Здраво како сте?ја со главоболка..ап испиен,кафе тегнам-све против болкава,ама не попушта...Се надевам од времево е... Тоа..имав потреба да споделам...
Јас вчера така, прејака главоболка напред кај челото, па позади, па позади ушите, па вратот почна да ме фаќа. Цел ден во темница, не можев да гледам во светло. Денеска мислам е добро мада уште сум во кревет и страв ми е да станам да не почне да боли. Стварно не разбирам од кога сум трудна на секоја промена на време јас сум во кревет и ништо не ми помага. Пред еден месец кога залади црева истурив, сеа барем не повраќам. Како баба некоја.
https://tvoebebe.com/BREMENOST/nedeli-meseci јас ја користам оваа страна А ја имам симнато апликацијата my calendar уште кога сакав да внимавам кога ми се плодните денови.
Јас цела ноќ седната во кревет сум. Киселините многу ме мачеа, со нагони за повраќање. Зедов еден рупурут, минимално ме потсмири, но потоа не можев да заспијам од 'рчењето на мм Сношти месев кифли, од нив ми се киселините, пробав додека беа топли За првото откако се породив многу ми недостигаше периодот од трудноча, сега цврсто сум убедена дека би се породила уште денес без да жалам по бременоста, многу ме мачи. Секоја вечер киселини и гушење Од вчера ја почнав 34та недела. Не знам како ќе издржам уште 6-7. Уште сум на работа, декември си заминувам, прво одмор, па породилно. Се гледа по постов дека не сум спиела добро, енергија 0, па глупости неповрзани се изнапишав. Пијам едно кафе ради реда, многу би шетнала надвор да се освежам, ама ако шетнам ќе потрошам пари Ама не велам не, да дојде пауза и ќе ја летнам...
Според мене би требало да се види, а за срцева акција ќе почекаш уште некоја недела..воа чисто да знаеш да не се плашиш
Значи ќе полудам од забите, мислам од непцата. Овие 4-5 дена левата страна и доле и горе квалитетно ме боли. А немам расипани заби, се е ок. Инаку сум 28+5.
Дечки кај мене не се оформил плод, само гестациска ќеса. Ќе чекам да ми дојди, се читаме во подобри времиња Тешко е ама ќе се преброди си велам а и времето не помага вакво тмурно.. Исплачив океан, доста беше ќе збирам сили за следно.. Докторот ми даде преголема надеж а беше многу рано ама памет за друг пат, до 3ти месец нема одење на гинеколог
А што мислите за имплантациско крварење... Дали мора да се појави? Јас не забележав никаквоо крварење
Души мила, баш ми е жал. Знам што и да кажам ќе биде неутешно, ама верувам а и ти верувај дека набрзо ќе си галиш меше..и тоа многу набрзо
Тестот може да покаже лажно позитивен.. од искуство кажувам... доколку особата има полицистични јајници тестот покажува 2 цртки.. кај мене така се деси прехлани.. јас си мислев бремена сум си чекав да поминат 2 недели одкако го правев тестот и отидов на гинеколог.. докторот ме прегледа на ехо ми вика чиста ти е матката има некои фоликули ова она дрн дрн јариња после сврте накај јајниците и рече аууу па девојко ти имаш полицистични јајници.. ај сепак да направиме тест преку крв да видиме дал си бремена може е рано па не може ембриончето да се види во матката.. направивме и тоа што кажа.. искочи негативен.. вечерта пак земав тест за бременост .. следниот ден го направив пак позитивен .. се слушнав со докторот му го кажав случајот и тој ми рече дека полицистичните реагирале на тестот ... следно доцнење на менструација од страв дека ќе се разочарам пак не правев тест .. чекав да си добијам... но откако 1 месец ми доцнеше направив тест позитивен пак искочи .. отидов кај докторот пак матката чиста нема ембрион внатре.. правиме тест преку крв тој позитивен.. за жал бременоста била вонматерична... се разочарав ептен... после два дена имав спонтан и тоа пред термин закажан за чистење... паднав психички физички.. на секој начин ... паузирав еден период не се обидував да останам бремена и после тоа непланирано сум останала.. не бев фокусирана да останам бремена.. си ја подготвував свадбата и лани на денешен ден од докторот ја слушнав најубавата вест.. бремена бев 8 недели.. а за свадбата бев најсрекна зашто бев бремена.. на 11 ноември беше свадбата... после тоа сопругот не ми дозволи да одам на работа бидејќи работам тешка физичка работа.. земав патолошко и така ја истерав бременоста... сега си чувам 4, 5 месечно бебенце.. муабетот ми беше ДА има лажно позитивен тест.! (Сори за долгиов пост)
Да даде некоја совет која е со скратен цервикс низ бременоста? Строго лежам во кревет и само до тоалет одам.
Јас исто немав, ништо не забележав. Деновите кога ја очекував менструацијата само како една капка потемен секрет имав, и си реков а еве ми дојде. Но потоа ништо...И единствено кафенко што имав беше во 6 недела (2 дена траеше ама тоа беше некое празнење од матката поради што сеуште ставам утрогестан и дај Боже никогаш да го немам). Така да, изгледа не мора да се јави кај секој тоа имплантациско крварење...
Фала за инфо, не сум знаела, тука секогаш може да се научи нешто ново И многу ми е жал што си поминала биз сето тоа, се надевам наредна бременост нема да ти биде така, а и на никого не би сакала да се деси тоа , гушкајте се најмногу сега