За да се види -ќе се види, за да се чуе може не оти е рано. Обично од 7-ма недела натаму се слуша срценцето, ако не се слушне ќе те викне за една недела. Вие ќе бидете Јулка како јас пред една година. Мене последна менс. ми беше 6.10
Ја купив од Томи Типи, чешле, четка за коса за да не му фане корички главчето( на секое бањање ја четкав), ножица за нокти. Тоа ми беше најботребно, и до ден денес. Топломери имам 3 Живин, дигитален и оној што се допира до чело А за мушами користам на Виолета, има 10 во паковање, ако ја измоча или направи со гомца ја фрлам. Тоа паковање е околу 160-170 ден. За ѕиври не знам што да те советувам, имам едно летно дете, другово здравје боже зимно па се мислам и јас, ама пошто ја не наоблекувам деца, ваљда би ја облекла со ѕиври и врз нив шпикозни, и толку за по дома,освен дебели фатирани ако не облекуваш тогаш ќе намалиш ао ѕивриња, да не го претоплиш ,а ако сме надвор плус ќебе дебело. Толку
И кога се породи? Кско ти помина бременоста.. Јас посакувам да сум 9ти сега и да помини се брзо ахјаај
Девојки, имате ли перници за доење и кога ги биравте на што обрнувавте внимание. Поубаво е да е тврда или мека? Поздрав
Јас имав и ептен ми беше од корист, од почеток до крај на доенечкиот стаж ја користев. Многу е полесно кога бебе лежи на перница наместо на тебе, односно твојата рака, плус не се поти од контактот кожа на кожа. Мојата конкретно беше тврда, и пак ќе кажам, одлична инвестиција. Малечка е инаку, за околу стомак да ја ставиш. Од Бебе Хоум ја земав, не беше евтина знам, околу 2.500-3.000 денари, ама алал парите. И за второво сега здравје ќе ја користам. Таа за трудници што ја купив и што мислев и за доење да ја користам баш и не ми се погоди, дека мека и голема ме гушеше некако замотана околу мене , ама оваа за доење ептен, ептен многу.
Ти ги знам мислите, сите сме така Ти се чини далеку, а времето одма ќе помине Јас се породив недела дена по терминот, точно во 41 недела. Природно. Бременоста супер помина, ни лошење, ни гадење, ни измореност , ама апсолутно ништо. Со долги прошетки, и како и секоја трудница леле шо ми е, леле воа ми е , а сетоа тоа најнормално да ти било, и мозокот малце на пасење. Сопругот не ми даваше многу многу да гличам и да не стресувам и двајцата, па така и опуштено поминавме
@lejlla точно не знам, не ми ни дадоа извештај, ама се мислам дека ја чув сестрата дека и рече др. Маја. Млада докторка со темна коса, врзана. Си бројам јасТебе кој ти се погоди да ти каже Сега му викав на мм - ме пореметија со тоа броење. Па мене ми имаше спомнато нели, и ноќе да сум броела, пред легнување..... Не знам, збунувачки ми е многу. Закажав утре за ехо, ама кај таа докторка што одам на приватно. Да ме види, да го види бебето. После да идам за брисеви кај матичната. Гледам нешто почна да ми тече повеќе исцедок и малку страв ме фати, ама викам нормално дека е.
@Milicka* мене 2 докторки - гинеколози ми рекоа може увин чај. После кога бев на Клиника на прегледот ЕМГ(за контракции), тамошната докторка, која не е гинеколог ми рече да пазам многу на увин чај, нешто во смисол дека правел дијареа и сметал на цревната флора. Земи си ако не чај од брусница, уствари најдобро ти е сува брусница и да ја вариш ко чај
Денес и мене на резултатите ми се покачени ензимите. И ги пратив резултатите на матичната и ми рече дека нема место за паника, обично тие ензими и маснотии не се испитувале во бременост. Па плс сподели што ќе ти каже твојата докторка
Уф утре ке отидам на гинеколог да видам што ке каже иначе пијам брусницин капсули но сепак ме боли позади изгледа дефинитивно има песок или камче , јас се ке издржам само бебе да ми е добро, сепак мора да се види од што е болкава , ти благодарам многу
Мислсм дека овие месеци се најстресни а кога ќе поминат си велиш ете помина.. Што мислишколку ќе бидам во среда трудна ако последно имав на 8ми... По мое всабота 4 недели... И до среда 4+5?
Јас сум пиела увин ама една шолја, не со литри, дополнував со многу пролом вода. Брусница не поднесувам а и најчесто е со шеќер или со хибискус (тој не се препорачува за бременост) и општо пиј повеќе течности, а ехо знам дека правеле во бременост ама јас не
Душичко ја не мислам, ти си трудна секако Тестот не може да испадне лажно позитивен, него лажно негативен, а до наредна среда според пресметки треба да си 6+1 Има на нет, ако сакаш можеш да пишеш, калкулатор за последна менструација, ќе пишеш кога ти било и ќе ти даде која недела си, исто така имаш и апликации да си симнеш во телефон и да ги следиш неделите
И мене исто ме водат 23та по циклус а 21.3 со ехо..ми кажаа да нема паника дека покасно сум оплодена.