Женски, да ве прашам, прв пат вака ми се дешава, неколку дена по ред, додека јадам, за време на јадење ми се креваат цревата, не јадам обилно, ама знам понегокаш и обилно да јадам како на пример орееска појадокот, си викам ај ќе помине, бебе веќе притиска на желудник па нормално е. И само што се најадов, немаше ни 30 сек, сетив хранава почна да сс враќа, седнав почнав длабоко да дишам за да се амирам, ама не помогна, станав ј едвај стасав до судоперот. Цела се олеснив, се што јадев отиде..си реков за што готвев. Легнав преспав се смири, станав ѓубре да фрлам, пак црева ми се кренаа, малку нескафе се напив и сеа сум така така...на некој друг вака слично му се има десено ?
И јас чувствувам вртоглавици неколку дена.. И се чувствувам како омалаксана.. Немам сила за ништо... Се што ќе почнам по бавно го извршувам... Силата ми се намали.. Дали треба да почнам да одам на преглед кај докторот таму кај што ќе се пораѓам?
Девојки оваа тема ми е поактивна па ете и тука ке прашам , дали промана на бојата на вагиналниот исцедок секогаш значи инфекција ? Денес ми земаа брисеви и уринокултура, два пати пиев антибиотик досега за уринарна инфекција , сега и вагинално проблем , збунета и исплашена сум мн , 15+2 сум , иначе и мокрачата ми беше матна но тоа го препишувам на бубрезите имав мака со песок , пиев пролом вода па може се размрдало , ве молам за совет додека ги земам резултатите .
Мислам дека не е баш така црно-бело со доењето, и дека форсирањето доење се исплати, ама секако секој си одлучува. Сакав да кажам каков контраст беше моето, од бебе што со месеци не знаеше убаво да цица, со 100 проблеми ама издржав д го дојам, до бебе што толку убаво после си цицаше, мераци. Не осетив заби растење, 100 вируси лесно поминати на града, секоја ама баш секоја плачка можеше со цице да се смири, успивање без нишање, не мислење на ужинки, ама многу ми помогна тоа што го доев, не знам што ќе правев ако се откажев рано а исто викав што дека го дојам изморена и фрустрирана, ама навистина ме награди после
Матна мокрача не мора ништо да значи. Можеби не си пиела доволно вода деновиве. Исто и исцедокот не значи инфекција. Ако мириса лошо, има друга боја освен бела или проѕирна и те чеша можеби значи нешто, ама вака чекај си резултати па ќе видиш.
Кој имаше неќна проблеми со повраќање ? Да не вртам назад немам сила..нека каже како помина, и за колку време се смири ?
Женски, како да ја намалам потребата за благо? Чувствувам вина кога јадам...ајде 2 коцки чоколадо не е ништо но јас не запирам на две и тоа повеќе пати во денот си каснувам...
Можеби имаш силни киселини и тоа те тера на гадење и повраќање. Се’ зависи од организам, пробај со јаболко, кисела вода, ладно млеко, непечени бадеми или бисквити, може да ти помогне и чај од камилица, Рупурут или Гастро гард, Против гадење Антиметил помага, на база на ѓумбир е, но кај секој различно делува одреден производ, чај или лек. Експериментирај и ќе видиш што ќе има ефект кај тебе, но најдобро консултирај се со доктор, да не зимаш лек на своја рака, освен да пробаш со храна да санираш.
Јас сум 16+5 и уште маки мачам со гадење и повраќање. Ми ги препишаа антиметил ама не ми препорачаа да ги пијам и не сум земала ништо, си трпам за жал.
И мене ми ги дадоа и ги пијам веќе 2 недели ама ништо. Се мислам да прекинам пошто не ми прават никаква разлика. На база на ѓумбир се и си викам боље чај од ѓумбир да си направам него апчиња да пијам.
Јас на сила бутав и чај од ѓумбир, и од ментол, и од нане, и крекери солени..... Ништо.... Едноставно ми се лоши и тоа е. До кај 13та недела беше полошо, сега е подобро, помалку повраќам ама си осеќам мачнини цело време.
некни вечер така, каснав повеќе благо од спиење станав се испразнив од киселини од нз и јас од што беше.. се исплашив малку.. после по 5-4 саати повторно се испразнив цела се изнаповракав.. се ми се врати од желудник.. зошто и јас нз..
Денеска проверив крвна слика 104 хемоглобин со 4ка железо, др ок си беше и низок шекер за чудо обично ми е нормален сега испод нормала за киселините гастрогард ми даде општава матична и за железото некои таблети за џвакање не се секавам како се викаа, утре ке ги земам тие.. така да си велам ке се накренам