Здраво женски мили ,да се јавам и јас на рапорт. Од денеска поарно се осеќам сеа за сеа пу пу пу. Станав сабајле , ги спремив малата и сопругот, и се фанав за работа, машини, правослмукалка, џогер, еве седнав 5 мин, и да одам да се бањам, па после алишта ќе средувам. За топката кај меше не се плашете, да видите уште малце како ке се искривува стомакот коа ќе пораснат тадури смешно е Нема ништо за паника. А за гнездово не знам што да ви кажам, освен што мислам џабе пари, брзо ќе се порасне, а после место ќе зафаќа само. Учете си ѓи малите во креветчиња, за да можете и они и вие да се наспиете Мој совет
Мила, после позитивен тест, одиш на доктор, да видат дали има ембрионче, ако се гледа од одма супер( пошто е многу мало), ако не ќе те врати за една недела да одиш пак. За крв мокраќа, нема да те прати од одма, туку ќе чека дали има бебе во меше , бацки
И јас сум за креветче од мало, ни гнезда ни ништо. Гнездо можеби за преку ден, да спие во дневна на гарнитура или на спална, мада јас корпата од количката ја користев за таа намена и супер ми се погоди. Гнездо може и сами да си направите дома од чаршави и јорганчиња, секако бебе не мрда и прета првите три месеци, како ќе го легнете, така ќе го најдете
За пораѓајот немојте да се плашите, мене за првото стално ме прашуваа Страв ли ти е? Им викав не ми е..и крава раѓа И тоа без доктор 3 пати поголемо суштество Само опуштено, и мислев после пораѓај не останувам ја трудна пак, па ете после 10 месеци па сум трудна Година и пол разлика ќе се
Јас сега тек 14, а ме болат и од поодамна , некако кога лежам на едната страна и во сон се разбудувам со нелагодност и болка па се вртам на другата, па пак истото. Еве сега седам и осеќам од спиењето како здрвеност и убаво ми е да си ги масирам.
@Cherry333 @Vanessa9li јас го меркам ова гнездо, и практични ми се затоа што кај моите и кај свекрва нема креветче, и нема да нисам ни количка ни транспортер, па кога ќе спие да го легнам на гнездото и да го покријам. И за понатака е практично да седи и да си игра на него.
Мила, суплементите што содржат железо манифестираат такви симптоми, кога пиев Сидерал истото ми се случи, дури се исплашив. Ништо страшно, од друга страна подобро што имаш течна столица, зашто од железото може да се појави и опстипација.
Убаво си е наместено бебето,не го закачај кај мене од 25та беше со главата надоле,па после од страв да не се сврти на секој преглед прашував за позиција,си остана така ми рекоа нормално е порано да си се намести.
Не се разбирам многу, но конкретно ова ми изгледа нерамно и не знам дали треба да лежи бебето на вакво што е со испакнати делови. Нека кажат мајкиве што имаат искуство. Инаку, колковите почнаа пред два дена да ме болат, но за тоа оправдување ми е тоа што почнав да спијам само на страна, а научена бев досега на грб. Кога ќе заболи левиот колк, се вртам на десно и така во круг.
Ако не ти се даваат пари за трудничка перница, обична мема голема меѓу нозе и стомак стави , ќе ти биде по удобно. Ја купив една, жешко ми правеше, па мојата аи ја ставам
Мила, мене од петокот ми е така, нели пишав се исповратив, сега што и да јадам ми се враќа назад, не знам ваљда бутка на желудник, притиснат е ,па нема многу место.Што и да каснам, или се напијам ми иде лошо. Со првото не ми беше вака, воа е ептен немирно, а и до сеа немав мака..што се деси вака одеднаш не знам.
29 плус 5 сум ноќеска мислам дека Господ го видов , имав цела вечер киселини и некако ајде легнав да спијам. Накај 2 часот се разбудив киселините уште посилни, се ми се вртеше во стомакот, толку многу ми беше жешко, целата се препотував . Малку поседов па се напив вода, па заминав до тоалет мислев дека ќе се срушам некаде. Подоцна некако успејав да презаспијам, сега толку многу ме боли главата што би останала цел ден во кревет.
Не сакам да кревам аларми, сигурно ништо не е, ама пак да си прашам. Синоќа ептен имав проблеми дур заспијам. Осеќав стегање/притисок ама на горниот дел од стомакот кога легнав. Исто и со водава, сега ми создава проблеми кога пијам малце повеќе, ко надуена се чуствувам, а жедна сум постојано, и веднаш притисок на дијафрагмата. Знам буци притиска, ама ај пак да прашам да не е нешто поалармантно. На контрола сум наредна недела (тогаш ќе бидам 33) па ќе видиме. Инаку за брисеви 34 недела беше нели?
@Starlič Убави гнезда има и на бит пазар во едно дуќанче по уличката шо води накај женски пазар.. преубави се и не се скапи .. малите се 700 ден а поголемките се 1200 до 1400 ден.. намената им е за бебе да спие преку ден во дневна ... а и мама да биде побезбедна за да не се излизга на некој начин бебето и да го спречи од паѓање.. може секаде да се носи лесно е и практично.. по гости, дома од една соба во друга, на под може да се става (доколку е топло со подно греење).. значи насекаде може да се носи ...мултипрактик .. ние веќе го искористивме максимално гнездото.. веќе 4,5 месеци имаме и некако се уште сакаме да нанаме во него иако веќе нозете буквално ни се на кревет зошто го надраснавме .. еве го нашето и не сакаме уште да се разделиме од него ( од поголемите е а сликава е од почетокот кога го купивме, се врзува на крај и поголемко е , тука е спакувано во мала кеса) )
Друштвооо јас да се пофалам од денес 30 + 0 хаха пд почетокот кога ги читав другите членки што ја минеа 30 та недела си викав леле јас кога ќе бидам 30 недела цела вечност ми се гледаше и денес конечно 30 та и јас . Некако спокојно се осеќам како поминува времето секој ден ја осеќам бубамарава како мрдка више големка е 1500 гр ја измерија во петокот на преглед јас со алишта сум готова сите испрани испеглани наредени со поголемите работи количка,креветче коритце се ни е купено остануваат уште ситници како козметика и да дојде нова годинаааа хахха. Инаку во врска со мрдањето имам приметено на промена на време првиот ден и кај мене така помлитаво мрда баш во саботата така беше ама више наредниот ден пак активна е со полна пареа
@0ли сто пати имам пишано за перницава на форумов и пак ќе пишам дека сум презадоволна и ја препорачувам, мене меше дека мн рано ми порасна па уште кога бев 16та недел ја нарачав... цело време си спијам во неа, преудобна е! Само внимавај од каде нарачуваш, некои мами не беа воопшто задоволни од материјалите