Не ми е мене страв од земање брисеви, после толку чачкања долу и што не, со стравот и срамот одамна сум скарана За болка никогаш не сум осеќала ниту за брисеви ниту за пап. И кратко трае тоа, не е ништо страшно. Туку го спомнаа крвавењето и се наредија искуства со крв, па реков дајте да одиме малку контра и да прочитаме искуства и без крв
Еве јас со првата бременост два пати во13-14недела и некаде при крај земање брисеви ги поминав супер и без никaкво крварење иако докторот ми спомна дека е можно малку само да има крв ама да не се плашам дека е од тоа Само опуштено и се ќе биде во ред
Јас му кажувам на мм. дека вријам он не ми верува @Miss.N Што се тиче секрет јас на моменти како измочана сум уште од почеток прво мислев од Утрогестанот е ама до него престанав во 15та недела.... Еве ме 29та уште сум како подмочана (поготово ако прошло саат време од последно мочање) на гаки не се постигнува.... Кој што прави јас гаки купувам ама се навикнав Денес сум на контрола и молам Бога да се оди во ред а осекам дека малечката веке почнува да нема место.... И да труднички памет заборавив што дакав да кажам (секојдневие) ми стигнаа шпикозните преубави се фала на сите за советот Ве гушкам сите (странично)
И јас немам крварено после брис, а ми имаат земено неколку пати заради кандида. Еве последен пат во 35та недела и се' ок помина. Денес ЦТГ супер, ама докторката ме изненади дека ако не се породам спонтано до 38, ќе се оди со провокација (заради претходна киретажа). И некако многу брзо ми дојде, не сум уште скроз спремна, после контрола морав да седнам на едно кафе да се смирам малку. Плус и' покажав слики од исцедок од деновиве и она Леле дојди да видам да не ти пукнал водењак! Се изгубив тотално. И така сега се канам да ја доспремам торбата т.е. куферот, буквално се' треба да си однесам, од болницата добивам само пижами. И да почнеме да пренесуваме ствари кај свеки, зашто првиот месец таму ќе бидеме. Уф! Ми треба една дооолга медитација. Поздрав мешиња!
Еве и јас, досега сум немала крв при земање на брис. Ниту во првата, ниту во втората недела. Да прашам...знае ли некој дали можи пиењето на железо да предизвика лошење и повраќање? 3 дена како пијам и денеска од сабајле повратив и не ми олесна уште ми се лоши.
Не сме жени ако не искомплицираме за сенешто. На пример за мрдањево, знам дека бебето има периоди на движење, серии, ама повремено повеќе се размрдува, а 21ва недела сум. Не е некако порано за толку мрдање, буквално цел стомак ми се растресе. Инаку, постелката од почетокот ми е горе на заден ѕид, па можда затоа толку осеќам одвреме-навреме. А па кога не осеќам, филмој си прам, и така во круг И еве дур ја напишав поракава, престана
Кај мене немаше крварење ни на првите ни на вторите брисеви јас не ни осекам кога ми зема докторката многу е внимателна не се плаши
Мислам дека на сите видови железо што сум ги пиела пишувало дека може да предизвика гадење. Ако толку не ги поднесуваш, да смениш други?
Честитки за новите мами. Со лесно да си ја терате бременоста. Јас едно влегување во 32 и се ми се поремети. Правев муабет со една докторка на интернет со гестациски диабет, рече во 32 хормоните ти се најизразени па затоа има промени, потоа се намалуваат па ќе се вратиш во нормала. Тоа значи треба да покачам инсулин пред јадење, малце паники ме фаќаат ако накачувам вака до кај ќе стигнам, ама пак 10 недели бев со иста доза, така да уште 8 треба да издржам и после мм ќе ме чека со бурекот пред породилна сала Буци е многу немирен овие денови, значи ми го изместува стомакот. Од синоќа почна да ме мава во меурчето, не знам како е наместен, ама ќе ме сецне со болка и ми се мочка. Не знам дали се контракции, дали се бракстон-хикс, дали е буци... Наредна недела сум на контрола, ама ако почне да станува поалармантно ќе одам и порано колку да се смирам дека се е во ред. Јас јаката велев ќе идам на работа дур го родам, искрено да ви кажам уште сега да земам боледување нема да ми дојде лошо.
Добро утро, @Lorins пиј ги секогаш после јадење. Може да ти се лоши од апчињата. @Miss.N и јас тој период неколку денови имав зголемен исцедок па намали, па сега пак почна. И не сум навикната и малку испаничив и јас да не е водењакот Вчера и спомнав на докторката, рече нормално е и плус Лоринс нели пиша вчера според апликациите. Така да, како што рекоа и други мешиња, ако нема специфичен мирис и боја не е страшно. @Dana31 пред 2недели матичната ми рече една недела поназад сум со мерките, оваа докторка вчера ми рече се си е во ред, си одговара бебето. Јас благодарение на вас, спиев мирно ноќеска. Стварно нешто имав читано за калцификати, ама не сум запазила точно и мислев страшно е по бебето. Уште еднаш од срце фала ви за објаснувањата - повеќе овде ги добивам отколку од докторите Сега, треба за брисеви да идам, ама матичната термин има дури во четврток, па се надевам ќе стасам Колку брисеви се земаат во 35та недела?! Да видам, ако не и приватно да ги правам. Имајте убав ден
Извинете ако растревожив некоја но морав да прашам некаде за мислење , и мене ми земаа пред една недела 4 брисеви немав ама баш ништо но овојпат ете се деси , ве гушкам мами и ветувам нема да ве малтретирам , имајте безгрижна бременост душички
Леле јас немам моментално апаратче да проверам шеќер, живи паники сум. Едвај чекам преглед.. Инаку, и моево бебе е многу активно значи ве читам за броење на движења, јас не знам кога не мрда господинов мој. Да не го урочам сега, знам дека е подобро да мрда ама дали нешто ти кажале да не имаат повеќе енергија од шеќерот? Се си поврзувам со тоа и само паничам, срам ми е вакви глупости да го прашувам докторот. Не ми е ни една единица покачен и тоа само 2 саати после оптеретување, а јас драми 300 направив
Те разбирам и јас сум иста, ама чувам во себе и мм го јаде на крај на ден (душичка) Инаку читав за движења на бебе, и нема такво нешто како „премногу мрдање“, така да не се грижи, нормални се движењата. Некои бебиња повеќе мрдат некои не. Важно е да внимаваш ако бил ептен активен и од еднаш престане наредниот ден. Ама и тоа не е алармантно, како што расте му снемува простор па движењата се намалуваат. За секој случај ако имаш некој претчувство подобро оди до гениколог за да се потсмириш. И ич да не ти е срам за прашања, прашувај го се, за бебо се работи, колку и да ти стојат глупи прашањата некогаш се на место.
Мое искуство со брисови досега: Првите кога ми ги земаа за уреоплазма и тој другиот на М, микоплазма беше? Ми ги земаше матичниот, малку пофушарски, и имаше на врвот на чепкалката крв, се избезумив, цел ден потоа дома "чекав" крв, ама ништо не ми протече. Кога се видов со приватниот гинеколог, рече дека тоа е крв од грлото на матката, бидејќи се надразнува кожата. А второто земање брис кај мојот приватен гин. помина чисто, ниту на брисот немаше, ама тој е повнимателен. И сестрата кај истиот ми објасна дека бебето е горе, заштитено е и затворено, и таа крв од од грлото на матката.
Мене од тотхемата ми се лошеше и повраќав, ја сменив со друго железо и сега сум ок. Повраќам повремено, ама мислам дека ми е од месо. На брисеви земање некогаш сум крварела, некогаш не, некако нормално сум го прифаќала тоа зошто знам дека може да гребне при земање. Инаку само што завршив со прво цтг на гак. Мирно си е. Поминав и прв преглед со прсти и некако не беше болно овој пат. Грло меко, ич отворена. Ми рече да дојдам за 10 дена, што ми падна чудно ко за 2 недели пред термин, со првата бременост почесто одев. На ехо не ме гледаше, се надевам дека имам доволно вода и се мислам дали да одам кај матичната да ме ѕирне. Вчера испитував крв. Стандард лошо . Бар сум доследна.
Фала ви на одговорите. Ќе видам уште некој ден, ако ми е вака значи од нив ми е, па да барам замена. @flower30 мене во аптека ми напоменаа гладна да сум час 2 пред да ги пијам. Во претходниот пост сум пишала во првата и втората недела,наместо бременост но ме разбирате што сакам да кажам.
Да одмарам утре ке ме пуштат , не ми тече сега како вчера , на ехо не ме видоа, не работело не сум од Ск , па ако не се снајдам денес утре сепак ке отидам пак за мирна глава , се надевам синко е во ред .