Не се плаши, и мене така ми беше страв, ама после прочитав скоро сите се така, и веќе за второво си знаев што е и како е.
@kristii @Dikinzi не е дека немав болки. Тие 40мин. на бокс беа болни многу. Дури во еден момент снемав сила, се изгубив. Ама со оглед на тоа што слушам и читам греота е да се жалам. Барем временски заврши брзо. Јас сега па се секирам дека брисевите уште не сум ги направила. А @Dikinzi знам дека сум голем паничар, некои настани од претходно ме направија уште понервозна и исплашена. Ама ете си знаев дека до крај вака ќе биде. А околу мене сите ме тешат, со второто полесен бил пораѓајотпа да се молиме на Господ да е вистина Инаку, средувам деновиве, исперено и испеглано е се што купивме, торбицата моја спремна, депилирана. Е сега, не стасав да се фарбам и шишам, ама добра сум и вака
А зошто не можеш да земеш боледување од мат гинеколог? Те разбирам потполно, јас сум 23 недела, па тешко ми е да одам на работа, се тетеравам
Затоа што сум веќе 34+ и по правило 45 дена пред термин треба да го отворам породилното. А јас за да искористам повеќе не го земав сега. Сакав прво боледување да земам, па зимски одмор и тогаш да отворам породилно.
Хахахахаха, шом си се средила на друго место косата е најмал проблем Верувам на твоите дома секако си им најубава, посебно на децата
Да прашам, пиете ли кафе? Не пиев досега, влегов во 6ти месец и реков да пробам и тоа од тие слабите 3 во 1, бебево збеснува во стомак. Жалче ми е да го малтретирам, изгледа од кафето е? А од друга страна не функционирам на работа како зомби сум
Добро утро, @Dikinzi мора средена да сум за пораѓај, да не се срамам таму @Scorpio87 јас пијам по едно турско кафе на ден. Мислам дека не е ништо страшно по едно кафе. Кога сме кај кафето, ајде повелете
Пијам,по едно обавезно,а за викенд кога шеткам може и второ да фатам. Ништо не му е на бебе,200мг кофеин се дозволени дневно,2-3 кафиња се тоа зависно од количина и јачина. Јас вчера со ручекот јадев туршија,и со тоа ја збеснав Викаат со женско се јадело благо,јас кисело и солено се утепав јадејќи,ептен ми е слатко
И јас кисело и солено се утепав јадејќи. Маслинки, кисели краставички, цвекло од тегла, карфиол... Не можам да се изнајадам Благо ич, ама ич немам желба. И со првото исто јадев само солено. Индивидуално е ваљда, јас и општо не сум по благото За кафето, пијам по две на ден, едно сабајле, едно попладне. Без кафе не можам да функционирам
И јас немав желба за благо првите две тромесечија, ама со третово пак ми се отвори дизната. Се трудам да бидам умерена и изгледа успевам, бидејќи 2 месеци стојам на иста тежина или горе - доле едно кило. Во врска со кафе, никогаш не сум била некој опасен кафе-пијач, и мислам дека затоа што скроз го исфрлив од систем во правата бременост, нон-стоп патев од низок притисок. Не дека кафето беше причината за притисокот, ама сигурна сум дека подобро ќе го регулирав ако пиев кафе. Затоа сега си пијам кога ми се пие.
Знам дека има посебна група, да не ме карате, ама некако нема одзив на таа. Сакам да направам еден скрининг и на приватно. Кој доктор би ми го препорачале? За во Скопје прашувам, не е битно која болница
Пијам по едно кафе на ден од сабајле ,ако може да се рече едно Во мал шол по пола само пијам, доста ми е иако го полнам цел, знам некогаш и две кафиња, ништо не е штетно, а посебно не тоа дека го замараш. Него тоа му е работа, да прета