ме интересира колку ви беше железото и хемоглобинот кога ви препорачаа да пиете суплементи?
Последно кога проверив беше 106ка хемоглобин со 6ка железо, а пред тоа за една недела ми падна брзо ми беше 114 хемоглобин со 8ка железо.. затоа си викам да не е до тоа.. затоа утре ке проверам пак.. А денес и низок притисоков 100 со 47 сабалјево се штрекнав па пиев газирано се накрена.. ми влијае мн и времето.. и јас сум енергична само нешо правам ретко да дремнам, а сеа само на спиење ме тера, насабалје неможам да се разбудам Супер си ти со 14ка железо.. сигурно на сите ни влијае времето.. едвај чекам да се накренам да функционирам нормално пак.. мериш притисок, да не ти е низок?
Притисокот го мерам сееекој ден и тоа не по еднаш, по 2-3 пати од страв да не ми е висок... ама фала ми на Господ цело време се движи од 100-110 со 55-60-65 и не се жалам така нека остани, подобро понизок него ли висок