Оф ...оф ајде ќе функционира...сега ќе те мислам Само да не се мачиш како мене Прво катетер за отварање,провокација,за болки,па царски у пич ку матер
devojki zdravo. Ako moze nekoja od vas da mi kazi: vo sedma nedela sum i veke ima srceva reakcija no veke ne me bolat gradite i gi osekam kako da mi omeknuvaat dali e toa problem ili e normalno. drugi simptomi nema, ne krvaram. ve molam ako mozete da mi kazete vase iskustvo, ili da odam utre uste od sabajle kaj dr.
леле никаква мака не си видов за првите две ама ова црвецов че ми наплати и за другите..кога че се роди чело че го испоштипам поготово на бутчината
Можеби и вечерва ќе дознаеме во што лежи тајната-ако те фатат болки Туку денеска на пладне на 2-3 пати имав болки кои очигледно беа лажни.Таман потајно се понадевав дека ќе треба да го барам мм да ме носи во болница иииии ништо од таа работа.
Природното количество на простагландин во семената течност влијае врз процесот на созревање на цервиксот, правејќи го пофлексибилен, за полесно и побрзо ширење и намалување на цервиксот. Затоа гушкајте се со мажињата па ке ве читам во се породив
на овај мојов му је страв дане ме повредел нешто демек дека си имав цела бременост проблеми и сега ко да ми се тутка некако како страм да гледам во очине негови .. се осејчам ко женски манијак катастрофа
Море жени постројте тоа мажите и тргнете им го тој страв. И мојов се плашеше, ама кога видовме надминуваме термин, јас отворена 4 цм веќе цела недела и виде невиде сам посака да имаме секс. И утредента прсна водењакот. Во мојот случај тоа му било мајката, дај боже да биде така и кај тебе zalosna а потоа и кај тебе TSS. и ви посакувам најлесен пораѓај.
Немој да се плашиш, породувањето со провокација не е страшно туку нужна работа, за да се провоцираат контракции, особено доколку се работи за поодмината бременост. Јас сум породена со провокација и немав ама баш никакви болки, што не мора да значи дека така е кај секоја жена. Процедурата е едноставна, во вена ти ставаат игла низ која што тече провокацијата, најпрво понеколку капки, а потоа во зависност од тоа колку брзо се отвораш, се зголемува протокот на течноста. Инаку шишето со провокацијата, се раствора во физиолишки раствор и цело време со тебе го носиш, така да малку е непријатно доколку сакаш да легнеш или да отидеш со тоалет. Пред да ти стават провокација ти ставаат клизма, па доколку така се породуваш, би те советувала 1 ден пред за заминеш во болница, исхраната нека ти биде што побогата со овошје и зеленчук, а одкога ќе ја примиш провокацијата, јади повеќе чоколада, за да имаш доволно енегија. Нека ти е со лесно, немој да паничиш, диши правилно и опуштено доколку сакаш да немаш болки. Можеби веќе и си породена но во секој случај ти посакувам секое добро
Според мене мислам дека не е ништо страшно, не крвариш, немаш болки значи нормално е. Има срцева акција што значи тоа е одлично. Е сега, доколку те загрижува тоа можеш да си се јавиш кај матичниот гинеколог или да си појдеш до кај него и да си распрашаш. Според мене е во ред тоа. Уживај и имај лесна бременост.
Епа мешковци здраво и од мене Јас само да ве поздравам и да се пријавам за дружба во наредните седум месеци
Еве поздрав и од мене! Од денес ќе ве дружам во труднички муабети.Во петокот позитивен тест со една бледа црта,во саботата правев тест преку крв и ете денес стигнаа резултатите, ќе имам бебче .Во петок ми закажаа кај матичниот гинеколог на ехо да видиме до кај сме и што понатаму.
Мамички ги прошетавте ли бебулињата денес? Времето е идеално за прошетка. Иако на работа е досаден понеделнички ден и шефот го тупи за баналности, не дозволувам ништо да ми го убие еланот па излегувам и прошетувам, дишам со полни гради. Денес некако нагло ми се виде стомакот поголем Влегов во седми месец и имам уште енергија и се надевам дека така ќе остане и понатаму. Време е да се купат неопходните работи за бебулето и самата помисла на тоа ме прави среќна. По дома ослободуваме веќе фиоки, новиот ни член ќе ни биде главна атракција Со овој пост сакам само да ве поздравам и на сите труднички да им посакувам убав ден, и најважно од се Keep calm, stay cool