Доктор би ти кажал најточно ама ако сакаш мислење јас би останала дома и знам дека сипаници искачаат кога седиш на топло. Така да, прозорот подотворен дома свежичко да биде, а и прашај ги твоите кои сипаници ги имаш прележано, па разговарај си со лекар. Знам дека сипаници во бременост не е мала ствар, напротив.
И јас пред спиење ако не земам гастро гард нема око да склопам. Таман ќе заспијам ајде ми се јаде, мртва гладна станувам јадам и додека да легнам дошло време за работа. Вчера на работа клекни стани правев, чистев и дома кога си дојдов осеќав како бебуш пониско да ми е.. И осеќам како веќе матката ме заболува кога ќе се наведнам нешто да земам, или кога нешто потешко кревам. Понеделник сум на контрола, ќе видиме што ќе ми кажат.
Оли фала што ме мислиш , добра сум скоро и да нема ништо повеке , се исконсултирав и со уште двајца гинеколози рекоа дека е од брисот , а јас заборавив и дека од клексанот и кардиопиринот може покасно да ми престана ова кафеавкото , среда сум на преглед кај приватна докторка па ке видиме , иначе мислам почнав да го осеќам синко но нека кажат искусните дали е тоа тоа хахаха како гадичкање нешто така не знам да објаснам ама мислам тоа е , а вчера кога ме пуштија од болница ептен ми се гадеше си велам во себе синко се радува што сме дома хахаха , се ке издржам само да ми е здрав и жив , се заборавив во пишување
Добар ден, Денес пак од оние нервозните денови. Дома е хаос, и треба да се прави генералка и му објаснувам на мм и ко да не сфаќа. И ужасно ме нервира. Ќе направи 1 работа која одзема пола саат и после 2 саати одмараНе може да разбере дека мора да го средиме тоа што е потребно, а јас не можам. Плус и слава имаме. И на крај кога ќе му речам дека се нервирам што не можам, ми вика "не се секирај, ќе се породиш, ќе си чистиш пак" Денес пак, бебето малку го осеќам. Од сабајле од ко станав од 9.30 дали 5-6пати го осетив. И додатна нервоза и за тоа Значи, немам мир ни еден ден. Оваа бременост ме исцрпи психички. Искрено, знам дека после е потешко, ама едвај чекам да се породам. И се да биде ок. После ќе тераме како знаеме и умееме. Извинете на мојот мрчаторски пост. Еве за возврат повелете на кафе и  торта да смириме живци
Абе се на игнор.... и чистење и генералки и се буквално... што се секираш за кратко ќе се гушкате, а и 5-6 пати си го осетила, тоа не е малку, остај нека одмара бебето
За ова со пратењево движења.... Петокот го прашав докторот и вика вака.... Треба да броиш секое претнување како еден удар и такви треба да имаш минимум 10 во текот на денот.... Не 10 сеанси во тркот на денот туку минимум вкупно 10 удари во текот на денот.... Не во 2 саати туку во цел ден искрено не дека е мој ама докторов е стварно со искуство и еден од постарите во Ск не сакам да го рекламирам ама читам дека ве има доста незадоволни од своите матични.... Затоа сакав да го споделам со тебе а и останатите што ке прочитаат ова за броењето удари, за да бенате непотребни нервози Те поздравувам со кафенце а што се тиче на маж и чистење.... Секогаш ке се најде нешто да не изнервира мојот е срцка што се тиче помагање и во нормална а не па во трудна состојба ама па за да го станеш негде да те прошета или да одиме негде мислиш на гиљотиња го носиш и мене тоа ме нервира.... Он би само дома да седи и даси гледа ТВ а јас уште од сега кројам планови кај ке шетаме со беба здравје кога ке пркне така да врти сучи секој има бубачки
Последно кога бев на клиника и мене ми рече докторката да броиш по 10 удари во текот на денот и 10 во текот на ноќта а јас сум со две бебиња во една постелка и бебите си менуваат положба, значи јас треба да имам по 20 удари дење и ноќе, а појма немам кое бебе кога клоца.....башка тоа како бе ноќеее да бројам така дааа ова за мене се апсолутно живи глупости и психичо оптеретување.... ниту бројам ниту сум со план да бројам, кога осеќам движење значи ок си се, само Господ да не чува, друго незнам што да кажам
Само да си се пофалам дека мачнините се намалија уште повеќе (сеуште ги има ама мимимално) и уште посреќна сум што со фраерот наш се е во ред прв пат го гледавме така на ехо, како мафташе, па тоа ноџињата де вака де онака... Абе милина да гледаш
@*malenavolena*87 @lejlla мене ме нервира што стварно е психичко оптеретување со броењево. Пример вчера, седам со гости, правам муабет и онака осетив дека мрда, ама јас треба да не зборам со никој, да сум сконцентрирана за да бројам удариИ тоа со броењето ноќе е нон сенс. И искрено само нешто измислуваат. А за чистењето, не можам да ставам на игнор, јас сум црвецМногу сакам да ми е средено дома, да е чисто. Поготово, што здравје боже, бебенце ќе пристигне. И тоа зборам за тековни домашни обврски. Ама еве средил свекрва ми да дошла утре да исчисти прозори. Барем претходната недела го натерав плакари да средиме, само што морам да трпам на секои 15мин. да има пауза за цигара И јас денес малку пофатив нешто. Искрено, жена што нема да дојде да ми чисти - нема(а многу сакам) , здравје да сме живи и здрави јас да си се вратам во нормала најарно ќе биде
Фала многу на сите за честиткитеда сте живи и здрави Господ леснина на сите а на мамите да му се живи и здрави најмилите Неможам да дојдам при себе уште само го гушкам и плачам од среќа фала му на Господ и на вас сите голема подршка ми бевте сите
А ова од која недела е со броењево? и зошто? во вторник сум на контрола па баш ке прашам.. а и како ке ги броеш се треси стомаков од што мрда )
Нормално ли е да ме фаќа грч во ногата, од бутот па надоле. Неможам да се движам. Вака пред бременоста не ми било.
Ме боли доле ниското, матката ли е, јајниците ли се... Незнам што е. Што да правам, дали е нормална таа болка, дури и не можам да се мрдам.. Сега со камилица ќе се измијам и ќе ставам малку на влошка така да ми отстои.. И денес кога се враќав ме сечеше стомакот на средина, како грч некој. Можно ли е да ми е од работа што кревав тешко и што се веднев.. Кажете чаре.. На лекар сум утре.
Напиј се еден магнезиум, би требало од тоа да помине. Сигурно ти е од работа. Ако случајно не поминува, на лекар, мада ќе те опушти магнезиумот сигурно, си претерала малку денес
Да прашам, кога ќе сакам да си земам боледување треба да кажам на работа дека нешто не ми е добро или само да најавам дека ќе си земам боледување? Предходно кога бев дехидрирана од ппвраќање, неможев да функционирам ама ич, стварно бев во многу лоша состојба, и еден ден пред да одам на работа кога се заповраќав, па тоа нагони ненормални, па уште полошо. Среќа маж ми беше дома ме однесе на лекар ми дадоа боледување. Пишав порака затоа што немав сила да зборам. Дотичната шефица на работа не ми врати ни збор, зборела дека требало да и се јавам а не да и пишам, и сега баш ли ми текнало да земам боледување значи идиотка лицемерна, неможам да ја гледам. А сакам и боледување и одмор да си искористам затоа што на никој не му е гајле ако не си ок, сам треба да си се гледаш.