Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Аааа вие сите забушавате :lol:
    Ноелле а ти пред да не оставиш ваму , што викаш да ни преведеш тоа инструкциите под сликите од книгата? :wasntme:
     
  2. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Мажле денес е 2ра смена, јас сум сама дома, па ќе седнам на раат со кафенце и јас конечно ќе ги читам и ќе ги споделам со вас :*
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    поздравче за сите мешенца, гледам многу сме биле вредни , и јас се префорсирав денес и вчера , варосувавме, чистевме и многу ми се смачи :( ама остатокот од денот ке си се гушкам со мажето :lol:
    п.с машала гледам само маженца на список од јануари имаме :D
     
  4. Katalea

    Katalea Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    200
    Добар ден и од мене.. И денес не сум како што треба, сеуште сум со главоболки а осекам дека и дишењето ми е малку отежнато.. Никако да ми се намали болката, така може на моменти ке ме пушти но ништо.. Се надевам дека во теков на денот ке ми биде подобро, ако не вечер идам на лекар па нека ме прегледаат, зашто не се издржува веке :@
    Ви посакувам убав и пријатен ден на сите :* :*
     
  5. lady05

    lady05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    48
    Како е друштво? Мило ми е што сте сите добро.
    Јас да ви кажам дека некна бев на доктор ми кажаа да ги користам утрогестанот и ми ставија една инекција прогестерон и сега се е во ред се стабилизира исцедокот го видов и бебушот имаше срцева реакција :inlove: сега сум смирена си одмарам по дома и дај боже да биде во ред понатаму.
    Поздрав до сите идни мамички...
     
  6. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Колку чудна работа женски, па барем преку едно да беше, ама не, секоја бременост ризична од старт, со хормони за дополнителна поддршка :x
    Што се случува, во какво време живееме, страшна работа, и после здрави ќе сме биле , е како кога се е озрачено |(
    Една бременост ,период кога требада бидеме најсреќни, опуштени, исполнети неможеме да ја изуживаме, постојано сме под притисок што како дали ќе биде, па пази за време на апчиња....
    На почеток кога ми беше кажано да лежам, паѓав во депресии, како демек ете само мене се нешто ми се случува, работава , страшна :^)
    Па и не верувам за џабе да ни ги даваат овие хормонски терапии, еве кај сите гледам има потреба, исцедок, крварење , едно ,друго :emo:
    Уффф со лесно нека ни е , се ќе издржиме, само живи и здрави да се родат, нема што друго да се каже.
     
    На Сама Дома и lady05 им се допаѓа ова.
  7. lady05

    lady05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    48
    Tакво е времето брзо, напнато, секакви хемии, радијации, вируси, бактерии.... сето тоа не тера да живееме под стрес, барем јас што ги гледам речиси сите млади брачни парови имаат проблем со тоа да имаат бебе, а секоја втора бременост за жал завршува со спонтан или проблеми.
    Ама што да се прави тоа ни е, мора со тоа да живееме за тоа се бориме, низ се ке поминеме само да створиме фамилија...... поздрав и имајте убав ден. :*
     
  8. Regenbogen

    Regenbogen Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    Јас сум тука уште :) верувам и јуник чик :) ако почнала да оди во државна на цтг сигурно и се гледаме :lol:
    Меу - пиј си ти течности наутро повеќе на пр. со појадок овошје - да може да се исфрлат, јади несолено и благо и мрсно не, мене така ме советуваше мојот матичен и навистина еве досега не ми се случило да ми се качи притисокот, а со првото бев неколку дена ризична....а за пулсот и така како мали тахикардии дури и кога легнувам ги имам...сепак тежина е, и јас сум здебелена, и напор дополнителен во желудникот, се се собира...гледам да јадам почесто и помалку....а се уште ми е многу топло :^) хормони
    Ќерка ми со тренерка навечер шета, мм по кратки а јас во придружба по бретели :) па барем малку се разладувам...ајде уште ситно
     
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Добро е , почнав и со чаевите, па мислам дека ќе биде добро.
    Не јадам мрсно, не јадам солено, ама благо :$
    Ајде вие со лесно нека ви е, побрзо да не израдувате и нас . А потоа ве чекаме со детали :lol:
     
  10. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Јас само да ве поздравам и да ви кажам дека уште сум тука ама мртва уморна сум цел ден чистиме денес...

    Пријатна вечер, баш е убаво надвор , свежичко :)
     
  11. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    Читам имаш проблем со матичната како и јас :( кажи каде и како проверваше крв и мокрача и другите работи? и дали со картонче или приватно? ако приватно колку плакаше ? јас и со ова имам проблем сега треба да одам на контрола неделава да видам дали ке ми се пиши матичен, а и треба да проверам крв и другите работи за прв пат како што одат и да му однесам се.
    Мора првата контрола и крв да се носи резултати или не ? ај кажи искуство :(
     
  12. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Жена се породила на улица во Скопје. Родила живо женско дете. И двете се во стабилна состојба.

    Жена успешно се породила на улица во центарот на Скопје. Родила живо, доносено женско бебе тешко 2 килограми и 900 грама. И двете се во стабилна состојба.

    Породувањето се случило овде на тревникот пред Олимпискиот базен, вчера во 16 часот и 30 минути.

    Откако 40 годишната жена успеала сама на свет да го донесе девојчето, од случајни минувачи била повикана Брза помош. Екипата првично констатирала дека раѓањето било без компликации. Со амбулантно возило веднаш биле пренесени во клиничкиот центар. Мајката била хоспитализирана на Гинекологија, а бебето било однесено на Детската клиника. По направените испитувања лекарите утврдиле дека ниту мајката ниту детето немаат никакви последици. Задржани се во болница за да им ја следат состојбата. И од двете клиники го потврдија случајот за Сител.

    Дента Пред сама да се породи, жената била на преглед на клиниката за Гинекологија. И покрај инсистирањето на дежурните лекари да остане зошто и се наближувал терминот за породување таа со потпис одбила преглед по што ја напуштила клиниката. Според информации на Сител ова е 3-то дете на самородката која по националност е Македонка.
    Извор: Сител ТВ
    :D
     
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Упут можеш да земеше и од општи матичен, со него да отидеш.

    cecilia кога ја прочитав веста, само си помислив како некој не се замара и си раѓа здраво право дете, а ние само што се потресуваме , нашата психа до крај нема да остане здрава... а дете ќе треба да гледаме и воспитуваме :x

    Е добро утро и од мене :lol:
     
  14. Katalea

    Katalea Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    200
    Добар ден и од мене :)
    Конечно малку ме попуштија главоболките, сеуште се присутни, но поретки и можам да земам воздух барем малку од малку :)
    Како сте мамички? Со секој изминат ден, си прецртуваме, си рачунаме и се поблиску сме до целта :)
    Ви посакувам убав ден исполнет со многу убавини :* :*
     
  15. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Добар ден и од менее ...
    Имајте убав ден ситее :) :) :)
     
  16. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    добро утро и од мене :)
    Дали некоја од вас има чуствувано болки околу папчето? Јас цела вечер, и еве сега кога се разбудив уште ги имам, како некој од внатре да ми го влече папчето, па неможам ни на нозе да застанам. Дај кажете дали сте имале слично искуство и што да правам :sweat: , оти на лекар дури утре ми закажаа. ;(
     
  17. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    јас си одев со упат од кај гинекологот, значи нејзиниот печат си стоеше на упатот, и бев во државна болница и таму си проверив крв и мокрача со картонче, за 50 и нешто денари. и така напрвавив веке 3 пати, значи кога ке си појдиш на преглед гинекологот ке ти напиши упат за кај шо треба...
    а сега и мене кога ке ми стане матичен тоа не се знае, јас и така ја поминав пола бременост ;)
     
  18. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Бебето е , поточно папочната врвка :lol: Ги имав и јас истите болки во 17н , а докторот ми го даде тој одговор :) Без паника
     
  19. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    уфф фала меу, се преплашив, ке почнев да плачам у секој момент.. :* фала многу
     
  20. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    :rofl: не плачи, кај ти е крајот :rofl: кога ќе почне да те мава во слабините, е тогаш ќе плачеш :lol: