Девојки моите маки не престануваат , бев да ми земат брис за микоплазма и уреаплазма и си шетам кас така без мака , коа се прибирам дома и што ке видам ? Крв на влошка , уствари она што ми тече како осцедок беше темна крв , директно на гинекологија таму др ми рече не се грижи ништо не е дабрастон и одмор денес , крварењето ти е од земање брис , уф не ме ни погледна замислете , потоа назад на матичен и бебе е добро фала му на Бог , викам на матичниот нешо дабрастон да ми дадете ? Па и не мора ми вели ама ај ке ти дадам за да не се плашиш , уф уф сум се изнаплакала , дали некоја имала искуство при земање брис да прокрвари како мене ??
Имам слушнато вакви случаеви, чим докторот ти кажал се е во ред без паника. Баш еднаш кумата ми рече, коа ќе ти зимаат брисеви, не гледај натаму ако видиш крв ќе се уплашиш само, и се коа ми зимаа на страна гледав. Опушти се
@Milicka* јас имав кафеав исцедок кога ми земаа брисеви во 12та недела. Не беше многу, ама имаше. Кафеав исцедок имав 3-4 пати во рана бременост. Дабростон пиев од почеток и уште пијам 2х1 и Утрогестан ставав, ми дадоа и 4 инекции Прогестерон Депо за секој случај. Така да, пиј ги Дабростонот и лежи, одмарај доколку си во можност. Штом си била и на ехо, бебето е добро, не се секирај (ова од искуство на најголемиот паничар во темава)
Ви благодарам девојки , @flower30 те запознав низ темава добро , до скоро само ве читкав но дојдоа проблемиве и ете ме , да е трагедијата поголема на мм наместо дабрастон му дале феро лек хахах па акде назад , се мислам дали да се боцнам со пролутекс секако ми останаа уште 2 , но ке прашам за секој случај кај др што ми правеше ивф , уф само да ми престанее , ова да знаете секогаш им се случува на паничарите , и уште нешто глупаво пд матичниот ми вели битно бебето мрда , па ми идеше да го задавам , ако не мрдаше бебето и тој немаше да мрда идиот!!!
И мене ми се случи,сабајлето ми земаа и до вечерта на бришење така неколку капки црвени,наредниот ден кафено на бришење и веднаш после тоа помина. Докторката не ме предупреди па малку се уплашив,ама си бев со терапија од пред тоа..
Кај мене е темно црвено и сеуште го има на влошка , се напив дабрастон се надевам ке биде во ред , иначе на хартија се цеди темна крв , извинете за описов но стравот е голем додека не исчезне скроз ова .
За ова си 100% во право. А инаку, позната сум по збрките и паниката. Ти напиј се Дабростон, лежи повеќе, а за Пролутркс не знам, ама па прашај си го ако можеш докторот ин витро што ти правел. Докторите викаат дека загрижувачки е кога е црвена крв, за темно кафеав исцедок (ако е се добро со бебето), викаат дека не е страшно. Не се секирај, одмарај си и пиши си тука се што треба
Често се случува после земање брисеви, требало докторот да ги нагласи. Безобразни се, со ранлива категорија работат (трудници), редно е да предупредат дека е можно крварење и дека не е ништо страшно. Мојава докторка на секое земање брис ми нагласува обавезно, иако ми е втора бременост што ја водам кај неа. Нејсе, не е ништо страшно, ќе помине. Крварењето не е од матката, туку од самиот цервикс од кај што е земен примерокот. Не паничи
@Milicka* дај Боже да исчезне побрзо,знам каков е стравот Одмарај колку можеш и доколку е само на бришење мене ми кажаа дека не е страшно.. следи го ако не се намалува појди и да те прегледаат.. ти пуштам среќичка
Јас сум со скратен цервикс и лежам 7 недели,моментално сум 34 недела.Совет само лежење како што ти кажале и терапијата што ти ја дале
Јас исто имав, тоа беше околу 12 недела и правев микоплазма, урео и микоплазма и таа што ми зеде уште одма рече дека ќе има крв, да не се плашам. И мнооогу болеше, како пчела да ме касна внатре, и си течеше може цел ден скоро како менструација. Ми рекоа да пијам повеќе вода и ќај од брусница да се исчистело. Фала богу добро си е се од тогаш натаму. После една друга ми земаше за пап тест и и кажав за болното искуство од првото место и ми рече дека тие на првото место мн добро и професионално работат и сигурно од правилно место ми зеле брис.
Па да ти кажам право ни јас не знаев се дури не осетив на своја кожа..тука се нема случено ваков случај да се раскаже., може јас сум единствената и дај Боже никому да не му се случи... верувај тоа е најлоша работа шо може да се деси на една жена... разочарување до бескрај.. ако немаш подршка од некого има тотално да паднеш... но ете да кажам имало Господ па ми ја пружи најубавата шанса.. да бидам мајка на едно мало човече ... и се надевам дека нема повторно да минувам низ истово .. здравје во иднина тука сме па ќе видиме што и како ќе биде... имај си лесна бременост ...
Полна 24та и + неколку дена од 25та. На пример 24+3, 24та си ја завршила во недела, плус 3 од наредната, значи во среда ќе бидеш 24+3. Всушност тоа е 25та недела, ама бидејќи е неполна затоа се кажува полна 24 + деновите кои ги поминуваш во моментот. Исто како 1 година и 2 месеци кога ќе кажат за бебе. Всушност бебето втората година од животот ја живее.
Од срце ви благодарам на сите , се надевам ке го пребродиме и ова , само бебе да е во ред , во петокот ми зема истиов доктор брис немаше ништо , денес морав да го поновам за урееоплазма и микоплазма и ми заврши работа , се надевам ке престане до утре , ве гушкам најсилно и на сите посакувам лесна бременост
Јас возам. 34 ја ситнам. Возење избегнувај ако ти ствара паника. Најдов јас да кажам, ама кога нема кој да те развозува ќе си возиш како попче.
Вреди да се прочита... https://pedijatar.mk/prim-d-r-lilan...piva-bebeto-za-da-ne-go-mirisa-vasheto-mleko/ . . https://pedijatar.mk/prim-d-r-lilan...ko-ste-roditeli-na-predvremeno-rodeno-bebe-1/
Луѓе кажувајте лек за ларингит, два дена настинка еве денес гласот скроз фатен и ептен ме боли грлото па и цел дел околу него. Смеам ли да се напијам некој антибиотик? Страв ми е да не ми се влоши уште повеќе, инаку сум 14 + 5