Аа може, сите се различни. Јас пијам Сидерал сега и првите два дена ужасно ми се гадеше од нив. И прашав аптекарка, ми кажа по јадење да ги пијам и сега немам мака. Да, ако ти сметаат ќе си побараш ќе ти дадат други. @Milicka* битно добро е. Нели и матичниот те видел на ехо вчера, не се секирај. Одмарај, ќе биде добро
-Јас кога правев сега во 13 недела немав ништо а многу ми беше страв и бев стегната, не од болка туку баш од стравда не прокрварам. Ама фала богу ок беше...
Денес бев на контрола и матичниот ме праќа на ГАК со надеж дека ќе ме примат бидејќи бебето со едната нога е во каналот од цервиксот,денови се во прашање уште колку ќе истуркам.Иначе сум 34+6,а бебе е негде 2360гр. Вчера имав толку надеж кога ги читав советите што и ги дававте на @flower30,бидејќи сме исто со недели ама ајде реков да не се радувам пред време и вистина така било. Бебето уште е карлично,не е свртено.Со господ напред ќе видиме што ќе кажат на ГАК,од една страна сакам да ме задржат бидејќи ќе бидам по сигурна таму а од друга страна срце ми се кине дека нема да бидам со ќерками,нема ни да ја видам таа е вградинка а ние ќе бидиме заминати за Скопје. Како што е пишано така ќе биди и првото ми се роди на празник,можи и второто ќе биди така.
Бев на преглед. Бебенцето мое е помало за 3-4 дена уште од почеток, така и сега. 2180 тешко, се е супер
Мами мене рано ми е ама јас се припремам за бебиве морам зошто сакам сама да си избирам а се потешко и потешко ми е да шетам, така да при крај сум со купување.... сакав да ве прашам од каде да си купам ташна, не оди со количката.... сакам некоја поголемка за да може ствари за две беби да собере, да ме упатите каде да барам
@kristii како што ми пишаа и мене и докторката исто рече - во сигурна недела си, 35та така да не е страшно. Бебенцата ни се тука некаде и со килажа. Да помине се добро на пораѓај, од срце ти посакувам, па ќе се гушкате дома и со ќеркичката и со бебуш
Три бриса се земаат од 35 до 37 недела.. 1 од кај анусот (надворешен) за стрептокока и 2 внатре не знам за шо беа тие.. и резултатите шо ќе ги добиеш тие треба да ги чуваш за во болница кај ќе се пораѓаш... во историјата што ќе ти ја отворат ќе ги вметнат за да може докторот што ќе те пораѓа да ги види.. доколку имаш стрептокока не смее природно да те пораѓа туку царски... мене така ми кажаа на гак кога се пораѓав.. сеа не знам дал е така или не... сепак докторите знаат најдобро..
Јас мислам оти даваат вагиналети за да се ичисти, или пред пораѓај, така имам некаде прочитано а може сум и грешка. А ако уште е присутна тогаш царски се оди.
Женски ај ве молам помош, какви вируси се овие кои ми се позитивни на испитувањето преку крв дали знаете? Сега ќе пребарам на нет ама реков и тука да не знае некој...
Треба да биде вака. Ова значи дека некогаш си ги имала. Ако IgM е позитивно, тогаш значи дека сега ги имаш. Ова е тамам.
IGG e стекнат имунитет од вакцина или од инфицираност и е океј да биде позитивно IGM е позитивно ако сеуште постои тој вирус/паразит во организмот, ако сеуште си заразена и не си излечена
@Оли и @Butterfly1107 Ви благодарам женски за одговорот, јас одма испаничив оти појма немам што е тоа игг/игм-се' ми е ново. Така бев некако како успана, плус грлово ми е скрос за никаде, со болки и печи леле мајко и кога ги видов резултатите....Но, во меѓувреме разбарав низ нетов и читав и низ темава. Стварно покорисно нешто од оваа тема за нас труднициве мислам дека немаИнаку на др ќе треба дури во понеделник да одам за со резултати, и така наеднаш одма испаничив кога го видов тоа Позитивно но сега веќе знам како стојат работите. Ве гушкам
@0ли и мене ми стаса перницата и многу е убава и удобна, денеска одма ја пробав, одма си најдов поза која ќе ми биде убава за спиење, вечер се надевам ќе се изнаспијам, ама навлаката ме препоти, едвај ја наместив
И јас се препотев додека ја наместив. Не ме трпеше срце да го чекам мм да помогне. Едвај чекав да се исушат навлаките, да ги испеглам и уште да го чекав да дојде, многу ќе ми се собереше чекање. Ај со убаво да си спиеме
Девојки денес бев на преглед и девојката ни е фала Богу добра на мама и тато срце полно ко планина Само док од мојата крвна слика рече дека морам да пијам суплементи за хемоглобин и ми препорача Фоловит Феро.... Ме интересира дали некоја го има користено и како сте задоволни???
Јас се вратив од Скопје не ме примија.Докторот рече дека немало место каде да ме примат,немало потреба ни да идам ако ми прснел водењак или ме фателе болки тогаш да сум дошлаДо тогаш дома да мирувам како и досега. Не знам ни што да мислам ни што да речам.Или мојов матичен го фаќа паника да не испадни како со првата бременост да појдам на контрола 8 прсти отворена без болки и без прснат водењак па да мора итно скопје да ме породат одма,бидејќи кај нас нема услови за предвремено родени бебиња па затоа нон стоп ме праќа Скопје да ми хоспитализираат а тие нон стоп ме враќаат или мора да барам врски за да ме примат. Веќе 7 недели кај што лежам,цервиксот продолжува да се крати,морам да одам на почести контроли кај матичниот сега за на време да се сети кога ќе дојдам за пораѓај. Навистина ми е стресна целава ситуација секое одење во wc,секое станување сега повеќе од пред некоја недела,но ми преостанува само да се молам на бога дека се ке биде во ред. Од друга страна некако ми е убаво што не ме задржаа,си ја гушкам ќерками сега кај што спие до мене,и не знам како би издржала без неа.Можеби кога ќе се породам ќе имам друга принцеза до мене па ќе ми биде полесно
Мешиња јас деновиве подобра сум. Сега си гледав видеа на јутуб за неделите во бременоста, и така си поплакав од радост.Од утре 34 недела, па ме фаќа возбуда и страв. Дали благи менструални болки се лажни контракции?? На работа одам уште наредна недела, потоа земам боледување две недели, и од 01.12 го земам зимскиот одмор. Напната ми е веќе ситуацијата. Шефицата ми вика денес колешката твоја продаде 8кг кашкавал, да видам ти колку ќе продадеш. Малку фалеше да и кажам значка да не ми дадеш ако продадам повеќе, ама преќутев. Од наредна недела ќе почнам да перам и пеглам за малечкото. Сакав да прашам да ми кажете што ми треба за во Чаир и за мене и за бебуш, од гардероба и од козметика.