Ти одговорија неколку други мами, значи сите различно. Јас исто сум гладна и јадам штом отворам очи, кај бев гладна, кај тоа ми дојде преблаго, ми се чинеше како да пијам сок од бонбони со вкус на шеќер. Првиот саат ми беше прилично лошо, после цел ден ми беше онака мутаво во стомакот и не можев да јадам асално. Се надевам ќе имаш повеќе среќа од мене! @mici-22 Не знам за аспиринот како влијае на шеќерот, ама јас кога на почеток на бременоста земав и аспирин и клексан, ми беше нагласено да не бидат многу блиску. Оставај колку можеш повеќе време меѓу нив.
Јас пред скоро 3 извадив картонче за крвна група во синлаб и во чаир кога се пораѓав ми го прифатија тоа.
Доколку имаш нормална бременост нема никаков проблем, јас патував во 7-8 недела на одмор.. иако тогаш имав и кафеав исцедок.. докторот ми рече ако си трудна не си болна и така лесно си го сфатив тоа така да поминав одлично.. а мислам дека може до 30та недела комотно да патуваш без потврда од доктор..
Го видовме немирен буци денес на контрола, на мама палавкото. Си расте, одговара на неделите само главчето ни бега пак напред, ама ако не е ништо страшно. Мама е супер, постелката уште 1ви степен (значи рано е уште за било што, 33 недела од утре) Немам подуени зглобови и стапала, притисок нормала, исцедок нормала. Буци е веќе со главчето надоле, ако не му текне некоја акробација пак. Папочната не му е околу врат. И сега во четврток брисеви паники малце ама ајде се за буци. Иако му кажав на докторот 35-36? Вика абе не, сега да ги правиме, од 35+ може ќе те породам. Јас мислам ранко ќе е барем до 38 да се прошетам со стомачето, ама ајде ќе видиме. Мајка ми се раскупувала за буци, мислам дур се породам ништо нема да треба јас да земам Дури и за мене во болница почнала да пазарува. Пуста мајка, ама ајде ќе ја оставам нека се радува. Вчера мм некоја книга читал за што да прави таткото за време на пораѓај, , па пишувало „не е задолжително да присуствува“. Па викам не е задолжително да си на бокс и ти, ама да си ми во чекална би сакала, од кај да знам што ќе ми треба во тие моменти, после оди во кафана да славиш (абе прво дете/внуче ги разбирам сите) Поздравче и само опуштено
Браво мила, баш ми е мило што сте и двајцата добро А за колку беше буци поголемко и за колку време се изедначи со неделите? И ние сме недела ипол-две поголемки Бацки
Друшки, да прашам нешто, не за мене сега, за сестра ми. Имаше позитивен тест пред 10тина дена и денес на прв преглед виделе плод, виделе почетна срцева акција, но докторката и рекла дека имало некакво “раслојување на матката”. Ја извадила од памет, а не и објаснила што е тоа. Јас пробав да најдам на интернет ама ваков термин не наоѓам ни на македонски, ни на англиски. Му кажале ли на некој вакво нешто, знаете ли што може да е? Јас си имам своја претпоставка, но само нагаѓам по логика и не знам што би можело да има последици. Кажете ако имате некое искуство. Ах, ќе изумев. И кажала и дека веројатно биле близнаци, но едното не се задржало, па сега таа мисла ме мачи, да не случајно тоа раслојување било причина да се изгуби другото.
Кај мене секогаш главчето и мешето му беа 2 недели напред, поради скриениот шеќер. Сите други димензии му одговараа на неделите. Е сега главчето не му се изедначува со неделите секогаш му оди +2, а за мешето ми кажа не е репер секогаш зошто може не е мочкал па стои поголемко. Веќе сум 11 недела контролирана со диета и инсулин, што значи пред 11 недели бевме +2 на главче и уште така тераме. Не е алармантно зошто не е пораснат повеќе на пр. +3 +4 недели. +-2 се толерира. Е сега и кај нормални бремености (без шеќер) знае бебо да биде +1-2 недели напред. Нормално е тоа.
Браво мила, одлично си тераш, само така продолжи. Искрено си ми многу голема поддршка и многу сум ти благодарна Со лесно да истераш до крај и да си го гушкаш најубав буци П. С. ќе ти пошивам уште јас, не те оставам така лесно имам јас уште пат 27 недела ќе сум од четврток
Смееш до 30 недела, т.е. зависи и од авио компанијата. Некои даваат и до повеќе недели, а некои бараат и потврда,најубаво извади си потврда од матичен, за да не му ја мислиш. Речи му само да ти даде лист дека имаш уредна бременост и дека смееш да патуваш, и немаш гајле
Утрово каснав колач со какао, тегоби на желудников имам цел ден .. некако бебеушот да не е мн горе ептен почнав да си имам мака со желудников и со тегоби, киселини.. што и да каснам како тегоби да ми ствара.. утре сме на преглед па ке видиме како напредува.. едвај чекам да го видам..
Женски, од денес ќе почнам да земам Магнезиум 400+Б комплекс (директ). Е сега, не ја прашав докторката дека земам и фемибион 1 (уште 5 имам од нив па ќе преминам на 2) гледам имаат скоро исти витамини па ми е малку страв да не надминам дозволен внес на витамини/минерали. Ги земате ли и вие овие 2 врсти, и на какво растојание...? Или да барам само чист магнезиум?
Јас таа комбинација ја пиев и два месеци пред да останам трудна и сега ја пијам. Немам никаков проблем. Ги пијам на работа додека сум Фембион 1 накај 12ч, Магнезиум директ од Алкалоид накај 15ч.
Здраво, Јас имам 2 прашања, знам дека сум досадна ама некои работи не ми се јасни. 1. Дали може да ми опишете за породилните болки?! Јас во првата бременост немав класични контракции, мерења на појава на болки. Сега пред 2 дена имав менструални болки, се напив пробиотик и Магнезиум и ми помина стомакот. Овие 2 дена малку претерав со работа и денес ме боли стомакот, онака ко жежење во стомак. Се напив Магнезиум и пробиотик, ама пак имам исто таква болка, ко жежење. Знам дека е смешно, ама ми е страв да не има нешто а јас дремам дома. А да одам секок втор ден на лекар ми скисна веќе. 2. Според др. сега кога бев на извештајот од 07.11.2019г пишува *според посл. менстр(07.03.2019) сум 35+0,термин ми е 12.12.2019. *според мерки 34+3, термин 16.12.2019 г. И докторката ми вика на 12.11.2019 ќе влезеш во 9ти Прашањето ми е, по што се гледа - по последна менструација или по мерки на бебето?! И ако во четвртокот по посл. менс. сум била 35+0,како може утре да влагам во 9ти?! Може глупи ми се прашањата, ама стварно не знам што /како.
Мила незнам ни на првото ни на второво прашање да ти одговорам , само да те поздравам и да ти кажам да уживаш, како и да е сега веќе си во побезбедна зона....опуштисе малку се ќе биде во ред ..... мене сега ми прпа што сум 27ма недела а синоќа и денес имав менстроални болки ама фала му на Господ помина, се надевам дека ќе издржат бебиве... дека нема ептен да подранат
Најпаметно е сестра ти да си отиде на второ мислење уште одма. Да сум на нејзино место јас би отишла кај Димчев во Систина. Мене матичната ме исплаши на старт на бременост со друга изјава, различна од таа на сестра ти, за Димчев после на скрининг кога бев да ми каже дека таа појава била сосем нормална, џабе ме испаничила матичната. Сакам да кажам, матичниве се општи специјалисти, ако можам така да се изразам, и ми изгледа дека се' гледаат by the book. А секоја бременост е различна и не секоја различност е аномалија и под дифолт лоша работа.