Хелоу и од мене. Конечно дојде денот и си го дочекав прегледот. Си видов едно точкиче и си го слушнав најубавото срценце на светтт Туку како да почнаа мачниниве нешто а кснам нешто одма ме тера на повраќање од утре полна 7ма недела
Не, не ми бараа зашто не ми ни дадоа мајчина книшка .. јас немав такво нешто и не само јас туку и останатите кои се породиа во ист термин со мене...
Ако намерно избегнуваш да спиеш на грб поради она што по интернет пишува дека треба на лева страна, не се измачувај од сега - тоа се однесува на подоцна, од 6 месец некаде, кога бебето ќе биде поголемо и ќе почне да притиска на вена кава. Сега е многу малечко и нема гајле како и да спиеш. А дури и подоцна, нема никаков ризик за бебето, туку тоа негово притискање можело да предизвика послаба циркулација и ти да имаш вртоглавица, тешко дишење или гадење. Јас се трудев да спијам на лева страна ама до сам крај на грб ми беше најдобро, па докторот ми рече Ако тебе не ти пречи, спиј како сакаш и до последно претежно спиев на грб Инаку наминав да ве поздравам девојчиња. Изнаспијте се убаво зашто ве чека луда железница еве ние цицаме моментално едно саат и пол и пробуваме да се успиеме ама тешко, на мама и се спие и се плаче ама бебе нешто не е заинтересирано моментално На моменти баш ми фали темава и мешето, некако преку ноќ заврши се и почна ново поглавје - многу поубаво, но и бременоста покрај сите стравови си имаше своја бескрајна убавина. Уживајте во секоја минута