Јас наредна недела ќе земам боледување, во понеделник ќе им кажам дека неможам да одам на работа, ќе кажам некоја причина и дека морам да седам дома. И толку. И мојата шефица е како твојата, идиотка. Ич не се замарај. Земи боледување, и не се замарај. Никој нема да не гледа кога ќе ни биде тешко.
Женски, не се замарајте со броење удари, само повеќе нервоза така. Не мислете на тоа,кога ќе почне да мрда уживајте во тоа ,а не да броите
Има жени што цела бременост мора да бидат на боледување, и ич да не ви е гајле..како што нив не им е коа ќе во речат прекувремено а после нема да ве платат, или пак кога се изживуваат врз вас. Терајте си вие вашето..а за грчевите нормални се, болни се ..ама нормални се.
Како они да не се жени бре, како да не родиле. Ама тешки комплекси владеат, страшна работа е ова кој се станува шеф. А најниско образование има од сите. Не дека вреѓам да не ме сфатите грешка неможе секој да е со факултет, но пред се треба да си човек.
Јас знаеш како велам. Има и она ќерка, како се понаша према мене така и према ќерка и да се однесуваат кога ќе биде бремена. Најмногу ќе ја боли тогаш. Мене ми требаше долго време да сватам дека морам сама да се пазам, дека никој нема да ме гледа.
Од кој магнезиум пиете (фирма и сл.)? Јас еднаш ја прашав матичнава (кога бев 6 недела) дали да земам и тогаш ми рече рано е ама и не мора. Досега ми нема речено да земам....
Јас пијам магнезиум 400 + б комлекс, така ѓи објаснувам, многу се ефикасни и задоволна од нив , од кога ќе се напијам за 15 мин ме смируваат .
А знаеш ли дали можеш да земеш боледување, се имаш распрашано? Затоа што знам исто сме со неделите, 34+ недела не знам дали даваат обично боледување или мораш породилно да отвориш, види тоа. Инаку јака ти душа што уште работиш физичка работа, што ќе беа без осет луѓе да те оставаат да се мачиш уште, можат барем малку да ти олеснат
Од 34 неможе да се земе боледување од гинеколог но може од општ доктор. Последна опција да отвориш трудничко.
Ќе земам боледување од гинеколог, две недели до 31.11 од 01.12 го земам зимскиот одмор, до 09.12 и од 10.12 породилното. Така планирам. И мислам дека ќе можам, мислам ќе ми дозволат. А што да правам кога имам дома еден маж и што цело време ми вика оди, ништо не ти е, оди греота за детето да земаш боледување а ништо не ти е. Го слушав цело време и будала види сега го чувствувам тешкото. Морам така да темпирам со боледувањето, да не им се вратам на работа бидејќи душа ќе ми извадат. Sleppy пелените дали се добри од сам почеток да ги користам или со Pampers да почнам??
Затоа што мислам дека тоа му доаѓа 45 дена пред термин, што е минимално растојание за отварање трудничко. Затоа сите во тој период кога не ги следи боледување од гинеколог го користат одморот па отвараат трудничко. Ама ете ако можеш од матичен земи барем недела дена..
А две недели нема ли да ми даде обичен доктор??? Сега се разочарав... Се осеќам дека не сум способна да работам веќе..
Ау не знам стварно, јас се распрашував исто за боледувањата ама не сум земала до сега, баш од причината што ти ја кажувал маж ти. Стварно не ми е тешка работата и греота ми е што се вика да го лутам Господ и да земам без врска боледување. Ама ти и премногу се мачиш, така да со среќа ако даваат и две недели од матичен супер..
Мешиња да прашам како да осетам контракции? Во петокот бев 2цм отворена ама дома сум си, а денес бебуш многу ми е вознемирен само мрда и мава..а не знам да определам дали се контракции или си замислувам пд што сум веќе вознемирена. Инаку 39та недела сум