@*Dariceto* јас мислев ќе штети на бебето и затоа испаничив. Ама фала ви на советите, сега сум помирна. @Milicka* а зошто те задржаа? Што е проблемот? Нели за исцедокот се секираше? Немој да се плашиш, подобро таму под надзор. Што и да е, да помине со лесно и се да е добро.
@flower30 отидов пак за исцедокот па ме задржаа , да сум била под надзор , каков е тоа надзор без ехо еве не знам , но ајде ке почекам да се раздени може ке ме видат до тогаш журка ке правам иначе сум сакала да одговорам на @Dikinzi но по грешка сум се надоврзала на друг пост извинии .
Ништо, подобро таму да бидеш. Ем ќе леѓиш цело време ем ќе те следат. Не се нервирај, подобро така. Ваљда утре ехо ќе ти направат.
Немој да се грижиш за ништо,на мене ми рекоа дека пострлката е зрела 2/3 степен уште на почеток од 7 ми месец...Така и си остана до пораѓај....а јас плачење,нервози....сега за тоа се кајам.Ефремовски ми рече да влезам во 36 та недела и го вадиме. Немаше ништо од тоа,бебето си растеше нормално без разлика што постелката беше зрела.Се роди 3100-50цм.Грижите би ти биле оправдани само ако плодот заостанува со развој во споредба со неделите на бременост,до тогаш не мисли,радувај се и одмарај...
Леле ова не е нормално, две вечери со ред ме фаќаат невидени жештини, спијам со маица по рамки од мм и шорцеви, се покривам само со чаршав и пак жешко ми е, ќе пукнам
Исто и мене, стапалата ми горат, по шорц спијам и кратки ракави, поктиена само со тенко јорганче... на утро кога ќе станам прстите на рацете од топлото ми се отечени... како лето да е
Пиши ни како си. Сè ќе е во ред, не се секирај, раат ќе си одиш дома. Имам закажано брисеви следната недела и сега не ми се оди читајќи за крвавењево. Има некоја што поминала без крвавење?
Кај секого е различно кај мене немаше, правев во 12, 27 и сега мислам 34 треба да се прави. Само опушти се и не се стегај. За првите брисеви многу се стегав и беше болно мислејќи дека ќе ми го повреди бебето а кога правев вториот пат бев опуштена и убаво поминав Затоа опуштено и сите сме различни. Убав ден
Јас немав. И не боли ич. Јас се плашев дека ќе ме гребе многу докторот со тоа стапчето пластично, ама тоа за хпв проверување е изгледа само. И тоа се стегав нормално
И јас се потам многу навечер. Ама мислам не е само до нас, стварно некои денови е прежешко. Баш денес ми се жалеа колегиве дека им било жешко и нив..
Д димери немам испитувано, матичната ништо не ми спомна. 30та недела и натаму кој испитувања се прават?
Некој не дава упат ако немаш индикации, јас ги правев без индикации па ми излезе скриениот шеќер малку покачен, а на секоја крвна слика ми е до 4.5.. После 30 некои прават 3 скрининг мислам, јас ништо немам направено до сега. Освен крв / мокрача и брисеви на крај ќе правам околу 35 недела
Mene genekologot mi rece barem do 14ta nedela ne a bez kola sum kako bez glava.Vozese li prvite meseci?
Јас се осекам способна за возење али ме зачуди тоа што ми го кажа генекологот до 4ти месец да не возам
Не се мисли , се ке биде во најдобар ред , намалува кај мене сега и на влошка е мн малку на хартија има но се е темна крв , ме мачи што не ме виделе на ехо , чекам визита да видам што ке кажат , ако е вака за џабе лежам без преглед и само си плачам ама на никој не му е гајле , само Бог да е со нас...
Возев да, ништо не ми спомна за возењето. Само секс ми рече не до 13 недела и да не одам на депилација тој период. Сите различно кажуваат. Ама не знам која причина објективна би била да не возиш. Ако не возиш, ќе те возат, пак си во кола и се трескаш по нашиве улици. Исто му доаѓа .
Јас не возам, сообраќајов во Скопјево е ужас, не сакам стресови да си правам. Не ми е за дупки и слично, туку нервозата како возат. Или со такси се развозувам или мм ми е личен шофер. Инаку, да ја пофалам перницата, одлична е. Јас неа си ја гушнав, таа мене и 8 и пол часа се изнаспав со едно станување за во вц. Убавини, ја препорачувам
Визита накај 8 доаѓа ако си на паталошка во ГАК и ќе ве викнат на преглед. Не се нервирај и не плачи, чим намалува тоа е ок и чим е темно не е страшно.
Ќе ве тепам сите, зарем прв пат ви земаат брисеви па волку страв и стегање што тупивте? Легнете на столот најопуштено што може, зјапните неколку секунди во некоја точка и толку е. Јас ништо не осеќам коа ми земаат брисеви или пап, ептен се тенки тоа стапчињата ко чепкалки за уши, зар од нив да се плаши човек. И не боли, ако земање брис боли можете да замислете која болка е породувањето. Вака ми викаа порано заб коа ми поправаа Ако заб правење боли ич да не ми текне на дете