За тоа и реков. Консултирај се со гинекологот и ако треба друга крвна слика, додека ја направиш пиј за секој случај повеќе вода. Повтори си за да видите колку е вредноста(секако ако ти рече доктор).
High doses of progestins can cause liver enzyme elevations that generally rise after 1 to 2 weeks of treatment and consist largely of serum aminotransferase elevations without changes in alkaline phosphatase or bilirubin. These abnormalities are generally short lived and resolve rapidly with dose modification or discontinuation. Ова од нет, она ми даде утрогестан онака. Јас реално немам никакви проблеми. Пред да ми забрани секс и многу движење јас си одев пешки на работа и се враќав и имавме секс со мм И претходно вежбав многу, кога не знаев дека сум трудна, неделата пред да дознаам дека сум бремена се убив од Џампинг Џекс правење и немав проблем. Фала му на Бога. Сеа со хормонов може се ми се поремети. Ама ајде пијам вода и ќе си чекам следен преглед.
Првата бременост цела ме водеа како со плод помал за две недели. Живи паники бев, а све за џабе, ќерка ми на крај се роди 3.600 и беше најкрупна од сите бебиња Не се мерките на ехо точни 100%, а и недела/две не е страшно воопшто, кај секоја втора е ова случај. Сега второво па ми е за недела дена понапред со мерките на ехо, едвај чекам да видам што ќе излезе на крај
Ете, ова не сум го знаела. Јас цела бременост сум со Дабростон и Утрогестан. Може и од тоа да е зголемено. Ти пиј си вода, од вода штета немаш секако
Па вака со екран за ехо не, ама јас си нарачав домашен беби доплер од интернет и си го слушав срценцето од 12-13 недела натаму секогаш кога бев нешто исплашена, а следен преглед далеку. Искрено, за 20тина долари, многу нервози и стресови ми заштеди. Има и дупли џек за слушалки па со маж ми преку еден ден навечер си ја слушавме по 10тина секунди и мирни си легнувавме Некој ќе рече ту мач, ама мене после еден missed ова многу ме смируваше. Башка го погодив моделот топ, мн лесно го наоѓав срцебиењето секојпат без да стискам во стомакот и не дај Боже беља да направам.
да имам и темен измет.. тотемата никако неможам да ја пијам.. и од неа дијареа и од овие.. ама од овир како помалку.. пијам чајчина од калинка за да немам толку.. страв да те фати.. видов дека аи ги пиела па заѕоа реков да те прашам.. а трето тромесечие сум и јаа се надевам ке ми помогнат..
Ножички и чешле(потребно е за четкање на главчето за да не фати корички) на chicco комплет се. Топломер microlife што мери на чело ( го купив кога првпат настина), има подлоги за една употреба на Бекутан или од Jumbo што се перат. Ѕиврички од тритекс што ги облекував како панталончиња а не под шпихозни, зашто ако мислев дека е ладно го припокривав со ќебенце
@flower30 која докторка на клиника ти рече да броиш удари од бебето? Денес истото ме снајде Според мене тоа се чисти глупости и немам намера да бројам и да се оптеретувам со тоа ти броиш?
Да прашам дали некоја снимала бубрези во бременост ?, уринокултура уредна конечно , брисеви да се повторат за микоплазма и уреоплазма , кламидија негативен но имам тапа болка во половина и се сомневам на бубрези бидејки мокрачата ми беше матна а и исцедокот ми промени боја , мн се плашам што може да биде , прашав увин дали смее да се пие ми рекоа може но читам некој не го пијат , не знам што да правам ??? Ве молам за совет иначе сум 16+0
Женски дај кажете некој совет за настинка, незнам што можам да се напијам, веќе 2 дена сум на супи, чаеви, цедени сокови, прегорен шеќер со млеко, ставав ракија со бибер на грлото ама џабе ништо не помага, два вечери око немам склопено, ако имате некој совет помагајте
Здраво женски, јас пак со прашање. Последниве две недели некако осеќам постојано пецкање околу јајнициве и ако седам или лежам кога ќе станам ме жегнува долниот дел како нешто внатре да ми се преметнува. Исто кога мокрам, чувствувам неколку секунди како пецкање околу јајнициве и како надолу да ми натежнува. Сега еве малку проработив низ дома (средував гардероба) и одма се изморувам и ми тежи стомаков. Кога ќе седнам ми се смирува. Инаку брисевите беа ок затоа си велам дека не е некоја бактерија,а и немам некој исцедок (само од утрогестанот). Понекогаш се запрашувам дали е вака нормално? Знам дека овој период (14 недела) се тегнат лигаменти и сл, ама реков да прашам некоја од вас дали вака се чувствувала?
Јас се чуствував слично Дури кога се јавив кај матичниот не знаев како да објаснам, ко да нешто ме притиска кога станував како да тежи, како нешто да влече нафолу и слично (ете и сега незнам да објаснам)..... И тој осет ми беше баш негде тие недели од кај 10 та па натака до 15та 16та негде..... Е сега кај мене излезе дека се е нормално дека самиот организам се припрема за растот на плодот матката се тегне плус бебе беше пониско тој период...... Мислам дека на твое место би проверила урина штом викаш дека и при мочање те пече (ма да и ова може да е нормално во периодот во кој си) ама чисто да ди на сигурно
14 полна недела сум. Прееска испаднав пешки до кај мајками, и додека одев доле скроз кај јајниците многу слаби менструални болки минимални значи, се исплашив, нормално ли е ? Искуства ? Се напив магнезиум . Се надевам дека е добро бебчето , леле многу се плашам
И мене вчера кога одев на продавница, како ме стегна од кај деснава страна дури и подзастанав. Ама еве изгледа овој период е нормално вака, читав и странски статии. И јас само се штрекам, и дури и во одење понекогаш ми тежи а пак колку мразам во кола да се качувам и слегувам, уффф...
Здраво девојки пишав и во друга група па сакам и овде.. Значи во понед. Направив тест кој излезе позитивен.. Последна менструација на 8ми октомври значи сега сум 4та недела, а другата недела сум веќе 5та.. Сакам да прашам дали би се видело нешто или да се слушни срце бидеќи ќе одам во среда наредна. Исто имам и секрет бел безбоен незнам влажна се чувствувам. Прва бременост ми е планирана.. Чекам ваши искуства и совети
Заборавете на менструални болки, ќе ги имате цела бременост. Еднаш пишав..да пишам пак Одат рака под рака во бременоста, и дел од нив произлегуваат од самата психа. Еве ја со второ трудна, со занимации наваму натаму и ќе се заборават. Најдете аи работа, не мислете на нив, и ќе аи поминат одма.