Нема на што Овде јас си читам, по нешто да знам што се случува во секоја недела. https://tvoebebe.com/BREMENOST/n32.php
Се вратив од преглед. Докторката вика сум била 35та недела(мислам рече 34+3),ама вика 35та си. Вика бебето е добро, одговараат димензиите за неделите, тежи 2470гр. Доволно плодова вода, цервикс ми вика 4,3 см. Бебето со главата надолу. Ама, постелката почнала да зрее, имало калцификати. И ми рече за 1 недела да одам на ехо и веќе ЦТГ да се направи, нема да се чека до термин. Во смисла уште 2 недели, да влезеш во 37ма и пораѓај. Толку разбрав! Сега, стравот ми е милион пати поголем. Ужасно страшно ми е. Само Господ да не чува
Не се грижи во безбедна зона си. Истера како што треба. Мисли самл на бебка дека ќе му биде уште поубаво со мама надвор многу жени нормално си раѓаат во 37
Зошто се плашиш, цветче? Па наскоро ќе гушкаш бебе И сѐ е во ред, гледаш, дури и тежина ќе стигне накај 2800 до тогаш. Доста беа стравови, стигна до крајот, сега доаѓа убавото
Ајде веке си на крај , ке биде се во ред , мисли како ке се гушкате со бебе , тоа нека те води понатаму
Не сум баш запознаена и мене ми е прва бременост ама нели се ова д димер и скриен шеќер? Мислам дека се испитуваат секако.
Докторката се што ти рекла е фантазија, и вода и цервикс и се. А за постелката нели е нормално да почне да зрее ? Веќе скоро 9 ти влегуваш, ајде уште една недела нека помине, и здивни веќе..во безбедна зона ќе бидеш, да смириш малце мисли, оти после со двечки душа ќе ти излева
Знам дека звучи ко лигавење, ама не сте свесни колку многу ми давате поддршка и ме опуштате. Ме фати страв дека ми рече за постелката. А луѓе колку страв имам за пораѓај, тоа е чудо. И сама се чудам. А си викав дека цела бременост со страв и нервози, викав да влезам во 9ти и може одма да раѓам Фала ви уште еднаш многу, најмногу за поддршката
Мене првата бременост постелката почна да ми зрее уште околу 28-ма недела. Имав високи димери, кои покасно ги открив, па и покрај тоа истерав точно до денот на терминот, тогаш се породив. Ич да не ти е мисла, башка што после 30-та е нормално да почне да зрее. Зреењето има три (или четири) фази, оди постепено, не е тоа така брзо и нагло. И да се породиш 37-ма, се што е над 34 се смета за безбедна зона. Напиј се вечерва еден бедоксин и мирно легни си, се’ ти е супер (и бебе, и тежина, и вода, и цервикс. Мисли на тоа и гушкај се со маж ти и малата )
Јас имам само читано нешто, ама мислев е пострашно Ама ја прашав докторката и она рече не е страшно, само треба да се следи и ќе биде пораѓај пред термин. И она рече според ехото е се ок, и тежина и се. Фала ти на објаснувањето
Постелката ми беше со лакуни од 18та недела, а се породив 40+2. Доплерот беше супер, беба одлично напредуваше и се роди 3790. Почна да зрее постелката во 35та недела. Зголемен исцедок имав од 34та недела. Ме подлажа 3 пати дека ќе излегува од 37ма до 40+2 И на крај и се уарни па со провокација се породив. Уживај и опушти се и ти и сите идни мами. Се ќе биде добро
Ххаха да не бидам и ја така, демек сега ќе биде па да чекаме Дај боже Господ да не чува и да сме живи и здрави и ние и бебушите
Не се плаши за постелката мене уште во 34 недела матичната ми рече дека е зрела со калцификати само почесто контроли да се следи бебе дали се храни доволно, еве јас ја терам 38 денес бев на контрола бебуш 3 кила за една недела сум на контрола ако во меѓувреме не реши батко да искача еве малку да те олабавам уживај дур доктори кажуваат
Сум го поминала тоа и затоа после тој случај не рачунам дека сум трудна додека не видам срцева акција, и не одам на гинеколог пред да ми доцни 2недели, во меѓувреме само си пијам тоа што треба и се праам на Тошо. Многу ми е жал што така ти се случило ама навистина не укажува на проблем ниту нешто си можела да спречиш, лоша среќа. Следен пат по книга да оди!
16+1 сум и ме задржаа на болница , си плачам ли плачам не можам да се смирам се надевам ке биде во ред , што е најстрашно ме задржаа а на ехо не ме видоа ке пукнам