1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.289
    Пол:
    Женски
    Мешиња, дали нарачувавте од некаде гнезда, постелина и оградици за креветчиња? Се двоумам незнам од каде да нарачам. Да бидат со убав квалитет, и не толку скапи.
     
  2. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    I mene mi e tocno :)
     
  3. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.885
    Добра ви вечер.
    Јас сум 9+4 и никогаш до сега инфекција сум немала, еднаш имав повеќе бело прање и некакви бактерии но со 3-4 вагиналети го решив. Пред 2 недели на прегледот на ехо докторот ми кажа дека имам многу бело прање ама јас мислев дека е поради тоа што бев настината. Еве гледам уште го има. Не знам дали е во ред дали не е. Не мириса никако, не ме пече,не чувствувам ништо.
    Е друго што ме загрижува е тоа што за време на секс многу лош мирис имам од вагината некако грдо ми мириса никогаш така не било. Читав некаде дека можеби од бременоста е,некаде пишува дека само јас го осеќам бидејќи ми се изострило сетилото за мирис,некаде пишува дека исхраната ми ја пореметила ПХ вредноста. Нема кај кого да направам ПАП и брисеви во текот на неделата,а за викенд кога си одам не работат, така да ќе морам кај некој непознат доктор тоа да го правам... Но да слушнам ваши мислења,знам дека работава е за на гинеколог,најубаво ќе знам,...
     
  4. malecko5

    malecko5 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    1.141
    кај мене не е точно
     
  5. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Здраво мешиња,
    29+3 сме и некако во последно време постојано имам течна столица или дијареа, тегоби во желудник или грчеви во мешето.. темна ми е столицата (иначе моментално пијам реферум за железо, а пред тоа тотема кои не ги поднесував а некако ни овие.. само две се имам напијано некако се ми е одвратно) приметив и како црни точки или ресички во изметот.. дали има место за паника.. да барам мислење од доктор или...?

    инаку пред да останам трудна постојано бев со капсови одкако сум бремена дијареа и на почетокот од самата бременост.. ама сега во последно време нз што и да каснам ми реагира.. некој со сл искуство.. ?
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.885
    Јас сум 9+4 и имам многу темна столица дури и црна е.. Некогаш течна но многу почесто е тврда едвај одам во ВЦ. Не знам што да ти кажам прашај што совет ќе ти даде докторот..
     
    На Miss.N му/ѝ се допаѓа ова.
  7. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.912
    Допаѓања:
    142.579

    И јас тој период имав секој ден течна столица. Пиев секој ден пробиотик Провен. И др. Корнелија од Систина ми рече пожелно да се пие пробиотик секој ден дури и до 2 месеца (регулирал цревна флора). Само што го испивав одма поминуваше.
    За столицата мислам дека е таква од таблетите за железо, ама можеш пак да си зборнеш со докторот.

    Е имав 2-3 дена и јас такви симптоми ко дијареа проследени со грчеви во стомак и се јавив на гинекологот, ми рече тогаш ако продолжи до вечерта да одам кај општ матичен да ми даде Ентерефурил, дека ми било стомачен вирус. Пиев Ентерофурил 3 дена(толку се пиеле), пробиотик и Електролити, ми рекоа да внимавам на исхрана и помина.

    Доколку си во можност консултирај се со гинеколог, кажи и за симптомите и види што ќе ти каже. Периодов е за никаде- секакви вируси има, а ние со послаб имунитет и се се собира.


    Инаку и јас денес помалку го осеќам бебуш, и сафра ме фати. Ама ја прочитав @lejlla и во право е. Имаат и бебенцата некои денови кога се поспани. Само некои доктори не знаат да го кажат тоа па ствараат и паники на нас. Разбирам и дека нивна работа е тоа, да ни укажат и како е медицински, ама секој организам е различен. А они некако се водат шаблонски.
    Инаку јас конечно после подолго време:)закажав за депилација на препони. Треба да одам и за брисеви. Денес, според последниот преглед кај матичната, сум 33+3. Па се мислам кој ден да закажам за брис. Кога бев последно на Клиника, заборавив па се вратив да ја прашам докторката, прегледуваше па сестрата од врата ја праша и рекла не е битно дали 33 или 34 та недела ќе бидат брисевите. Како и да е, да се спремам јас:)

    Деновиве некако ми беа ок, денес доста нервозен ден. А и знам, досадна сум, ама ме фаќа и страв од пораѓај:(. Се надевам ќе биде добро.
    Имајте добра ноќ :hug:
     
    На Andonia, mal.ecka, duffi и 9 други им се допаѓа ова.
  8. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.847
    Допаѓања:
    95.233
    Пол:
    Женски
    Женски,едно чудно прашање.
    Мешево некако ко на лево да ми е повеќе,нормално ли е?Не се гледа мислам,но кога сум навалена или лежам си фаќам “топче” баш на лево,мислев треба да е под папок:wasntme:
    Многу ми е смешно и само си го фаќам.

    Столицата ви е темна од суплементи со железо или јадење таква храна,цвекло на пример.
     
    На green.eyes, Sexybaby86, Lorins и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    јадам деновиве и блитва спанак мед.. брокула.. цвекло поднамалив.. аа црните точки може да ми се од медот со семе од коприва дека..
     
    На Andonia, green.eyes, lejlla и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.421
    Допаѓања:
    18.661
    Јас во 34та правев брисеви.
    За стравот од пораѓај, јас помалку страшно го замислував од што го доживеав и во истиот момент си реков ааа за второ со царски! (А претходно се плашев од царски:D) кога преспав после пораѓајот,веќе заборавив на болката ама сеуште во страв и паника,кој како ми честиташе,ајде па второ,викав аа второто ќе си го купиме:lol: откако поминаа сите болки и рана и остало,и откако сфатив каков ангел имам покрај мене си реков не уште едно уште 5 ако треба:D за таква убавина,љубов и хармонија вреди да се претрпи секоја болка.

    Верувам дека со второ е полесно,тебе ти е второ така да нема зошто да се плашиш.
    Имав цимерка и беше второ бебе,во 4 ја донесоа во 7 без проблем шеташе,седеше на кревет,за разлика од мене што едвај легнував и станував.
    Рече со првото имала епизиотомија,сега малку пукнала едно конче не го ни осеќала, и се се одвивало брзо,за 3 саати од болка до раѓање (кај мене беа 24:D)
    На сите ви посакувам лесен пораѓај,и спијте додека можете, иако ви тежат мешињата...јас еве 3та смена,мажево мое се наспа па сега се нишкаме во количка8)
    Не памтам која недела беше,јас негде накај 5ти месец повеќе го осеќав тоа топче накај левата страна и прашав ми рекоа натака дека било бебчето:)
     
    На EvieBabe, green.eyes, Sexybaby86 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    @Sofi.ja дефинитивно повеќе спиење и одмарање иако е тешко со толку голем мешко :wasntme::D:rofl:
    Еве и мое бебе наспано со ококорени очи шмука цуцла, мене глава ми паѓа |-)
    Бидете си јаки на психа дека пораѓајот мора да пројде. Бебе кога ќе го видите не се заборава ама сфаќате дека вредело. После некое време и ќе заборавите.
    Сите што може да си родите спонтано идете така, затоа што иако мајките со царски ги прават (не мајки) мислам дека е многу многу потешко самото закрепнување.
     
    Последна измена: 4 ноември 2019
    На EvieBabe, Andonia, green.eyes и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.716
    Допаѓања:
    7.644
    Пол:
    Женски
    За дијарејата не знам, ама другото со столицата, што ти е темна и со ресички дефинитивно ти е од суплементите. Како пепел викам јас..:x :envy: Ама уште малце ќе стегнеме заби
     
  13. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.153
    Допаѓања:
    137.240
    Пол:
    Женски
    Не се секирај, тек ќе почне да шета тоа ,,топчето'' , те лево те десно, а и се поголемко ќе станува. :angel: Со тек на време коа ќе го зачешкаш малце ќе видиш како се поместува, мења место.
     
    На mal.ecka, duffi, green.eyes и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Babyiscomming

    Babyiscomming Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    520
    Пол:
    Женски
    Женски дали е нормално толку рано да почнат да ме болат колковите? Инаку сум 14+3. Не се спиедва дена од што ме боли
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Читам за "точето" што се гледа од едната страна повеќе :) Кај мене е така цело време, утре влегувам во 30 недела. Инаку кај мене освен тоа, пред некој ден точно на местото врз бешиката ми се "појави" тврдо ептен топче, како цитрон големо, бебево се бутка надоле со главата :)))) Језиво беше малку, ама се поднаместив на другата страна со лежење и оно се сврте :) Изгледа му се излегува порано :)
     
    На Lorins му/ѝ се допаѓа ова.
  16. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.847
    Допаѓања:
    95.233
    Пол:
    Женски
    Сабајле беше на десно:smirk:
    И’ се погоди,си има место,со широка карлица сум.Плус,раката ја ставив на стомак и баш во тој момент ја осетив кога ми мрдна,се расонив инстантно:lol:.Влагам во 5 ти од денес иначе :sun:

    @Babyiscomming ме болат и мене чат пат колковите,од спиењето на страна и самото ширење на телото.Појачај магнезиум,или можеш и на пилатес топка да си седиш правејќи истегнувања.Имаш на нет полно видеа.
     
    На do-re-mi, mal.ecka, duffi и 11 други им се допаѓа ова.
  17. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.912
    Допаѓања:
    142.579
    Добро утро,
    @Sofi.ja искрено дека знам, дека поминав еден пораѓај, затоа сега ме плаши пораѓајот. А што е најинтересно, за разлика од други породилни приказни- полесно поминав. Во 12ч ме примија во предродилна сала, во 14ч ми ставија провокација, пред 16ч ми пукнаа водењак и во 16.40ч веќе бев породена природно. Ме шиеја, испукав или ме сецнаа - тој дел не го паметам:)Утредента станував сама. Болките од рана, не ја спомнувам:)
    Ама после стравот, си викам и тоа мора да пројде. Ме тешат сите дека со второ е полесно(тие што сте се измачиле со второ не негирајте:D, чекајте да се породам:):)). Страв ми е дека цела бременост ми беше и е со нервози и проблеми некои и затоа си викам, не дај боже и пораѓајот ли ќе биде таков:( Ама тоа е, знам дека вреди, еве го едното срце до мене ми вика "добро утро мамо", ме бакнува и гали посабајлечки. Ја сакам највеќе на свет и знам дека вредеше. Знам дека ќе вреди и сето ова што го поминувам оваа бременост. Само некои претходни здравствени проблеми, нервози, стравови ми поматија вода периодов:D

    За брисевите, тогаш да закажам Петок или наредната недела. Ајде да видам само со термини.

    Ајде повелете на :coffee::coffee::coffee::coffee::coffee:
    Денес, со Господ напред, сакам да почнам да перам алиштенца. Ја заборавам и торбата за мене, па и тоа треба да средувам. Уште малку остана:whew::D
     
    На Andonia, Autumn_, Lorins и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Vanessa9li

    Vanessa9li Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    Јас ги меркам овие од Кидс Зоне Македонија на фејс, ама не сум нарачувала до сега. Планирам да издвојам се што ми се допаѓа па со една нарачка се да земам
    [​IMG]
     
    На mal.ecka и flower30 им се допаѓа ова.
  19. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.716
    Допаѓања:
    7.644
    Пол:
    Женски
    А што е поентата на гнездава? :$ Сакав да прашам и претходно, каде се користат? Инаку @Starlič можете да прошетате по локални продавнички, јас кај мене видов гнезда за 700 денари, поевтино е отколку online. Постелнинка може ќе земам од Стружанка, ама треба да разгледам убаво. А за гнездава стварно, споделете им ја намената плис :D
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Vanessa9li

    Vanessa9li Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    Јас најмногу сакам да го земам во случај ако ми е поудобно со нас да спие на кревет да имам кај да го легнам. Инаку на јутуб ја видов идеата за гнезда, као демек посигурни се малите. И јас уште не сум сигурна дали ќе го користам и колку се сигурни, ама ќе го земам баш од таа причина ако ми е полесно со доење ако е до мене во кревет.
     
    На mal.ecka, Starlič и Cherry333 им се допаѓа ова.