Богами да и јас од тоа само се штрекам ама подобро понизок.. затоа и аспирин пијам навечер за циркулација као демек го регулира и притисокот..
Дојде многу малку не му стигаше ми падна на килажа момрекоа дохрана да давам пробав и се одмолзував едвај 30 мл од двете па намали на 15 и снемав
Ниту јадам како што треба ниту пак сум проверила скоро, обично немам проблем со крвна слика и затоа не ми текна дека може е од железото. Ми дадоа капусли минатиот пат за железото ама на погрешно прочитана крвна слика па ги прекинав, можев барем по една да пијам за да го одржувам ама и таа ја заборавав, а плус и многу се комплицирани со тоа 2 саати пред и после да не се јаде млечни производи, кафе и јајца и не знам уште што. Си реков ако ги пијам да ги пијам како што треба за да не биде само дека желудникот го оптеретувам а ништо не се апсорбира
Само од себе го снема ? Надуени и болни гради немаше ? Кај мене првото до 6 месеца ми цицаше, од неколку месеца беше неколку пати цицање, и 2 пати дохрана, и после веќе не биваше. За второво ќе се потрудам повеќе.
Speaking of поспаност... Да се пријавам и јас. Не само поспаност туку и ужасна главоболка кога ќе станам сабајле веќе 2 дена. Ми поминува дур стигнам на работа, така да се издржува без да пијам лекови. Мислам дека се синусите, сега на ова време знаат да се побунат. Читав нешто топли облоги на чело и на лице, ако почнат премногу да ме болат, па ќе видиме. Инаку мамички како да бројам движења на бебо. И мене ми рекоа по 10 на 12 часа. Ама мој буци знае да се заигра и да мрда 5 мин без престан, тоа се брои како 1 или да бројам удари во тие 5 мин? Го прашав и тој докторот од ГАК, како да бројам и ми вика Ќе гледаш мрда или не мрда... и пак ништо не ми објасни. Јас мислам дека се бројат удари откако ќе почна да мрда, ама ајде не знам. Инаку во текот на денот си го знам кога си мрда во серии од 5-10 мин, значи 2 серии навечер ако станам во вц, дур се занесам пак да заспијам, на работа после 1во кафе имаме пак серии, па после доручек пак серии, па потоа после ручек, дома кога ќе дојдам и ќе седнам да одморам пак серии, после вечера пак. Така да ако бројам серии не се 10, ако бројам удари во серија ги има по 10.
Ајде и тука да видам што ќе ми кажете. Колку е граница жта за шеќер во крвта во бременост? Во друга тема прочитав за бремени <5.1 а как резултатите си пишува од 3.8-6.5 ? Јас мерев и ми 5.1 дигнав паники малце ама ми викаат добар е. На преглед сум тек наредна недела...
Не кревај паники супер си. За бремени жени идеални бројки се На гладно на сабајле <5.3 mmol/L. 1 час после јадење <7.8 mmol/L. 2 часа после јадење <6.7 mmol/L. Е сега јас зошто имам шеќер кај мене докторката ми толерира на сабајле на гладно под 5.7 да ми биде. (иако уште се борам со таа бројка. Еднаш ќе е 5,4 другиот ден ќе е 6) Ти не му се секирај, направи испитување за скриен шеќер за да бидеш на чисто и не му се секирај.
Да само цицаше додека беме во болница и дома 1 недела па комбинирав молзено цицање и дохрана ама сненав. ненам ни болни ни надуени меки како крушки
Ќе видиме докторов што ќе каже.. леле тој скриен шеќер кога ќе помислам... во првата бременост цели 9 месеци ми беше 4.3-4.6 и некако таман ми се гледаше сега дека 5ка и одма паники
Тоа е душо, те разбирам потполно. Јас е претходно пишав, како новопечени во глава само размислуваме што да купиме, креветче,алишта..и се фокусираме на неспиењето и колку ќе биде мачно кога ќе стаса бебето, а не на грижата после пород и на доењето. Ама тоа е, од грешките се учи, да кажеше порано, да ти дадевме совет, иначе на фб може да се лајне страната Поддршка на доењето, се што ве интересира можете таму да си прашате, или да прочитате, пошто скоро секоја мајка се соочува со слични проблеми, а верувам ќе бидат доста од помош. Убав ден и галење имајте inlove:
Неможам да се изначудам со броењево на удари, па на @flower30 дури и ноќе и рекле да брои, зошто всушност да го правите тоа не ми е јасно кај мене како што се две јас никогаш незнам кое бебе кога клоца, во една постелка се и се туркаат души мило мои, како растат ќе си сметаат
Абе треба да си претпазлив јас не велам не, ама некој доктори ти влеваат страв непотребно. Мене ми е кажано зошто со скриениов шеќер, има ризици, па треба да внимаваме. Ама докторите не разбираат дека на половично кажани работи создаваат поголеми стресови. Како и да е јас сум оптимист и не дозволувам стравот да ме обземе. Се ќе биде во ред. Исто и со @flower30 силно мами, уште малце и ќе гушкаме посерковци
Инаку мајки читав по форумов за цуцли, шишиња, детергенти, пелени, козметика и ред др. работи и стварно сум збунета и незнам какви да купувам, толку многу различни производи и искуства....како се одлучувате вие за производиве, по препорака, читате или???
@Vanessa9li @lejlla мене ме зачуди дека сите викат 10 удари на ден, докторкава од ГАК вика 20 удари во 24часа. И знам, лудо е, ама овие 2 дена сонувам сонови како бројам удари на бебе ноќеИ што е најинтересно, секогаш не можеш да изброиш точно. И ми рече докторкава, ако подолго време не го осетиш, да легнеш на лева страна 2 саати да мируваш и во тие 2 саати мора да има над 6 движења, подолу од 6 удари да дојдеш на преглед. Испадна ова rocket science Јас приметив, моево повеќе се движи кисело кога јадам отколку благо(љуби га мајка, цело е на мене Инаку, @lejlla јас од искуство со малата - козметика за бањање најубава ни беше Веледа(пробавме Логона, Бекутан, Мустела) . Прашок земав Персил Сензитив, без да користам омекнувач. Шишиња, иако ретко се спомнувани нас најдобри ни беа стаклените шишиња на Чико. Цуцли на Томи Типи. Пелени менувавме неколку и пак најдобри беа Памперс. Ова се од искуство. Ќе си пробаш, не е ништо страшно. Освен што ќе "удара по џеб"
И уште нешто да спомнам, што кај нас за малава беше екстра корисно(не дај боже да треба де, ама деца се). Има на Мустела затоплувачки гел/крема за бебиња од 0+ месеци. Го немаше една година и јас го барав од други држави. Ама многу е добар. Кога пример бебето е затнато или не дај боже блага кашлица се мачка сабајле и вечер. Многу, многу и помагаше на ќерка ми.
Дали се фарбате за време на бременост? Јас заборавив да ја прашам докторкава, а на нет гледам поделени мислења....
Јас се фарбав до сега еднаш. Прво страв ми беше, ама читав и тука се фарбале. Е сега мене докторката ми рече може да се фарбам, ама со хидроген не повеќе од 6%. Фризерката и други трудници ми рекоа нема врска, се фарбале и со 9%. Ама шубе ми беше и со потемна фарба се исфарбав
Јас избегнувам ма да и немам некоја потреба од фарбање.. чисто од мерак се фарбам секогаш. Дента пред да го направам тестот се исфарбав и толку сега ќе паузирам
Се исфарбав и во првите два месеци и сега во 6ти, ми излезе потемна иначе се фарбав со фарби без амонјак подобри ти се.. сега следно после порагај