Како прво Здраво до сите мешковци...Нова сум на форумот и многу сум среќна што ви се придружив и јас...Веќе сум во 19 недела и сега за сега добро се чувствувам...Кога бев на последната контрола бебчето беше карлично завртено па неможеше да се види полот...а инаку се беше во ред..Инаку си мрдка и тоа е најубавото чувство до сега Правев крвна слика и ок беше па сакав да прашам ако некој знае какви други испитувања ме очекуваат сега...Поздрав до сите и се надевам ке се дружиме преостанативе месеци..
bremenost/gestaciski-nedeli-t11933/ Да не се преповторуваме, еве ви табела за гестациските недели така ќе си знаете кој месец сте
Здраво феминки, Ве молам за помош околу тоа кога е најдобро да се појде на прв преглед? Штотуку дознав дека сум бремена и читам дека веднаш треба да закажам и направам преглед, но некаде читам дека прв преглед се прави во 6та - 8ма недела. Незнам дали е сега рано да одам - 4 недела и 3 дена, дали да чекам уште цела недела - две?
Јас мислам дека ти е најдобро во 8та недела тогаш ќе слушнеш и срцева реакција и ќе ти дадат и витамини и се што е потребно за првите месеци и ќе ти закаже следна средба-ехо. Јас така направив, меѓутоа добро е да направиш и крвна слика и мокрача за да однесеш резултати на првиот гинеколошки преглед за да се има претстава за твојата состојба. И едно големо честито!!!
јас мислам да не чекаш за да појдиш на гинеколог, заради тоа што на првиот преглед ти кажуваат дали е се во ред со плодот т.е дали е во матка или вон матка. Јас мислам нема ништо поважно од тоа во почетокот, потоа после првиот преглед по 3 недели повторно ќе си појдиш за срценцетооо да го слушните. Значи несакам да те плашам, и нема зошто да се плашиш, ама подобро да си појдиш побргу да не чекаш 8 недели, да си спиеш раат после... Со среќаа За неколку денови треба да одам да го слушнеме срцето, што да очекувам, некои посебни работи ќе ми прават или што? Некоја со искуство ако може да сподели што се случува тој ден кога треба да се слушни срцето. Веќее сум целата избезумена незнам што прашувам и како да ве прашам, многу се плашам кога ќе одам за тоа леле Модератор: Не испраќајте две мислења едно по друго, користете го копчето редактирај за дополнување на постот.
bebeto93 Тоа е преглед на обично ехо. Те прегледува докторот, ти го покажува срценцето на бебето и пушта звук за да го слушнеш. Чувството е прекрасно. Не знам јас ти што си замислуваш, но во бременоста освен испитувања на крв и мокрача, преглед на ехо, земање брисеви и сл. не ти прават ништо друго, ништо страшно и спектакуларно. Кога одиш на гинеколог, гинекологот ти кажува кога да закажеш повторно преглед и што следно ќе правите на следниот преглед. Ако нешто не ти е јасно и ако нешто те интересира зошто не го прашаш гинекологот?
Здраво мамички гледам дека има многу нови бремени баш се радувам ,а на тие што се при крај како мене што побрзо да си се олесниме еве Веќе сум 38 недела и 4 дена почнувам да осекам како менструални болки и ме фаќат ме остават се надевам дека ке биди што поскоро одвај чекам да си ја гушнам мојата убавица
па штознам, замислував подруго хехе.. кажете ми лек за пупките од гадите, ме чешаат а неможам да си ги допрам леле какво непријатно чувство
bebeto93 во категоријава БРЕМЕНОСТ имаш еден куп различни теми. Пред било што да прашаш тука, прво провери дали има таква тема. Ако има, постави го прашањето таму, но секако пред тоа разгледај ги и претходните мислења, бидејќи можеби на тој начин и ќе го најдеш одговорот. Еве конкретно за нега на градите во бременоста има посебна тема, а колку што можам да видам ти таму веќе си коментирала, што значи си ја видела. Проверувај теми, читај ги претходните мислења и поставувај прашања во соодветните теми, зошто често пати "Труднички муабети" знаат модераторите да ја заклучат поради кршење на правилата на форумот.
мислам дека треба да почекаш сега и да одиш џабе ти е.. само ке ти потврдат бременост.. а покасно ке треба пак да напрајш преглед затоа најдобро е да си почекаш да не се малтретираш два пати... и ке си го слушниш малото срценце како чука јас инакуво 5та недела бев на преглед (помое сметање бев 7ма), ама бебето каснеше 2 недели со развој др Пајаковска ми рече дека е покасно зачнато.. на тој преглед не дознав ништо и за 3 недели пак бев...
да си отидеш на контрола што те кошта зошто да чекаш уште 2 недели што да не се измалтертираш и д ане дадиш два пати пари а сте помислиле ли што ако е вонматерично??? ке ја преземете ли одговорноста тогаш не давајте совети кои не се издржани ова со најдобра намера не се контрам или закачам најмалку мие цел тоа
и јас како бебето ти препорачувам да одиш. ако ти ја нема веке 1 недела менструацијата оди си на преглед да ти ја потврди бременоста дека е нормално бнатре недај боже вонматерично како една моја пријателка предоцна предоцна отиде речиси кога ја стегнало од доле страшно чувство и се онесвестила......................да не зборам повеќе за тоа да не се исплашиш иако и на мене ми е се тоа у мислите да не ми се случи. инаку и на мене ми касни менз можно е да сум бремена ако не дојде до недела у понеделник одам на преглед
Здраво мамички Сакам да ве прашам нешто, многу често навечер ме фаќа грч на ногата и тоа кога ке се разбудам и кога наеднаш ќе ја истегнам ногата, а пијам магнезиум директ тој сто е во прашак. Малку ме загрижува тоа, што ќе ми препорачате вие поискусните? Поздрав и имај те си убав ден
Ајде душо со лесно да си поминеш. Јас кога дознав дека сум бремена т.е откако направив тест по 2-3 дена се јавив на гинеколог и си закажав за наредена недела. Кога појдов докторката ми ја потврди бременоста и ми кажа дека плодот е во матката и дека се е во ред. Ми рече убаво што дојде вака прво да си се провериш, а по 2-3 недели за срцева акција да дојдеш и така си бев. Па ми беше помирна главата некако после тоа.