Секој различно ќе ти каже, а и секое дете не е исто, некое поднесува една работа, друго друга. Шишенца јас само стаклени земав, пластика не сакам ама коа ќе почне само да држи шише сигурно ќе мора пластика. Се фарбам јас еднаш месечно. Околу доењето јас сум со став дека ако оди како ,,подмачкано'' ќе го дојам ако не ич не форсирам, не сакам ни јас ни оно да се нервираме. Има алтернативи и не е страшно. Мразам коа ќе видам дете да вришти, мајката упорно бута града, ова се трга, после бебе нервозно мајка ненаспана. Знаеме дека е корисно доењето ама мразам форсирање за било што.
Јас одлучив да не се фарбам. Првото тримесечје знам дека не треба, едно време мислев дека после 13 недела еднаш ќе се исфсрбам...ама после одлучив дека не. Иако имам многу бели влакна Не ми е гајле до толку и терам.
Знам дека имаш едно детенце. Консултирај си се со педијатар и не дај боже, нели настинки сега се чести, ако има потреба пробај. Дај боже да нема потреба, да се здрави сите дечиња
Ами градинка одиме, еве цела недела се инхалираме, и шурупче пиеше , сеа поткашлува, мрсулчиња уште си има. Ама ова ми се виде како добра идеја, оти мама само ми вика мачкај и сало да и омекнат градите Ама ќе ја прашам докторкава обавезно за ова l:
Добро, салото е совет од сите постари Кај нас многу вршеше работа, и лани ни требаше, се јавивме во сите аптеки во Скопје, ни кажаа не го носеле. Па преку фб. Една жена ми се понуди и порачав дури од Италија. Сега пред некое време мм рече го видел пак во аптеките. Се надевам дека го има секаде.
Јас пак вас ви се обраќам. Упорна сум на темава, иако воопшто не е за тука мислењево. Дома сме недела дена, се гушкаме, бакнуваме, храниме, какаме, мочкаме, наниме... Секојдневно се заблагодарувам на Господ што го доживувам ова. Конфузна сум уште... Плачам на секое кога ми се во прегратка... Љубов неизмерна. Нема зборови што можам да опишам. Мислем дека ќе бидам посилна мајка, поминав многу за да допрам до нив, а сега сум како друга личност. Слаба сум многу.. На нив.. Полни раце љубов. Ве гушкаме сите, особено имате топли гушки од малите рачиња на Јордан и Михаил
@bela.m мене ми е многу мило што пишуваш овде, особено што од секогаш па и сега од твоите постови зрачи позитива и смиреност и тогаш кога не ти беше баш лесно. Сите (што имаме дечиња) сме го доживеале тоа на почеток. Ти, ете таа среќа ја дуплираш секој ден. И дај боже секогаш вака да те радуваат, да ти ја топлат душата. Многу прегратки до тебе и твоите душички од форумските тетки
Во болница многу внимание ми обрнаа во врска со доењето пиев и чаеви и се ама тоа e ми беше жал се нервирав сета исприштив и тегнев со пумпа ништо сега барем знам не е гладен
ви влијае промената на времето? мене од вчера,завчера ми е лошо,глава ме боли, омалаксана, поспана. замижана,енергија никаква Инаку денеска сум 13+2 контрола кај 17-18 недела, некако многу далеку ми се гледа, кој ли ќе издржи
Друшки мои, мерак ми е да ве почастам со овошни коктели, денес славам 5 години од брак со мм. Инаку сме над 11 години заедно и пред тоа 5 години најдобри другари (со очигледна меѓусебна привлечност ). Ви посакувам и вас многу љубов со најблиските, а особено со дечињата
Среќна годишнина, да ви се множат годините поминати во среќа и изгубени нерви од женските И вие сте заедно отсекогаш, како јас и мм (16 години, од кои 12 во врска и останатите во брак)
Среќна годишнина уште многу години поминати заедно и многу дечиња. За мене ако може коктелот од лубеница
Мене не ми влијае времето Обожавам вакво време и баш сум расположена и ништо не ме боли Ќе помине брзо времето до преглед.
Разбирам дека е совет, и дека делува, ама се мислам нејќам да ја мачкам со тоа оти мириса, па оваа опција ти што ја пиша по убава ми се виде искрено Затоа ја си прашав
Жено , плачи плачи и плачи колку ти душа сака за нив ! Допрва ти иде плачењето Тоа е мајчинството, тоа не е слабост Плус и хормони, норжално е тоа,ќе се стабилизираш за неколку недели , бацки и гушки назад inlove: