Оди кај твојот матичен доктор и објасни каква ти е ситуацијата. Ќе те посоветува во кој случај можеш да земеш 2 недели одмор. Зависи од дијагнозата и испитувањата што ќе треба да ги направиш.
Здраво на сите, ме немаше еден период ај да се пријавам. Бевме на одмор една недела а и многу обврски пред тоа и немав време. Многу страници има испишано пд последниот пат баш и неможам се да прочитам, се надевам и кај вас е се во ред. Инаку јас сум супер, бебе мрда само што многу грчеви ме маваат во нозите ама тоа е. Позз до сите
Мешки,да ве поздравам само.Гледам сите сте добро,со по некоја мала нелагодност,својствена за бременоста Јас сум супер,утре влагам во 20та недела.Не ми се верува дури,само нека расте бебкава и нека е во ред се.Иначе многу почна да мрдка последниве денови,особено навечер кога ке се оптегнам пред ТВ.И нема пеперутки,слатки мали серии боксчиња се. “Топчево” ми е се поголемо,деновиве ке морам да инвестирам во некое трудничко парче облека.Зимска јакна нема да купувам,имам една парка која е поширочка и капут со појас за врзување,не е со копчиња.Ако рипне многу мешко,имам ќебести шалови,ке пројдам Убава и мирна вечер ви посакувам
Уште поубаво што си и пишала, тоа е доказ дека си ја известила, согласно закон си ок. Слободно пак извести ја преку смс ако така ти е подобро тебе. Многу ме погодува што се помалку има солидарност и емпатија меѓу луѓето, особено на релација жена-жена, а најмногу кога се работи за труднички/мајчински проблеми. Инаку јас дежурам, киселини ме убија, а и малата ми се разбуди во 1 и до 2 не заспа, па сега имам револуција и во глава и во желудник. И секако кога сум будна во ниедно време размислувам за глупости. Да не има уште некој во трета смена?
Добро утро мами! Јас сакам да прашам како го преживеавте испитувањето на скриен шеќер, ќе одам деновиве ама и сама незнам како ќе издржам, навикната сум само што ќе станам од спиење да пијам смути, па да доручкувам, значи гладна никако... ни 10 мин. а ова траело 2 часа Инаку мене синоќа и утрово ме болеше стомакот, слаби менструални болки... не се испаничив како минатиот пат, знам дека се шири матката, а и како стварно да им се направи местенце на бебиве цело време се активни
Мила не се секирај не е ништо страшно,мене ми се вкуси и сакав уште(дали дека жедна бев),и потоа осетив ситост и не осетив глад.Што се однесува на менструалните болки,ако ти траат подолго или се засилат консултирај гиниколог,зошто во право си матката се шири и би требало да поминат,краткотрајни се.Кај мене барем беше така.Секое добро
Ај и јас да прашам за крвната група. Не знам каде ми е картончето од возачка, ќе треба ново да вадам. Дали пак ќе треба да се боцкам и како е на трансфузија, треба да закажам или да одам таму па кога ми се посреќи. И да не може во приватна лабораторија случајно тоа да се заврши зошто клиника ми е смрт
Кога отидов да испитувам бев премногу гладна.Ми jа дадоа чашата и ja накренав како 10 години да не сум внесила никаква течност. Мене не ми сметаше,се надевам и тебе нема
Женски да ве прашам тие што ставате клексани и пиете аспирин на колку часа растојание ги ставате/пиете? Јас ставам два пати на ден клексан,сабајле и навечер и секо втор ден на гладно аспирин. Но последниве неколку недели приметувам денот кога го пијам аспиринот и клексанот ми е лошо и шеќерот ми е повисок. Го ставам клексанот и аспиринот на еден час разлика. Дали мислите аспиринот има влијание на шеќерот и тоа што ми се лоши? Тенкс
Женчиња, едно прашање, дали имате искуство патување со авион во бременост, кој месец сте биле ако да и како препорачуваат докторите доколку бременоста е нормална?
Mene doktorot mi rece do 30 nedela mozam da patuvam, 3 pati patuvav vo 7, 12 i 25 nedela toa bea letovi po 2 casa vo pravec.Pred poletuvanje piev od apcinjata protiv macinini oti gi imav mnogu toj period a posledniot pat samo magnezium se napiv.
Јас пијам кардиопирин и клексан но клексан само еднаш на ден , ги примам на 12 часа разлика , кардиопирин сабајле и вечер клексан.