Јас препорачувам гнездо, но не од овие со мека подлога туку со душече. Моето е со душече ептен ми се најде, најчесто кога сме во дневна си спие на него ептен безбедно, без да ја ставам по кревети каде што сепак сите седнуваме. Навечер креветче не и бега. Кај моето гнездо е добро што постелнината се вади и можеш да си ја переш. Ако сака некој да го види го имав ставено во темата што купивме последно за бебе. Еве најдов слика
Bebeto да не е продавницата? И јас барам гнездо ама малечко. Инаку, намената му е да се осеќа “гушнато”, да не се осеќа дека е во празен простор бидејќи во матката кога и да мрдаат допираат некаде и се чувствуваат посигурни, а startle рефлексите во почетокот им се доста изразени и се плашат и будат од своите движења, па гнездото може малку ќе ги смири ако удираат во него, ако е поизразено се препорачува повивање првите два или три месеци. Овие огромниве се само за украс, и користење како кревет на кревет ако спие во дневна или кај баби
Не не е ... оваа продавничка се наоѓа веднаш до дуќанчињата што продаваат тенџериња, садови и разни ситници за кујна... во тој ред нагоре накај женски пазар.. во дуќанчето има детска облека гнезда торбици . Тука исто прават и држачи за цуцли по нарачка со име ... а и доста ефтини и убави работи има.. пред се и квалитетни се.. големите гнезда се собираат, со врвката се стегаат и се прават мали гнезда... јас на почетокот ептен го стегав за бебенцето да е опколено од сите страни а сега не е стегнато дури и не го врзувам крајот за да може да си ги испружи ноџињата на кревет, сепак и ова големо нам ни е мало.. пораснавме веќе а носталгични сме и не сакаме да се разделиме од гнездото па сеуште си го користиме а до кога не знам , ќе видиме
Може мила од тоа.. денеска се напијав и чај од калинка и сок од калинка цеден знам тоа помага за дијареа.. се исплашив и јас веќе што и да се напијам за железово или антибиотици веднаш со дијареи тегоби глава неможам да кренам..
Гнездава се изработуваат како ти сакаш. Тоа во средината може да се направи да биде рамно, и помало. Се е стрвар на желба. Мене тие од Бит пазар не ми се допаднаа, обични се многу...
Мора на крај да се прават за да знаеш дали на пораѓај можеш нешто не дај Боже да пренесеш на бебето. Е сега некои викаат 34, некои 35 не знам кога точно се прават..
Женички,после скринингот и приската во 12/13 недела, кога следно одевте на лекар и за што (за какви испитувања)?